Ај да пренесам и јас нашето искуство од греење со инвертер, веќе 4 години.. Сега копав по документите да го видам што модел е, климата е Тoshiba Suzumi Plus RAS-13SKV2-E, го земавме тогаш 58.000 ден. Живееме во стан од 60м2, нова градба со пвц прозори и 10цм стиропор изолација, на 1 кат. Со климата ја грееме дневната соба, во другите две соби имаме панелки. Инаку станот е ориентиран југо-запад и е многу топол, зимно време без греење ни е околу 20 степени, а во најладното кога беше по -15 ни пагаше до 18 степени.
До лани спалните соби ги користевме само за спиење па ретко ги пуштавме панелите зошто ни беше ок и без греење.. Пошто си водам табела со сите сметки како сме се вселиле во станов, највисоката сметка за струја ми била 3,400. Со тоа да напоменам дека немаше никој дома до 16,30, значи се грее после 16,30.. Минатата зима бев на породилно и бевме по цел ден дома со бебето, дневната се грееше од сабајле од 07 па до 24, и една од собите со панелка по потреба, во просек околу 8 саати во деноноќие, највисоката сметка за струја ми беше 5,850 ден. Значи ние сме многу задоволни од греењево со климава, фрливме малку повеќе пари на почеток, ама сметкиве за струја ми се многу ОК..
Е сега, темава ја зачитав зошто мајка ми реши да ја мења климата Самсунг која ја користи веќе 16 години, и сака да земе инвертер за околу 30.000 и читајќи ве тука ми го помативте умот
Незнам сега што да и одберам на женава, се мислам за оваа Gree, ама ми е страв да не ја зезнам.. Сакам за буџетов што го има да го одберам најдоброто, а за толку пари ми се чини дека оваа е најдобро решение..