Максимална брзина со која сте возеле моторно возило?

Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Да. Уште ако убациш од 6 у 3-та, држ се добро.
добро не така,туку да намалуваш постепено од 6та,5та,4та,да стигнеш на некој 150-160,па тогаш кочница..наводно он кога возел 200,стиснал малце кочница и му се излизгала малку задницата..
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.551
Поени од реакции
66.159
добро не така,туку да намалуваш постепено од 6та,5та,4та,да стигнеш на некој 150-160,па тогаш кочница..наводно он кога возел 200,стиснал малце кочница и му се излизгала малку задницата..
На 200 малку не може да ти се излизга. Ако ти проклиза на 200, шансите ти се многу мали да останеш на пат.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
На 200 малку не може да ти се излизга. Ако ти проклиза на 200, шансите ти се многу мали да останеш на пат.
Значи,ако качам 200,намалувам со моторно до кај 160,па после стискам пополека на кочница ? :D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.551
Поени од реакции
66.159
Ако качиш 200, кочиш со кочница, со нежно притискање, да осетиш колку уствари ти кочи колата, не притискаш ко сивоња.
Има луѓе што практикуваат да кочат и со кочница, и со моторно кочење.

Само со моторно кочење никако не би ти препорачал да кочиш.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
47
На јутуб има се и сешто, моделите 280CDI немаат мотор со 177 коња
а моделите 270 со 177 коња максимално фабрички одат 230. То ти е максимална брзина постигната со фабрички тест шофер на патека за тест во идеални услови со идеално гориво на идеална температура. Појќе од тоа ни фабрички не можеа да одат. А ти ги заеба со 10 километри плус.
Додуша ти си пореално дете од други овде на форум кои и 50% побрзо возеа од фабрички максимуми. Е сега може и тебе моторо ти го гибаше вујкоти шо се разбира во тие работи и ти го појача или извај блокади па си соборил фабричкиот рекорд.
Се гледа само експерти тука.... еве ти линк со сите спецификации на моторот.
http://www.cars-data.com/en/mercedes-e-280-cdi-elegance-specs/24094
Овој мотор е 3.2 Л и се произведуваше само 2 години 2004 - 2005. Обновениот е280 CDI е 3.0 Л и има 190 КС. Твојот E270 CDI e 2.7 Л.
И не знам што е чудно да оди колата 240 km/h со 3.2 Л мотор??? Колата секогаш оди повеќе од фабрички декларираната. БДВ, имам Тојота Корола и фабрички е декларирана на MAX 180 km/h, а имам возено 190 и кусур... Шевролет Круз 2.0 со декларирана MAX 195 km/h, го имам возено 210 km/h.
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
добро не така,туку да намалуваш постепено од 6та,5та,4та,да стигнеш на некој 150-160,па тогаш кочница..наводно он кога возел 200,стиснал малце кочница и му се излизгала малку задницата..


Ако треба да кочиш итно со што ке кочиш ??? Колку време ке кочиш ти така со завраќање на брзини, знаеш ??? А на твојот другар најверојатно ( под услов навистина да се случило тоа ) не му кочат рамномерно сите тркала или гумите му се за никаде... Коливе денеска не за џабе имаат ABS, ESP и слични системи, така да ако кочат сите тркала рамномерно и како што треба и имаш исправен ABS нема да ти пролизга, под услов да имаш добри гуми... Со моторно се кочи на лизгав пат или на долги надолнини за да не ги замориш кочниците, ама пак тогаш не се ни вози 200... Отвори на јутјуб и погледни тестови на кочници на коли, имаш резултати од 100-0, 200-0 и тн, исто како што имаш за забрзување 0-100, 0-200 км/ч и тн и погледни како кочат они со кочници и колку време и растојание треба за застанување од 200 до 0 км/ч... Ако не сте доволно искусни не си играјте, 200км/ч е сериозна брзина иако кај поновиве коли не изгледа така...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
ај едно лаичко прашање...другарче ми кажува дека наводно,ако качиш 200+,треба да кочиш со моторно,без кочница,затоа што ако си стиснел ќе ти се извртела цела кола :sick: не сум возел на таа брзина,максимум ми е 150-160,ради тоа прашувам.
Повеќето автомобили од 2004 година па нагоре кои имаат посилни мотори имаат и вградено ESP, другарчето твое ти давало совет за некоја кола која имала голема кубикажа од претходниот век.

Тоа ти е коа се јас да ти кажам дека треба да креваш саух на колата за да можеш да ја запалиш.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Повеќето автомобили од 2004 година па нагоре кои имаат посилни мотори имаат и вградено ESP, другарчето твое ти давало совет за некоја кола која имала голема кубикажа од претходниот век.

Тоа ти е коа се јас да ти кажам дека треба да креваш саух на колата за да можеш да ја запалиш.
он има опел астра фул опрема 2008-2009 година...јас имам голф 2011 1.4 120 коња,ама имаат и двете коли ЕСП,сигурно..
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
он има опел астра фул опрема 2008-2009 година...јас имам голф 2011 1.4 120 коња,ама имаат и двете коли ЕСП,сигурно..
Не си го возел голфот 200 км? Зашто вакви размислувања? :cautious:
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
На јутуб има се и сешто, моделите 280CDI немаат мотор со 177 коња
а моделите 270 со 177 коња максимално фабрички одат 230. То ти е максимална брзина постигната со фабрички тест шофер на патека за тест во идеални услови со идеално гориво на идеална температура. Појќе од тоа ни фабрички не можеа да одат. А ти ги заеба со 10 километри плус.
Додуша ти си пореално дете од други овде на форум кои и 50% побрзо возеа од фабрички максимуми. Е сега може и тебе моторо ти го гибаше вујкоти шо се разбира во тие работи и ти го појача или извај блокади па си соборил фабричкиот рекорд.
Максималната брзина е ограничена од компјутерот на самото возило. Верувај дека Е класа шасија со турбаш со максимални над 170 коњи може да развие повеќе од 230km/h на рамно, а и да неможе на рамно тогаш може на удолница.

Патем, килметражите секогаш лажат, т.е. покажуваат повеќе од што реално се вози. На брзина од 200km/h, речиси секое возило краде по 10km/h.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Патем, килметражите секогаш лажат, т.е. покажуваат повеќе од што реално се вози. На брзина од 200km/h, речиси секое возило краде по 10km/h.
Збораме за мерцедес не за југо
Према законите и стандардите на ЕУ (а мерцедес е ЕУ компанија) брзинометрите НЕ смеат да покажат брзина помала од она со која се движи возилото но можат да покажат +10% од бзината со која се движи возилото.
Во пракса тоа значи дека ако возиш со 100 на сат по закон не смее брзинометарот да покаже помалце (пример 90) но смее да покаже 110. Пошто брзинометрите не се совршени, а де не се прекрши правилото и законот , обично се калибрираат на помала брзина од она која се движиш, така да ако брзинометарот покажува 230 најверојатно е дека оди 210 а и помалце од тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom