Рано е сеуште да се збори ама реално гледано Челзи има најдобра стартна 11ка од сите претенденти за титула под услов да се сите во форма како лани, мое мислење е дека ова нема да се деси ради причини што веќе ги набројав, а истово го потврдува фактов што Мурињо води квази војна со медицински тим и ги криви за лош резултат као демек му влегле на терен кога требало гол да даде. Нека не се губи малце, јасно ми е дека неуме да губи, ама Ева не му е крива за доцна почнати подготовки, очајно спремни играчи кондиционо коишто на терен изгледаат како аматерска екипа од Мургашки Рид и особено лоша одбрана која што игра како да се првпат сретнале на терен.
За главни конкуренти на Челзи за титула би ги ставил Јунајтед и Сити, и Арсенал ми се блиску по квалитет ама они ми се енигма секоја сезона, воопшто не се константни а утакмицава со Вест Хем уште повеќе наговестува дека пак исто ќе возат и сезонава, топло ладно. Дури отпосле е Ливерпул како underdogs со реално добар прв тим и клупа и играчи што ќе горат да се докажат, ќе бидат интересни да се следат. Ако Јунајтед и Сити имаат лоши сезони како ланска и играат топло ладно, мислам дека ќе ја одбраниме титулава лесно во спротивно би требало да биде тесна битка.
Не знам зошто, ама пример лани пред да почне сезоната бев уверен дека сме шампиони, а сега нешто ми вика обратно. За ЛШ воопшто не ни коментирам, далеку сме од Барселона, Реал и Баерн по квалитет и клупа, кој и да ни се падне од овие мислам ќе не истегарчи убаво како и секоја друга екипа од Англија.