Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Збирот на два броја, еднаков е на збирот на нивните квадрати, еднаков е на збирот на нивните кубови. Кои се тие броеви?
( има три решенија )

x + y = x^2 + y^2 = x^3 + y^3
 
Затоа што јас направив некаква грешка и не го најдов решението (0,0)
А можно ли е да има и други решенија?
Хух, незнам, не ја решавав задачата туку само ги увидов можните одговори. Негативни вредности од старт отпаѓаат, така да мислам дека не би имало други решенија.
 
Eве нешто лесно - правоаголен триаголник и Питагорова теорема:

Во еден правоаголен триаголник, едната катета е 8 см., а висината кон хипотенузата е 4,8 см.
Колкава е другата катета?
 
Камион патува од градот А до градот б Б.
Кога вози по угорници, вози со 56 км/ч.
Кога вози по удолници, вози со 72 км/ч.
Кога вози на рамно, вози со 63 км/ч.
Ако му требаат 4 часа да патува од А до Б, и 5 часа да се врати, колкаво е растојанието меѓу двата града?

 
Su/56 + Sd/72 + Sn/63 = 5
Su/72 + Sd/56 + Sn/63 = 4 (ги одземаме за да елиминираме Sn километри возење по рамно)

-Su/72 - Sd/56 - Sn/63 + Su/56 + Sd/72 + Sn/63 = 1

-Su/72 - Sd/56 + Su/56 + Sd/72 = 1 /*8

Su (1/7 - 1/9) - Sd (1/9 - 1/7) = 8

Su + Sd = 252 км
 
Молив, гума за бришење и тетратка заедно чинат 100 денари.
Тетратката е поскапа од два молива.
Три моливи се поскапи од четири гуми за бришење.
Три гуми за бришење се поскапи од една тетратка.

Колку чини една тетратка, еден молив, и една гума за бришење?
 
молив гумички,точка А до точка Б,тоа е математика за деца.Погледнете ги овие двајца професори по математика како уште во 1960 го измислуваат првиот мини компјутер и се единствени по тоа што успеале да победат рулет во Лас Вегас(односно веројатноста ја доведиле до точност).Ете тоа се вистински математичари.Мини компјутер во 1960 како и точни пресметки кој број ќе падне на рулет.Нивниот изум или мини компјутер е во музеј и е видлив за секој посетител,Edward Thorp и Claude Shannon.Е такво нешто ни треба а затоа што мене ми оди тешко математиката има ли овде математичари кои ќе ги израчуна следните лото бројки.Еве предизвик за сите математичари.
http://www.engadget.com/2013/09/18/edward-thorp-father-of-wearable-computing/
 
Како што гледам и Македонски не ти оди многу многу. :(:(
 
после второто утринско кафе ми се вклучува процесорот:) па затоа може и македонскиот потфрла..
 
Su/56 + Sd/72 + Sn/63 = 5
Su/72 + Sd/56 + Sn/63 = 4 (ги одземаме за да елиминираме Sn километри возење по рамно)

-Su/72 - Sd/56 - Sn/63 + Su/56 + Sd/72 + Sn/63 = 1

-Su/72 - Sd/56 + Su/56 + Sd/72 = 1 /*8

Su (1/7 - 1/9) - Sd (1/9 - 1/7) = 8

Su + Sd = 252 км
растојанието меѓу двата града не е Su+Sd+Sn ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom