Со тоа што споменуваш зголемен број туристи во проект Ск 2014, сугерираш дека странски туристи се желни, наместо автентичните стилови низ европските држави кои се изградени пред стотици години, кои укажуваат на реална историја, моќ на европските империи итн, сакаат да дојдат да видат некакви фалсификати на различни периоди од античката и европската историја, бронзени робокоп лавови, рингишпил...Кога те носи туристички водич низ тие градови, секако знаеш дека покрај секој споменик и објект ги наведува периодот, причините и покровителот за изградба на тој објект. Ме интересира што во суштина им објаснува водичот, историја, генеза, бекграунд? Да кажеме судот е изграден во тој и тој период од имераторот, царот, војсководецот, што и да е, ... Да не ги споменуваме останатите ситници како огромните разлики во чистотата помеѓу споменатите држави и Скопје па дури нека е и во центарот, за превозот кој е никаков во однос на потребите на туристите. Односно, подобро да е никаков затоа што на само 500м до 1 км од Воинот, ние немаме што да понудиме за туристите освен урбан хаос, ѓубре и полски клозети. Иако проектот се нарекува Скопје а не Центар 2014.Скопје го надмина Охрид според бројот на туристи. .
Друга работа е што ти броиш туристи, а не колкав промет/профит се остварува од туризмот како што тоа го прават другите европски земји.
Ако немаш настрана да понудиш туристички тури, придружни услуги итн, само од прошетка по плоштадот и ноќевање не знам за колкав профит збориме. Стратегијата најниска цена и субвенции не носи платежно моќни туристи ниту може да конкурира на туризмот на една Турција, Грција или Бугарија. Понатаму, сугерираш дека бројот е зголемен, но точно кога не наведуваш. Од 2006 наваму бр. странски туристи се зголемени за нешто повеќе од двојно со базен индекс 2006. Но најголемо зголемување има во 2011 за цели 25% верижен индекс (према 2010). А тогаш го немаше Скопје 2014. Го немаше ни во 80тите во СФРЈ, кога бројот на туристи беше 40-70% повисок од просекот од последните 3 години во РМ.
Трето што ме интересира, дали си сигурен дека ова што го прават сега е автентична македонска архитектура? Дали си ги видел сликите од Скопје и другите градови наназад 100-200-300 години, на пример кој период ќе го земеме за релевантен. Скопје главно се развивал изграден од левата страна на Вардар (а сега се фрлаат пари исклучиво за десната), а од десната се чувале живина, кози, коњи... Точно е дека Скопје била касаба. Живеев во Маџирмаало еден период (едно од ретките автентични маала). Таму имаш можност иако се помалку, да видиш какви биле "градбите" во Скопје. Кои пак не се репер за градбите во Македонија.
Последно уредено: