Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
А сеа што ке се запишуваме прва година на Факултет, кога треба да се пријавиме за дом?
 
Има некој да ми ги прати потребните документи што треба да се носат?
 
Има некој да ми ги прати потребните документи што треба да се носат?
1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за редовност во текот на студиите;
4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;
5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
6. Заверен образец “УППИ”;
7. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кои ќе потврдат дека се примени на факултет);
8. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
9. Документ за кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби, со кој ќе докажат писмено нивниот статус;
10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
11. Изјава за согласност за дополнителен избор на студентски дом (доколку се пополни капацитетот во избраниот дом);
12. Изјава за идентичност на податоците;
13. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
14. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2015 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
15. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
- уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
- потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
 
дали јас како студент имам право на прием во студентски дом како студенти деца на невработени родители доколку моите родители НЕ СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ како невработени лица ?
кој знае нека ми одговори на ова бидејќи овие од министерството никако неможам да ги добијам на телефон...
 
Копилињава пак страната ја буткаат, да не може човек документите да си ги провери. Арно што сте ги paste-ирале овде. Браво. (y)
 
дали јас како студент имам право на прием во студентски дом како студенти деца на невработени родители доколку моите родители НЕ СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ како невработени лица ?
кој знае нека ми одговори на ова бидејќи овие од министерството никако неможам да ги добијам на телефон...
Имаш право, само шо мислам дека ќе ти го бараат тој документ дека мора да се во биро за вработување пријавени дека им престанал работниот однос. Иако тие посекако ќе ги видат приходите и врз основа на нив ќе ти дадат поени.
 
Каков е тој Заверен образец “УППИ” што треба да се однесе ? каде можам да го најдам
 
Каков е тој Заверен образец “УППИ” што треба да се однесе ? каде можам да го најдам
Во документите што ги имаше прикачено на страната на Мон. Се заверува на студентски.
 
ај некој шо е попупатен за 10та точка од потребниве документи која гласи:

10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

Треба за секој член посебно во фамилијата ваква изјава или само една т.е на кандидатот?
 
Само една.
 
Не пишува дека треба извор и државјанство.. Сигурно ли не треба ? Немој кога ќе отидам таму да бараат па ...
Исто дали треба потврда за брат/сестра дека е редовен ученик?
 
Последно уредено од модератор:
Не пишува дека треба извор и државјанство.. Сигурно ли не треба ? Немој кога ќе отидам таму да бараат па ...
Исто дали треба потврда за брат/сестра дека е редовен ученик?

Не треба извод и државјанство,самите ќе си обезбедат

Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2015 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom