Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
:(
А ти се свиѓа Торкемада, нели? Комплимент ти е тоа, о екстракту на чистата мегаломанија.
Ако земеш во предвид дека таквите како него успеале од држава која 7 века била калифат да направат бројот на муслимани до ден денес да биде статистичка грешка и да избришат трага од било каква муслиманска власт на полуостровот, не гледам зошто не би било комплимент.

За се што денес претставува Шпанија, заслужни се луѓето како него. И не знам зошто пробуваш со „ама тие биле wоши, убивале напредни научници“ терминологија. :( Се знаеме доволно добро.
 
Само ме интересира дали пиете ракиичка додека дебатирате на темава? :-D

Петок вечер е, ред е да се пивне некоја а плус и јубилејна 500-та страна е, треба да се одбележи.
 
Ај што се закопа се закопа, подобро не се бламирај повеќе.
Не ви иде нешто па сеа не се бламирај, не се ова, не се она. Факти сакам не бескорисни совети. Па да и онака задржете си ги за вас.
Сте се собрале како уличните џукели порано во Мал Ринг и само лаете. Ама куче што лае не каса нели? [emoji14]
 
E, вака треба. Ова треба да се експонира. Онаа ултимативно најбитна, уметничка интерпретација, независна од дневнополитичките бедни клевети за некакво перење пари на непотребни и шизофрени глупости. Ја одамна сум сакал да дадам некој ваков сличен опис за внатрешните пориви на авторите кои твореа во склоп на СК '14.

На пример:
Фонтаната во реката Вардар е авторска интерпретација за нашата преродба по 2006-та, како еден епилог на нашиот вечен стремеж кон височините, национални, економски и интегративни. Таа фонтана ја отсликува нашата одважност и смелост, пркоси пред скептиците и цинизмот на оние кои покажуваат со прст и велат "кој бе на овие гомна им дал држава" и силно удира печат на националниот воспев дека какви и да сме, заслужуваме да сме поблиску до сонцето и затоа секогаш ќе се стремиме кон височините.
Интересна интерпретација. :)

Ајде ако не те мрзи опиши го ова, се надевам дека ќе ја употребиш истата имагинација како и за предходниве споменици.
Spomenik_Zaev_1.jpg
 
Интересна интерпретација. :)

Ајде ако не те мрзи опиши го ова, се надевам дека ќе ја употребиш истата имагинација како и за предходниве споменици.
Spomenik_Zaev_1.jpg

Oва е уметничка комбинација, своевидна фузија на приказната за Икар, која треба да биде складна со прерано згаснатите животи на бранителите во една неумесна војна и изјавата на Гоки од Муртино, кога разочаран дека "нема услови за живОТ", во краен очај вели дека ако не "ни дадат да работеме", подобро би било "да литаме негде". Имаш инспирација од локален фолклор (и капацитет) умешно комбинирана со митот за Икар. Авторот сакал да ја долови гротеската на поствоена Македонија како една политичка и социо-економска руина и стремежот на една уништена генерација, да и во услови на...
Не бива. :/
@Toркемада, ај помогни малку. :(
@Torkemada
@Torquemada
Оти нејќе ова да тагне? :(
 
Владата краде, не историчарите, само тоа да го појаснам :) Како и во секоја друга област, ни во историјата не се консултираат со експерти, туку прават ко што ќе им текне.

Како може Владата да ја краде историјата на македонскиот народ? o_O
Зарем на форумов грчка пропаганда ќе шириш?
 
:facepalm:[DOUBLEPOST=1438632252][/DOUBLEPOST]
Како може Владата да ја краде историјата на македонскиот народ? o_O
Зарем на форумов грчка пропаганда ќе шириш?
Прво, основната точка од која тргам е дека власта нема право да ја „креира“ историјата на народот и да го користи тоа за свои политички цели. Историјата треба да се препушти на историчарите, исто како што биологијата треба да се препушти на биолозите, автомеханиката на автомеханичарите и атомската физика на атомските физичари. Работата на владата тука е да ја стимулира и поддржи работата на историчарите, не обратно. Во прашање е вистината, работата на историчарот е да ја открие и да ја прикаже вистината, а не да служи за нечии интереси. Но, ако ова ти прави да спиеш помирно, ќе ти кажам дека има многу работи кон кои работат историчарите, кои се вистинити, и доколку излезат на виделина би и помогнале на македонската јавност. Такашто секое мешање во работата на историчарите само ја укочува и ја комплицира оваа работа, работа која верувам дека ти е во интерес да се заврши побрзо.

Второ, не се секирај, не ширам грчка пропаганда. Верувај дека и јас се нервирам кога грците пробуваат да ни го оспорат тоа што го имаме, а навистина е наше. НО, тоа не значи дека све што бараме, го бараме со право. Постојат многу работи кои не може ни Грција да си ги препише на својата историја, но постојат многу работи кои ни ние не можеме да си ги препишеме. Во некои работи и двете страни се во право, во некои е едната, во некои е другата, а во некои ниедната, и последнава група всушност ги прави сите проблеми кои ги имаме со нив. Не, верувал или не, Македонија не е за све во право, мада верувам дека тешко ќе ти е да поверуваш во ова. Но, не е ни Грција за се во право, исто како што на нивните граѓани им е тешко да поверуваат.

Трето, не трчај ко прле пред магаре и не обвинувај и не клевети луѓе ако не им го знаеш мислењето.
 
Последно уредено:
Абе 5 минути да заврне дожд во земјава, се се поплавува... Минатата година имавме поплави во Источна Македонија, за Скопје сите знаеме дека канализациите се запушени и со години нечепнати, а еве сега во Тетово и Пења се излеа... имаат и човечки жртви, ама еј на кому му е гајле за тоа, важно летнаа над 500 милиони во барок објекти :toe:
 
Зошто треба да има панорамско тркало кога само 200 метри понатака го имаме Скопското кале од каде што има многу подобар поглед кон градот, исто така и Водно е тука.
Мене колку што ми фаќа мозокот панорамско тркало би требало да има во рамните градови.

Исто така сум видел панормаски тркала во развиени градови, Скопје сеуште нема ни трамвај, и некои делови немаат ни канализација и асвалт.

Рамни и богати градови

Сингапур
giant-ferris-wheel-singapore.jpg



Лас Вегас
1396353638012-roller-13.jpg


Лондон
panoramic-images-ferris-wheel-in-a-city-millennium-wheel-london-england.jpg



Мелбурн
plan-giantwheels-detailpage-700x300-55723863-7fcb-45b1-9605-eed5a4f1a134-0-700x300.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom