Денес, вторник 28. 07. 2015, со почеток во 18,30 часот, исклучените од Топлификација ќе го одржат својот трет вонреден протест. Третот вонреден протест ќе се одржи во Кисела вода, во паркот, карши бараките во кои е сместена Општинската управа.
Овој протест следи после двата претходно одржани протести во Ново Лисиче и Капиштец. Вакви вонредни протести, во текот на летото, ќе се одржуваат секој вторник, но на различни локации. Следниот ваков протест ќе се одржи во населбата Карпош III.
Ваквите вонредни протести, имат за цел да ја запознаат јавноста со вистинските причини за „ астрономските “ цени и масовното исклучување од парното. Затоа ќе бидат изнесени конкретни факти и докази за криминалот со парното. И на овој протест се очекува, по протестот, демонстрантите да ги повикаат сторителите на кривични дела да се предадат на органите за кривично гонење.
Ќе слушнете дека хохшатплерите од Топлификација примале, „ менаџерски плати “ од 340 илјади евра годишно
Замислете - примале 1000 евра дневно !