Абе секој газда си го фали својот коњ, нормално е тоа.
Иначе факт е дека целиот тој бизнис со точациве е премногу елитистички поставен. За тие материјали и производни технологии - цените реално се пренадувани. Цените се пренадувани и од произведувачите на делови, и од „склапачите“ (брендовите како Џајант, Скот, Спешалајзд, итн), и на крај цените се пренадувани од дилерите/продавниците.
Неоправдано е прифатливо добар МТБ (или роуд, сеедно) точак да кошта од пар илјади евра па нагоре... кога за тие пари има на пример мотоцикли (нови).
Не споредувам баби и жаби, туку споредувам колку коштаат материјалите и технологијата за производство на точаци и мотори. Кај точаците очигледно маржата е многу поголема, ама тоа е пошто малку фирми се во бизнисот. Две поточно, се што вреди на пазарот е од Шимано или од Срам. Практично имаат моно(дуо)пол. Затоа цените се отидени упм нагоре.
Иначе кога би имало евтини, а квалитетни делови - зошто да не постојат фирми како Швин кои ќе пласираат производи преку супермакети, ама не само дно дна квалитет туку и задоволително добри точаци за нормални цени.