leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пред речиси 7 години се иселив во Норвешка. Беше многу тешко, но со повеќе труд се успева. Најтешко ми беше да најдам работа. Од сите скандинавски земји најтешко е да се успее во Норвешка, затоа што луѓето таму не сакаат странци, имаат и некаков страв од тоа воопшто да проговорат со странец. Прво нешто што требаше да направам е да земам дозвола за престој. Но тоа е многу комплицирано и тешко. Првата дозвола за престој трае 6 месеци и е наменета само за барање работа (не смее да се работи во тие 6 месеци). За да се добие оваа дозвола исто така треба извештај од банка дека на сметката имате 13.000 евра. Тие пари не ги давате, туку се замо за вас како доказ дека ќе има од што да живеете во текот на тие 6 месеца. А со толку пари за 6 месеца во Норвешка едвај крај со крај се сврзува. Исто така треба документ за тоа каде ќе престојувате (јас најдов стан под кирија онлајн и ми ги пратија документите за киријата). Овие документи се носат во Норвешка амбасада, Македонија имаше Норвешка амбасада пред 7 години но сега нема, значи документите треба да ги испратите во Норвешката амбасада во Приштина или Белград. Се чека неколку месеца и ви ја даваат дозволата за престој од 6 месеца.
Тешкиот дел почнува откако ќе стигнете. Јас имав квалиикации за медицински техничар, но за во здравствениот сектор треба да имате норвешка авторизација, за која ги испратив сите документи од средно и сите информации за средното една година пред да ги испратам документите за иселување во Норвешка. Бидејќи Македонија не е во ЕУ, македонците треба да чекаат и до 9 месеци за да им ги разгледаат документите и да добијат авторизација. Јас имав авторизација и го познавав одлично Норвешкиот јазик (предуслов за наоѓање на работа во Норвешка е познавање на Норвешки јазик, ако не го знаете не очекувајте дека ќе најдете работа). Кога почнав да барам работа, иако имав долго работно искуство и соодветни квалификации, работодавачите често вработуваа некој Норвежанец само за да не вработат човек од друга земја. 5 месеца ми требаа да најдам работа според струката, и за тие 5 месеца ја плаќав киријата со тие 13.000 евра. Ќиријата во Осло е од 500 евра нагоре. Конечно најдов работа и тоа не во Осло туку во Тромсе, (град кој е екстремно студен и се наоѓа над арктичкиот круг, во зима е нонстоп ноќ а во лето не се стемнува, не бев навикнат на тоа, зимите беа депресивни а во лето не се заспива лесно). Понудата за работа ја однесов во центарот за странски работници, за 10 дена ја разгледаа мојата понуда и конечно, конечно ми дадоа дозвола за престој која трае 3 години. Најдов стан под кирија во тој град и ми беше супер. Платата нормално е 4000 евра, но јас работев прекувремено и ноќни смени па успевав да земам и 4500 пред данок, а данокот е огромен затоа по данок ми остануваа 3500 евра. Цела плата се зема само во Јули и Декември (во овие месеци градовите се празни, сите се на одмор). Во Норвешка здравството е бесплатно што е многу добро. Откако поминаа овие 3 години, обично луѓето земаат дозвола за постојан престој, но јас одлучив да студирам на факултет. Имав собрано многу пари, а и факултетите се бесплатни, се плаќа само интернатот, околу 200 евра месечно. Се запишав на медицински факултет и еве сега ќе бидам 5 година.
Значи иселувањето во Норвешка е многу тешко но со многу труд, познавање на норвешкиот јазик и многу пари секако, има некоја мала шанса за успех.
Се надевам дека ова ќе ви помогне.
Токму така,и не само за Норвешка ами за цела ЕУ важи ова,во државата во која сакаш да работиш или ќе најдеш вработување(без разлика дали лично си бил на интервју или преку нет) мора да го знаеш матичниот јазик во таа држава или оној кој е официјален! Еве на пр.одиш во Норвешка и си квалификуван за работа,како ќе се разбереш со газдата,со мимики?!? Пола ден ќе ви помине додека се разберете што и како треба да одработиш! Затоа се вели дека познавање на странски јазик е богатство,е сега норвешкиот ни е далечен јазик и ретко кој во Македонија го знае или држи курсеви по норвешки,ама кој го знае вратите му се отворени за работа тамуНајди агенција што посредува работа или изгуглај на интернет. Работа во Норвешка има, само ти треба да знаеш јазик. Со БГ пасош лесно се наоѓа работа ако знаеш норвешки јазик.
Јас барав работа преку агенции од Норвешка. Страните им се 99% на норвешки, без опција за друг јазик.
Разгледај по интернет колкави се сметките за живот во норвешка, колкави се платите, што квалификации имаш и напрај си математика дали ке ти се исплати да живееш таму, бидејки е претерано скапо. Шише водка е 100 евра.
Си ја одбрал најубавата држава во светот. Со малку мака, се надевам ке стасаш таму.![]()
Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?Значи иселувањето во Норвешка е многу тешко но со многу труд, познавање на норвешкиот јазик и многу пари секако, има некоја мала шанса за успех.
Се надевам дека ова ќе ви помогне.
Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?
Де бе не е кинески. Ако знаеш англиски после е лесно за норвешкиот.Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?
Ако имаш можност од македонски е подобро.Сакам да го научам Норвешкиот јазик, па за неколку години да се преселам таму, да запишам факултет. Имам роднини таму, бев во април и ме фасцинираше и Осло како град и Норвешка како држава, кој бил знае. Прашањево е дали да учам Норвешки од Англиски или од Македонски? Благодарам.