Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека нема влијание државата туку тоа влијание е многу помалку него ли во државните јасли. Посебно ако си квалитет и му носиш профит на газдата тогаш сигурно нема да те избрка оти не си гласал или не си бил член на таа и таа партија...
тука си во право, ако си дефицитарен квалитетен кадар кој му носи убав профит на газдата, не треба да се секираш за својата судбина без разлика на која партија припаѓаш, но ако си обичен работник или вработен кој може да се замени, треба да пазиш и на партија и на гласање и на шо ќе кажеш на работно место.
 
Следен офтопик/политички пост ќе биде казнуван.
Сите сме (помалку или повеќе) зрели и возрасни, па да се придржуваме до правилата на форумот.
 
Следен офтопик/политички пост ќе биде казнуван.
Сите сме (помалку или повеќе) зрели и возрасни, па да се придржуваме до правилата на форумот.
Може да дадеш пример каде ќе бидеш онтопик а нема да ја нападнеш/одбраниш власта?
 
Затвори тема. Што имавме, кажавме. Макар и избришано.
 
Затвори тема. Што имавме, кажавме. Макар и избришано.

А зошто би се затварала темата? Зарем мислиш дека нема да има некој друг во иднина што ќе се пожали за ваков или сличен проблем?
 
А зошто би се затварала темата? Зарем мислиш дека нема да има некој друг во иднина што ќе се пожали за ваков или сличен проблем?
Пак ќе го свртат муабетот на политика и ќе бидат избришани 20-30 мислења.
 
Пак ќе го свртат муабетот на политика и ќе бидат избришани 20-30 мислења.

Битно ќе останат мислењата што не се сувопарна политика.
Еве најавија дека ќе има посебен подфорум за политика, таму ќе може да се олесни секој што има таква потреба, не мора по другите подфоруми да се расплинува и да ги затрупува со офтопици.
 
@Branchez самиот наслов почнува со ВМРО. Сакаш/не сакаш ќе се врти политика во муабетот.
 
Не треба насловот буквално да се сфаќа, на темава може да пише и некој што бил избркан од општина Центар, Струмица, Куманово, Чучер-Сандево заради немањето на соодветна книшка. Или можеби некој што бил избркан затоа што немал соодветна националност, како што се случува во Струга и Кичево моментално. Дај да се фокусираме на содржината наместо на формата.
 
Подобро да биде темава: Ме избркаа од работа, затоа што не бев/сум член на ххх политичка партија. Тој што има ваков проблем, да си каже што има без дискусија од типот: еј браво друже, мамичето нивно, ќе дојдеме и ние на власт, бла бла... Како тема за кажување на проблемот и толку. Има ли дискусија, ќе биде исто. Кога брутус и инглориоус не заебале муабет, па сега да седат на страна? И уште неколку други...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom