Би сакал да споделам едно искуство со вас. Јас сум голем љубител на животни уште од малечок, сум го наследил генот од родителите. На почеток чувавме куче раса вучјак го носеше името Рекс. Го чувавме неколку години кога одеднаш баш за Нова година го снема и од тогаш не се врати. По неколку месеци едно кутре само дојде во мојот двор јас му дадов леб и вода и тоа си остана тука кај мене. За кратко време се окучи и на свет донесе 5 преслатки кутренца. Ги беше окучила под авто и кога тие попораснаа почнаа да излегуваат и да ја истражуваат околината. Но тоа на моите соседи им сметало, им ги носеле чевлите, им легале на скалите, тоа тие не можеле да го поднесат и решиле по целиот нивен двор да расфрлат отров. Сабајлето станувам сите кутриња беа тука си трчаа по нашиот двор, но попладнето слушнав многу силно квичење и жалење од страна на кученцата. Кога излегов, 3 веќе беа умрени, а останатите 2 се грчеа и исфрлаа пена на устата. За моја голема среќа, успеав на време со родителите да стигнеме до ветеринарната станица, и успеавме да ги спасиме кутрињата (со голема мака). Кога оздравеа, тие пак отишле во дворот на соседите, го изеле отровот и веќе им немаше спас. Соседите ја признаа кривицата дека тие ги отруле, со оправдување дека тие неможеле секој ден да купуваат нови чевли само за да ние си тераме ќефови со чување на кучињата. По некое време мајка ми пронашла напуштено 2 месечно кутре во близина на отпад и го донела кај нас. Тогаш соседите рекоа или го врзите за ланец или нема да го дочека утрото живо. Ние немавме друг избор и го врзавме за ланец но секој ден го шетав. Потоа случајно дојде уште едно кутре женско и за неколку месеци забремени и се окучи. Таа роди 6 но само 1 преживеа. Тоа кутре го подаривме на роднини. И сега пак дојде друго кутре, за кое соседите најдоа изговор дека им мешало по кантите и дека ја бутало кантата, тие неможеле да дежураат постојано кучето да не им ја бутне кантата, па затоа и него го отруле. Неможам да ви опишам колку гнев чувствувам спрема тие луѓе, колку омраза, колку одбивност. До толку да не се сака животно никаде не сум видел а изгледа нема ни да видам. А за мачињата имам друга приказна таа ќе ја раскажам во темата за нив.