Кучиња (грижа, општи дискусии)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Јас имам слушнато дека од огрлица до огрлица имало многу голема разлика. Многу од огрлиците предизвикувале повраќање кај кучето.
I mnogu ampuli predizvikuvale alergii kaj kuchinjata. Ama moeto ni na ogrlicata ni na ampulata nemashe loshi rezultati, bash naprotiv.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Дечки ајде некој помагајте, имам куче миниче старо година и пол, ама после толку време сега почнува ат да го маваат некој точки па почна глупости да прави, тоа пластичното што ми е кај што му давам да јади го направи пепел, од внуками играчки што има најдено по двор исто и нив, ајде си реков му се игра (а не дека не е играно), сега друг проблем почна од по комшии влечки да ми носи дома и тоа не 1 влечка туку пар ги прави хахах (барем од моите од дома не ги носи по комшии), на синџир никогаш не го имам врзано, па пробав го врзав се мава од земи за да се отпушти па ми е страв да го остам врзано да не се задави, така да ве молам за помош ако имал некој вакво искуство бтв неколку пати го имам и истепано со влечките што ги носи, ама пак џабе...
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Поздрав до сите. Ме интересира дали во Македонија има одгледуначница на средни шнауцери и за колку би можеле да се најдат?
 
Член од
3 август 2015
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.958

brat spremno e za parenje
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Поздрав до сите. Ме интересира дали во Македонија има одгледуначница на средни шнауцери и за колку би можеле да се најдат?
Мислам не, најблиску Србија,имаат квалитет.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
SaltNPepa да не имаш информации колку би биле одприлика и да ми кажеш линкови од сајтови кај што продаваат мали кутриња во Србија. Фала ти однапред.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.451
Поени од реакции
6.139
Ако кучката има млеко немаш гајле, али ако видиш дека нема и дека малите ти квичкаат тогаш купи млеко за кутриња, има Ројал има и Брит и ќе прихрануваш според упатството. Јас немав цуцла, јас со шприц ги хранев, али прашај во пет шоп дали имаат. Доколку кучката се си прави да ги чисти да ги мести, твојата работа е само да пазиш да не нагазне некое, што пак зависи од неа, некои се повнимателни мајки,а некои не. Првите 2-3 недели не давај многу луѓе да одат и да ги галат едно кучката ја вознемируваат друго имунитет нула. За жешкото не се секирај,поарно да е жешко отколку ладно. Да не се изложени на директ на сонце, другото не е проблем. И честитам на приновата.
Vekje edna nedela kade sto se rodeni i edno od sedumte kutrinja e mnogu poslabo od drugite, skoro da ne se dvizit,kako da nemat nikakva snaga i orientacija...Pa nekolku dena mu davam i jas mleko preku spric no mi e strav da ne e nesto bolno i da gi zarazit ostanative pa dali da go izoliram od ostanative, nekoj lek da mu stavam vo mlekceto ili nesto drugo?
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Би сакал да споделам едно искуство со вас. Јас сум голем љубител на животни уште од малечок, сум го наследил генот од родителите. На почеток чувавме куче раса вучјак го носеше името Рекс. Го чувавме неколку години кога одеднаш баш за Нова година го снема и од тогаш не се врати. По неколку месеци едно кутре само дојде во мојот двор јас му дадов леб и вода и тоа си остана тука кај мене. За кратко време се окучи и на свет донесе 5 преслатки кутренца. Ги беше окучила под авто и кога тие попораснаа почнаа да излегуваат и да ја истражуваат околината. Но тоа на моите соседи им сметало, им ги носеле чевлите, им легале на скалите, тоа тие не можеле да го поднесат и решиле по целиот нивен двор да расфрлат отров. Сабајлето станувам сите кутриња беа тука си трчаа по нашиот двор, но попладнето слушнав многу силно квичење и жалење од страна на кученцата. Кога излегов, 3 веќе беа умрени, а останатите 2 се грчеа и исфрлаа пена на устата. За моја голема среќа, успеав на време со родителите да стигнеме до ветеринарната станица, и успеавме да ги спасиме кутрињата (со голема мака). Кога оздравеа, тие пак отишле во дворот на соседите, го изеле отровот и веќе им немаше спас. Соседите ја признаа кривицата дека тие ги отруле, со оправдување дека тие неможеле секој ден да купуваат нови чевли само за да ние си тераме ќефови со чување на кучињата. По некое време мајка ми пронашла напуштено 2 месечно кутре во близина на отпад и го донела кај нас. Тогаш соседите рекоа или го врзите за ланец или нема да го дочека утрото живо. Ние немавме друг избор и го врзавме за ланец но секој ден го шетав. Потоа случајно дојде уште едно кутре женско и за неколку месеци забремени и се окучи. Таа роди 6 но само 1 преживеа. Тоа кутре го подаривме на роднини. И сега пак дојде друго кутре, за кое соседите најдоа изговор дека им мешало по кантите и дека ја бутало кантата, тие неможеле да дежураат постојано кучето да не им ја бутне кантата, па затоа и него го отруле. Неможам да ви опишам колку гнев чувствувам спрема тие луѓе, колку омраза, колку одбивност. До толку да не се сака животно никаде не сум видел а изгледа нема ни да видам. А за мачињата имам друга приказна таа ќе ја раскажам во темата за нив.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
@SimsLover немате некоја ограда со комшиите? Ако не, зошто не си размислил да ставиш/направиш?

Ако излегува на улица, па влегува во нивен двор, кажи им да си ја чуваат вратата цело време затворена како не би влегувале кучињата и тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Вака, и нашиот и нивниот двор е неограден бидејќи се судиме за дворно место, тие преку пријатели во општина (со подмитување) зеле повеќе дворно место одколку што им законски припаѓало, и поради судењето и ние и тие неможеме да ставиме ограда затоа што уште не е поделено дворното место. На почетокот на јуни ние почнавме да ја надградуваме куќата, а вечерта тие почнаа да ги бутаат циглите и да им се закануваат на моите родители. Сепак незнам јас баш најубаво да ви објаснам многу е комплицирано но најважно е што немаме ограда на дворот.
 
А, зошто не ги приберете кутрињата внатре? Јас без да го надгледувам моето куче, надвор не го оставам. Имаме доста голем двор, кој го делиме со роднините и кога нема никој (сабајле и навечер) , ја пуштам да се истрча убаво. А инаку е куче од скоро 60 цм и 25 кг. Исто така, планираме и нејзините кутриња да ги израснеме во домашни услови (со заграден простор во домот, за да не бидат кутрињата изложени на ризик). Секогаш има решение.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин
Вака, и нашиот и нивниот двор е неограден бидејќи се судиме за дворно место, тие преку пријатели во општина (со подмитување) зеле повеќе дворно место одколку што им законски припаѓало, и поради судењето и ние и тие неможеме да ставиме ограда затоа што уште не е поделено дворното место. На почетокот на јуни ние почнавме да ја надградуваме куќата, а вечерта тие почнаа да ги бутаат циглите и да им се закануваат на моите родители. Сепак незнам јас баш најубаво да ви објаснам многу е комплицирано но најважно е што немаме ограда на дворот.
Епа штом немаш ограда, нема да чуваш куче ... просто и едноставно.
Или ќе чуваш куче, али само дома ќе си го чуваш - постојано внатре во куќата, и ќе го носиш секојдневно на прошетки.

Не го оправдувам потегот на комшиите што ги отруле кучињата, можеле да ве предупредат дека им сметаат кучињата, и вие да си ги тргнете од дворот.

Но исто така и ги разбирам потполно ... и јас не би сакала туѓо куче да ми се шета по мој двор (ОК е да се шета донекаде) ... али ни 5 секунди нема да трпам туѓо куче да ми ги гризе влечките, да ги расфрла низ дворот, и да ми буричка у кантата и да го расфрла ѓубрето.

Затоа и потполно ги разбирам комшиите, само што јас никад не би ги отрула кучињата, туку прво разумно би направила отворен разговор со комшиите.

Ако следува игнор од комшиите, и не си ги приберат кучињата, и си продолжат да шетаат и прават бељи у мој двор ... ондак ќе превземам други мерки и јас самата ќе си го решам проблемот ... али да ги отрујам нема шанси, зашто не се криви кучињата, туку луѓето.

ПС. ова беше само хипотетичка ситуација ... имам јас многу добра ограда :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom