Фан клуб - РК Металург

Екипата на Металург по вчерашната прва прозивка во салата „Автокоманда“, денеска отпатува за Маврово каде ќе ја одработува првата фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона. Иако првиот впечаток е дека играчкиот ростер е многу послаб од оние во претходните сезони, сепак во таборот на Металург владее оптимизам дека се врти нова страница, по која во иднина ќе следат и нови значајни успеси на овој клуб.

Веќе најавивме дека нема да правиме тим што ќе чини многу пари. Го менуваме концептот, но желбата за успех останува. Слободно можам да кажам дека Металург создава тим што потоа ќе владее со години. Ние имаме доверба во овие млади играчи“ – изјави директорот Левче Китевски.

Иако беше најавувано „звучно голманско име“, таков трансфер не се реализираше во изминатиот период, ниту пак е приоритет на управата во деновите што следат.

Во моментов во клуб имаме тројца голмани, кои ќе бидат дел од тимот во овој подготвителен период. Засега не размислуваме на промени на оваа позиција, што не значи дека во иднина тоа не би можело да се смени. Ние веќе рековме дека планираме да ангажираме уште двајца ракометари со кои би составиле уште посилен тим пред следната сезона и настапите во ЛШ. Засега не би коментирал ништо повеќе“ – вели Китевски.
 
Левче,Левче,никогаш не е досадно во етерот со типови како него...Вечен оптимист...:vozbud:
 
Кога веќе нема амбиции некои екипата и поарно е да ги пуштат Маџовски и Палевски да покажат што можат. Мислам дека може солидни крила да се изделкаат од нив.

И некои од другите трансфери се тотално бескорисни кога веќе се нема некои особени амбиции. На пример тој левиот бек Матиќ, стварно не знам зошто е донесен покрај Талески, Нелоски а најверојатно и Кузмановски.

На голман ептен чкрипи екипата, ако не се погоди по некое чудо некој од од овие новите тешко на екипата и во домашното првенството а не пак во ЛШ.
Марко Матиќ најверојатно ќе биде користен во одбраната.. со Кукоски, а со оглед дека си замина Војводиќ.. тој може да помогне и на позиција среден бек.
Боки Маџовски игра добро во одбраната.. но во нападот детево е како мува без глава, МОРА на оваа позиција да се донесе некое по добро крило, ќе ископа стариот од балканските просторие некое детиште.. посакувам да е Ловро Михиќ од Загреб :D
 
Кога веќе нема амбиции некои екипата и поарно е да ги пуштат Маџовски и Палевски да покажат што можат. Мислам дека може солидни крила да се изделкаат од нив.

И некои од другите трансфери се тотално бескорисни кога веќе се нема некои особени амбиции. На пример тој левиот бек Матиќ, стварно не знам зошто е донесен покрај Талески, Нелоски а најверојатно и Кузмановски.

На голман ептен чкрипи екипата, ако не се погоди по некое чудо некој од од овие новите тешко на екипата и во домашното првенството а не пак во ЛШ.
Дупјачанец ако не е ни познато ни звучно име, е одличен голман, trust me :D.
 
Дупјачанец ако не е ни познато ни звучно име, е одличен голман, trust me :D.
видиќемо.[DOUBLEPOST=1438724943][/DOUBLEPOST]Сите се бањаа на море само Лино се шлупкаше у када. - На тешки маки е нашиов- ама не за клубот, туку како да се измк`не од плаќање данок. :pos::pos::pos: Е па, чика Лино - шта си посејао - то чеш и обрати. :sneaky:
http://sportmedia.mk/rakomet/domash...she-vo-more-a-jas-planirav-kako-da-go-opravam
 
Последно уредено:
Не е проблем да го плати данокот 27.000 евра.. човекот кога се распаѓаше клубот заработил 300.000 евра, Минчо им даде шут на играчите а довербата повторно ја посвети на Лино, така да чиката е полн како брод. :)
 
Свадба праеше Минчо,ќерка мажеше не играчка...:цицки:
Да се отрезни од трошокот од свдабата,таман за наредна сезона ќе ги извади крупните апоени...:pistoldz:
 
видиќемо.[DOUBLEPOST=1438724943][/DOUBLEPOST]Сите се бањаа на море само Лино се шлупкаше у када. - На тешки маки е нашиов- ама не за клубот, туку како да се измк`не од плаќање данок. :pos::pos::pos: Е па, чика Лино - шта си посејао - то чеш и обрати. :sneaky:
http://sportmedia.mk/rakomet/domash...she-vo-more-a-jas-planirav-kako-da-go-opravam
Значи поголем плачκо:place: од Лино нема
 
http://sportmedia.mk/rakomet/domash...kuzmanovski-vredi-kolku-markudov-madzhovski-i
Цело лето за таа трампа се тегнаат, ко Ибра и Суарез да ги договараат..:pos:
Најверојатно преговорите се одолговлекуваат заради управата на Пелистер кои сакаат да го земат и Давитковски, а овие нашиве па не се откажуваат од неговите услуги, иако и со овие тројцава Пелистер се екстра добитни од таа трампа.. :D
На нашиве не им е во план да се откажат од услугите на Кузмановски, дај боже конечно да биде реализиран овој трансфер.. би бил од помош детево додека да се врати Нелоски на левата бековска позиција.
И сеуште не сме поврзувани со никое лево крило..
 
Што изгуби Металург (првиот тим) со трансферов на Кузмановски?! Запнавте многу, како демек 3 за 1.
 
Металург изгуби 3 млади играчи,во кои вложил доста..младински репрезентативци,воопшто не ги искористи досега а ги пушта како трампа за уште помлад(недокажан) играч:D...
Без разлика дали се од прв тим или не,сепак беа потенцијали децата..
Друга работа е шо не им даваа шанса да се пробаат во прв тим..
Ај разбирам до лани шо не им даваа,покрај тие имиња во ростерот,ама кога веќе се кратеше буџетот требаше да ги имаат на лагер,барем на онај поширок список,посебно добри критики има за голманчето Давидовски,ќе видиме....
Но управата не сметаше на нив,и реално тешко дека ќе фатеа место во првиот тим,и во еден ваков Металург,но сепак кога веќе вложија толку време и труд во нив добро е шо барем ќе играат децата..
Од друга страна,Пелистер изгуби млад,недокажан играч,со само една цела сезона во прв тим(и неколку утакмици пред 2 сезони)...
Играч кој има предиспозиции да,но далеку е од некој екстра талент(како на времето Лазаров,Мојсо и компанија на негови години кога беа во клубот),пред се зошто ја нема нивната интелегенција,дисциплина,сепак сеуште е млад,можеби ќе се изделка...
Од целата оваа трампа најдобитни се играчите,ќе дојдат во клуб каде ќе играат редовно,каде ќе им се посвети максимално внимание,ќе работат со две легенди на Македонскиот ракомет,тренери докажани во работата со млади категории..
Без никакво претерување,во моментот Пелистер е клуб во кој секој млад играч би сакал да игра,ќе добијат шанса сите.дали ќе искористат ќе видиме...
Па на нив е да покажат дали имаат талент или се беше пренапумпано...
А како лузер во целата оваа трампа е Кузмановски,наместо да е еден од носителите на играта во Пелистер,да е платен солидно(за негова возраст),не само платен туку да добива минутажа и слобода во играта,такво нешто нема ни на сон да го има кај Лино,кај Лино две врзани грешки значат дремење на клупа до крај на меч...:icon_mrgr:
Плус фактот пред него ќе има дури 2,3 играчи кои се борат за место во тимот,нема никакви шанси за влез во први 16,и прашање е само на време кога ќе биде префрлен во Јуниор(кога ќе се врати Нелоски),,и тоа ова е најдобра варијанта за него,како тргнале Џуниорите кои ќе играат со кадети тешко дека и таму ќе го пуштат..
Изгледа ќе си дреми на клупа цела сезона и ќе собира топки...
 
Трампата е сигурно реализирана.. Кузмановски тренира со Металург на подготовките во Маврово.
image-7055f3dd5b2189896af18e5edeef8ae489ea8a4200ebb01240a25909a432f606-V_resize.jpg

Тој е на сликата помеѓу Талески и Пешевски.
На левата бековска позиција ги имаме најнадежните млади ракометари од Македонија, конкуренција им е и хрватот Матиќ кој може да игра и среден бек.
Тимот ќе биде комплетиран доколку се ангажира некое солидно лево крилo.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom