Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
тоа можа пошто не се украдени како 90% од точаците на спорти сејл ваљда .
Се дрнкав 4 месеци по половни точаци, така да не зборам од памет.
Остај ти досаднине фаци кои по 5 точаци дневно огласуваат на спорти сејл, зборам за луѓе кои ги возеле точаците со години или им стоеле у гаража со години.
 
Абе секој газда си го фали својот коњ, нормално е тоа.
Иначе факт е дека целиот тој бизнис со точациве е премногу елитистички поставен. За тие материјали и производни технологии - цените реално се пренадувани. Цените се пренадувани и од произведувачите на делови, и од „склапачите“ (брендовите како Џајант, Скот, Спешалајзд, итн), и на крај цените се пренадувани од дилерите/продавниците.
Неоправдано е прифатливо добар МТБ (или роуд, сеедно) точак да кошта од пар илјади евра па нагоре... кога за тие пари има на пример мотоцикли (нови).

Не споредувам баби и жаби, туку споредувам колку коштаат материјалите и технологијата за производство на точаци и мотори. Кај точаците очигледно маржата е многу поголема, ама тоа е пошто малку фирми се во бизнисот. Две поточно, се што вреди на пазарот е од Шимано или од Срам. Практично имаат моно(дуо)пол. Затоа цените се отидени упм нагоре.

Иначе кога би имало евтини, а квалитетни делови - зошто да не постојат фирми како Швин кои ќе пласираат производи преку супермакети, ама не само дно дна квалитет туку и задоволително добри точаци за нормални цени.
 
Со локаут или без, ако нема рибаунд - тоа е ниска класа виљушка. Тоа го кажав.

Рам не е супермаркет бренд, ама многу сум сугестивен и ич не сум личен. Ете, соодветна логика на твојата. :)
Ram е бугарски "локален" бренд и многу поквалитетен од Schwinn. Tука е правата логика. :)
А да, за амортизерите, џабе ти е и локаут и рибаунд ако амортизерот не е воздушен. И тој со рибаунд во комбинација со федер е средно/ниска класа. Ете сега знаеш.:)

Колку си личен и сугестивен, не ме интересира, има посебна тема на форумов за тоа. :D
 
Конект е локален бугарски бренд, супермаркетски. Рам не се сложвам дека се такви. А и цената е забележлива.

Да претпоставам, ти имаш/си имал Рам и импресиите се добри?

И фала за лекцијата на амортизери, незнам како возев досега Дарт Кец - кој неандерталец сум бил за ситни 500е...
 
Конект е локален бугарски бренд, супермаркетски. Рам не се сложвам дека се такви. А и цената е забележлива.

Да претпоставам, ти имаш/си имал Рам и импресиите се добри?
Не е супермаркетски, да, дека ти го спореди погоре. И не, не сум имал никогаш Ram велосипед, друг бренд возам.
 
Не е супермаркетски, да, дека ти го спореди погоре. И не, не сум имал никогаш Ram велосипед, друг бренд возам.
Јас не го донесов Рам во разговорот. Коментирав дека главно Швин прават супермаркетски велосипеди прифатливи на амерички пазар, каде е потежок пласманот од тој шо го имаат регионалните супермаркетски производители кај нас, и се бара подобар квалитет за долар.
Тоа што швин произведуваат супермаркетски велосипеди го коментираја како маана на велосипедот шо не е од таа класа воопшто.
 
Јас не го донесов Рам во разговорот. Коментирав дека главно Швин прават супермаркетски велосипеди прифатливи на амерички пазар, каде е потежок пласманот од тој шо го имаат регионалните супермаркетски производители кај нас, и се бара подобар квалитет за долар. Тоа го коментираја како маана на велосипедот шо не е од таа класа воопшто.
Ок, јас го спомнав, како бугарски бренд.
 
Дечки ај препорачајте добро комбо предно задно светло за велосипед до кај 1500-2000 ден. .Поздрав

Никој незнае ? И мене ми треба исто добро (јако) предно и задно светло (трепкач), имам слушнато дека на Бит пазар имало некоја продавница со добра опрема ама не знам ни име ни локација.
 
Никој незнае ? И мене ми треба исто добро (јако) предно и задно светло (трепкач), имам слушнато дека на Бит пазар имало некоја продавница со добра опрема ама не знам ни име ни локација.
земи си буџет по можност гледај да начекаш некое кое се полни преку usb. ја начекав во модус бајк kryptonx :
326980_R_Z001

не е рефлектор но не е ни слабо, има 3 вартијанти ( кратки долги и трепкач ) а задното
d136510ef9ce.jpg

ги има по пазариве мало е лесно монтажно, јако светло а се уклучува со притискање на платиката напред.
 
@Ryan Giggs ќе поминам да видам што имаат, мада оваа на сликава не ми се свиѓа ич гломазно ептен ќе ми го грди точакот :D инаку ми треба некое стварно јако (цената не е проблем само да е добро) оти поголемиот дел од времето возам по темници и надвор од градски средини.
 
Никој незнае ? И мене ми треба исто добро (јако) предно и задно светло (трепкач), имам слушнато дека на Бит пазар имало некоја продавница со добра опрема ама не знам ни име ни локација.
Скапички се ама добро осветлуваат, двете и предното и задното се со два режими на работа (трепкач и константно осветлување).
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=8a853bc0-0909-42d9-9bca-aed0b0414f7d
 
Никој незнае ? И мене ми треба исто добро (јако) предно и задно светло (трепкач), имам слушнато дека на Бит пазар имало некоја продавница со добра опрема ама не знам ни име ни локација.
И овие се добри, од Sigma.
 
Дечки ај препорачајте добро комбо предно задно светло за велосипед до кај 1500-2000 ден. .Поздрав
Другар имат вакво, кинеско, али опако срање е жими се:D. Не кизнајт колку големо, али светит санкир рефлектор. До толку е јако шо ако го пуштиш на максимум колине од спротивен правец ти блиндирет.
 
Другар имат вакво, кинеско, али опако срање е жими се:D. Не кизнајт колку големо, али светит санкир рефлектор. До толку е јако шо ако го пуштиш на максимум колине од спротивен правец ти блиндирет.
Добитна комбинација. 3x L2 лед диоди и колите од спротива се тргаат на страна.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom