Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Не еНародниот театар, Офицерскиот дом, Народната банка, Црквите. Св. Константин и Елена, Католичката црква итн. не биле имагинарни, постоеле и биле урнати. Сега карактеристичен е стилот за нас или не?
Офицерскиот дом — објект во Скопје. Домот се наоѓал на десниот брег на Вардар, веднаш до Камениот мост. Архитект бил Вилијам Баумгартен, руски емигрант
Во време на барок, Македонија била под турско и орјентално влијание, се граделе такви објекти. Бароко помина и замина во историјата, негде каде градовите во основа се барокни, оправдано е да се продолжи до некаде во тој стил за да се сочува континуитет и целовитост на архитектонската целина, но скопје е модерен град речиси од корен изграден по земјотресот со решенија од 20 век не од 18. Ако тргнеме по таа логика сега после барок би требало да изградиме рококо па класицизам па модернизам. Јас не се сеќавам кој како и кога решил лајт мотив да биде барок. Врз кои истражувања, проценки и елаборати е заклучено дека скопје мора да личи на барокен град. Кои се барокните наследсва на Македонија, ај посочи ми во историјата (освен неколку згради кренати во кралевина југославија во 20 сети и 30 сети од страна на странски архитекти?
За туризам не можеш да зборуваш со инвестиција од 500 милиони евра во плоштад на главен град кој се обиколува за 2 сати. 500 милиони евра туризам се одморалишта хотели и плажи каде туристот ќе престојува 7 дена јаде пие плаќа лежалки купува сладоледи изнајмува сандолини....
И покрај 500 милиони евра вложени во скопје, најголем број македонци за празници и одмори одат грција, бугарија, црна гора, албанија. Секоја година веќе 2 децении наназат охрид прогласува најлоша сезона, лани имаа и вонредна седница на советот за спас на туристичкка сезона.