Оваа Јелена Карлеуша не дека е лоша, има добри песни, но некако ми е премногу наперната. Јас сфаќам дека има 20 години кариера и многу пари, но поради тоа да плука по луѓето кој и како бил облечен, дали бил сељак или не, ми создава слика за неа дека е типична разлигавена сељанка.
Е сега што се однесува до нејзините настапи и концерти, дефинитивно она е единствена на Балканов што прави нешто такво. Дека има којзнае каков глас, нема, но парите вложени за настап/концерт дефинитивно и се исплатат. Концертот Viva La Diva ја издигна, баш концерт приближен на оние светскине.
За тоа што ја споредуваат со Ким Кардашјан, Бијонсе и незнам кој таму, смешки. Друго неможам да речам. Башка незнам колку пати ја имам приметено како изгледа, а пред тоа така изгледала Бијонсе или Ким. Така да многу ми е идиотски тоа со копирањето. А и жената си користи шанса да се пробие на странски пазар, но така лесно тоа не иде кај странците.
Инсомниа, Слатка мала и Крими рад и се Ок песни, а воедно и нејзини хитови. Не дека не е слушана, но и нема којзнае колку хитови.
Дара Бубамара е подобра
