Море се сеќавам во војска што мака видов. Ми падна пломбата и чаре во војничка амбуланта. Си отидов таму, ме седна на тоа забарскиот стол и почна да си работи забарката( да забарка беше во амбулантата во кругот на касарната и тоа јака). Арно ама дали и се лизна тоа бушилицата или појма немам што, ми го фати живецот на живо. Прво ме здоболи онака машки и после ми се приспа. Од кога се повратив во живите ми чукна една инекција за умртвување на местото за да можи барем да го доврши тоа што го почна. Не бре брате, си го осеќав срцето во забот кај што ми чука. Виде невиде едвај некако ми стави лек за умртвување на живецот, ми даде една рака аналгини да ги пијам на два сати по едно и да се јавам по седум дена да го извади живецот, барем тоа што остана од него. Кога си бегав до павиљонот мислам дека бев предозиран, си ги осеќав чекорите во забот. Одвај некако се довлечкав до павиљонот, залегнав со назнака не вознемирувај оти ке наебиш( џомба бев тогаш) , заспав некако и толку. Другиот ден веќе се беше готово. Морам да речам храбро издржав, таква болка ни на душманот да не му посакаш. Се осеќав како партизаните кога бугариштата им вадеја нокти и заби на живо за да признаат. Болело бе пичку матер.