Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Мех, не е за посерување работата, засега, јас сум пријатно изненаден од тоа како се носи со мнооогу повисоки играчи од него, но тука и Смолинг помага, зашто го исчисти сите топки што ги спуштија со глава напаѓачите.
Повеќе ми е страв од Блинд од позиционо играње, зашто лани му утрчуваа зад грб а ла Евра од последна сезона.
Сега тоа го нема, па мора за нешто да се "сере" :kuracc:

Тотенхем воопшто не игра со високи топки, така да, допрва му претстои вистински тест.
 
Почнаа дебатите кај енглезиве на тема кој е поталентиран од Мемфис и Јанузај. :ROFLMAO:
Уште да ги распламни да изградат меѓусебна компетитивност има фешти да биде со нив за некоја година.
 
Смолинг заслужено е трет капитен. И физички е ојачан а брзината си ја има сочувано. Да се надеваме дека телето Џонс ќе го следи примерот.

како Немањичи што рече Мата дека со акал игра и затоа успева во ПЛ, исто е и со Блинд кога игра бек/штопер. Фудбалски е интелигентен и си ги крие слабостите.
 
Последно уредено:
Morgan%2BSchneiderlin%2Bshowing%2Bwhy%2Bhe%2Bis%2BManchester%2BUnited%2527s%2Bmost%2Bimportant%2Bsigning%2B-%2BTelegraph%2B-%2BGoogle%2BChrome%2B2015-08-15%2B14.38.20.png
 
Од цела под-просечност во овие први две кола, најмногу глода во очи ставот на Руни. Не знам за шо да се фатам, дали месечната милионска плата, или тоа е што ја носи капитенската лента. Па мајка му стара, 30 години начука, се' до крај му угодија, после Гигси и Сколс тој е следен и единствен (за сега) од играчите во ростерот кој ќе влезе во All Time Club Legends. Па земи среди ја таа психа и зацементирај ја на високо ниво еднаш засекогаш како шо личи и биди еден од трите столба (Керик + Швајни) од кои се очекува да го предводат тимот сезонава. Порано барем откако ќе изгубеше топка, ги клоцаше одма и жолт добиваше. Сега ни тоа го нема ..

Друго одбраната, во кратки црти. Од Смолинг најпријатно изненаден (гарант ЛВГ му има дадено голем кураж и пуш летово, давајќи му до знаење дека од него се очекува да биде еден од стандардните во штоп тандемот. Таква одлучност и дрскост во играта не се добива баш преку ноќ, на психолошка база е ова мислам многу повеќе, нацито влијаел дебело). Дармијан е очито погодок, само напред. Шо физички делува тродупло поспремен во однос на лани летото, плус и во одбрана си ја има вратено смиреноста од времето во Сотон. Уште асистенциите да почнат да врнат, биче топ. Блинд сега за сега од сенка врши добар дрти ворк позади. Но за во ЕПЛ не го гледам долгорочно таму.
Налета ли посаглам противник, може лесно да го кркнат. Да напоменам, играат со пур пена играч на штоп позиција (која му е далеку од идеална), кој е добар со топка, но инфериорен во воздух. Меч со две острици е тоа. Плус, се воигрува нов либеро играч одма пред нив, кој од тоа што го видов за сега, едвај е на 50% од тоа во Сотон. Зборувам за Морган, читам доста пофалби за него, но јас би ги земал со резерва. Сношти посебно имаше 3-4 ситуации во кои губеше топки на 40-50 метри од гол, плус во уште толку му ја одземаа топката на ивицата на фаул (кои за среќа Дин ги свиреше). А од него се очекува најголема сигурност штом прими топка. Знам дека е дојден во комплет нова средина, игра на најосетливата и најнеблагодарната позиција на теренот, комплет нов сет на играчи околу, постегнат е позиционо, со помалце слобода и се очекува терминаотор да биде од него. Притисокот е голем несомнено. Многу ми прави ќеЈф, да не ме сфати некој погрешно, но засега во овие воведни кола, делува во најмала рака (пре)импресионирано, шо би рекле дипломатите.

За другите ќе се скратам од коментари. На Депај му треба само прв гол/ асистенција/ изнуден пенал/ било што конкретно, и ќе пламне како троскот сред лето. Има фах во детето, дрско ми делува (шо е добро), стои ЛВГ позади него и би требало да успее.


ПС - Ако не се земе штопер, па после зафати кризен харакири дефанзивен период и ЛВГ излезе со (истата) изајава дека нема БАЛАНС во тимот, ќе трчам до Манчестер и ќе му ги набутам испотените и засмрдени чорапи во уста. :sakasuste:
 
Некој ја знае ли математиката дали и колку сме у минус од димарија?
 
Некој ја знае ли математиката дали и колку сме у минус од димарија?

Околу 16 милиони фунти сме у минус..
Леле Штрков со тоа процес е колку ми е смешен, пола зид на фб ми е со it's a process.. :pos:
Од сеа женско ко ќе ме праша до кај сме, што сме, ќе и речам it's a process.. :pos:
 
Последно уредено:
Напротив, во плус се со продажбата на ди марија. Не заборавајте продажба на дресови ;)
 
https://vine.co/v/epWYELMalHl

колку помисливме на почеток дека ја опали нанапред само за да истроши време? :D
 
Играта слаба, резултатот одличен. Се гледа дека треба време тимов да се уигра. Мислам дека со уште едно-две добри засилувања годинава, може да се атакува на титула.
 
Изумив вчера да ви пишам. Смолинг неверојатно многу ме потсетува на Фердинанд. И во конституција, стил на игра, водење на топка, позиционирање...во буквално се! Оваа сезона може да се наметне како еден од најдобрите стопери во лигата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom