Швин имаат поширок обсег на производство, и да, главна мета му се Wallmart купувачи каде им нудат стандардни алуминиумски модели.
Швин Меса им е спортски модел, со хидроформирани цевки, одлични варови и електростатичка фарба. Таргетирале претпоставувам рекреативни возачи со моделот.
Па да, стана некаков стандард лок-аутот сега дури и за ефтини амортизери. Ако нема рибаунд - за мене тоа е ниска класа виљушка, локаутот не ја прави ништо подобра.
А со тактика “наоѓај само мани и не кажувај што чини“ и до 120е ќе оди цената(ако е мана тоа што марката поизведува и ефтини точаци во исто време - по амерички стандард, не бугарски). Па нови Формула главини има точаков, Бонтраџер тркала и гуми, окталинк пренос, висока класа менувачи и сега од продавница нови метални педали колче и седло а рамката нема никаква мана.
Не те разубедувам во ништо, интересно ми е како од две различни страни поинаку гледаме една иста работа.
Другар јас не купувам па да ти спуштам или дигам цена.Ти си тој што побара совет за цена и ние ти дадовме
Швин е подобар од типот на макс,собим и др велосипеди од овој тип,но исто така е и далеку од брендовите како Скот,Рам,Специализед и др.
Затоа и го нареков пониска класа.Едноставно Швин иако со голема традиција заостана со врвната технологија и е далеку веќе зад фирмите погоре.Крос и Рам кои се бугарски се спејсшатл за било кој Швин.
Според некоја логика Ако за 250-270 евра на пазарот имам Скот за 250-270 евра кој е неспоредливо поквалитетен со рамка неспоредливо подобра од Швин,кој има дискови и вила со лоок аут зарем ќе се одречам од сите овие работи за 30 евра?? :/
Тоа го вели пазарот и логиката.На крај не мора никого да слушаш овде.Пазарот т.е муштеријата е тој со кој треба да се договараш.
И второ најбитно поубав точак се купува само ако имаш плус пари на страна,па го продаваш стариот и купуваш друг подобар.
За Пеџа велоспринт ми спомна пријател дека му споменал дека ќе се сели надвор.Му рекол дека веќе имало друг да работи.Денес поминав да земам Ланец за комшијава со надеже дека некој го заменил Пеџа.и гледам пишува дека е на одмор до 20 август.
Зарем не е лошо кога веќе не е тука некој друг да го замени таму.Сега е сезоната.Тој дуќан и Пеџа го паметам уште од негово отварање и Пеџа навистина добро го разбработи.
Првата сезона му беше доста слаба бидејќи луѓе беа скептични,беше нов,а и местоположбата беше лоша.Јас барем не очекував дека баш така ќе го разработи.Но подоцна веројатно поради искрениот однос беше сигурно еден од најмногу посетените продавници особено за сервис.
Многумина продавници па дури и оние кои се увозници на велосипеди немаа ни блиску толку муштерии како него.
Па жално е навистина кога веќе отиде он,некој друг да не продолжи да го работи дуќанчето.Сепак верувам дека многу напор е вложено таму за да се направи она место што е денес и малку ми е шубе да биде затворено сега.
А ако не се отвори сега во ек на сезона на есен или зима ништо не се прави.
Така ете од луѓево што се жалат дека се без работа ете му можност да си го отвори дуќанот и да си работи и ако е поштен како Пеџа да си вади пристојна платичка.
СЕпак верувам дека и Пеџа би го сакал тоа нели!И него би му било криво кога дуќанот би бил затворен.[DOUBLEPOST=1438997954][/DOUBLEPOST]
Абе секој газда си го фали својот коњ, нормално е тоа.
Иначе факт е дека целиот тој бизнис со точациве е премногу елитистички поставен. За тие материјали и производни технологии - цените реално се пренадувани. Цените се пренадувани и од произведувачите на делови, и од „склапачите“ (брендовите како Џајант, Скот, Спешалајзд, итн), и на крај цените се пренадувани од дилерите/продавниците.
Неоправдано е прифатливо добар МТБ (или роуд, сеедно) точак да кошта од пар илјади евра па нагоре... кога за тие пари има на пример мотоцикли (нови).
Не споредувам баби и жаби, туку споредувам колку коштаат материјалите и технологијата за производство на точаци и мотори. Кај точаците очигледно маржата е многу поголема, ама тоа е пошто малку фирми се во бизнисот. Две поточно, се што вреди на пазарот е од Шимано или од Срам. Практично имаат моно(дуо)пол. Затоа цените се отидени упм нагоре.
Иначе кога би имало евтини, а квалитетни делови - зошто да не постојат фирми како Швин кои ќе пласираат производи преку супермакети, ама не само дно дна квалитет туку и задоволително добри точаци за нормални цени.
Безвезе ти е муабетов.Споредуваш баш баби и жаби.
Ако е така како што велиш има мотори по десетици илјади евра.За тие пари има супер БМВ.Зашто да возам мотор кавасаки составен од толку мала работа на две тркала кога имам цела кола и плус 2 тркала во однос на моторот.Зашто да возам каваски нинџа со 2 тркала за 10000 евра кога имам југо со 4 тркала за 300 евра,Ете ти ги тие баби и жаби што велиш дека не ги споредуваш
Не е дуопол работата и не е.Има уште многу производители за кои не си се сетил или пак не ги знаеш.
Campagnolo што е?
Сум зборел и порано овде.Технологијата,трудот и знаењето се плаќа на запад.
Тие држави си вложуваат во образованието и им се исплати.Нема монтажи и трупови да завршуваат.Кај нас познавам двајца метлари кои основно редеа единици како тули и на крај се запишаа и завршија машински и електро факултет и стануваат инженери.
Затоа и не не бива.Кога може за нив Никола Тесла да биде теслар,што да се очекува од такви.Равенки
Тебе ако ти е исто макс и трек земи макс од супер маркет и цепај.И едното и другото иде.
Не им давај пари и големи маржи на фирмиве.