Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Бог редовно се појавувал во Стариот Завет (забележано е така), зошто денес не се појавува и нема пророци? :D плис само христијани нека ми одговорат и тоа со образложение зошто!
 
се има појавено во вид на лик на кучешко крзно на трупец од дрво на тост.... а како крст се има јавувано на кокошкино јајце на грав компир...... мислам дека имаше и целер шо личеше на исус али не сум сигурен
 
Добро чоек фала ти за твоето мнение ама сакам од посветен христијанин да слушнам :D Иначе на форумов добро си се испраксирал на коментираш иронично :D Се надевам дека вака бистар си и во живо
 
попосветен христијанин од мене нема, се ова остало се еретици кои немаат појма за христијанството
 
Бог редовно се појавувал во Стариот Завет (забележано е така), зошто денес не се појавува и нема пророци? :D плис само христијани нека ми одговорат и тоа со образложение зошто!

Во Стариот Завет, Бог му се јавуваше на Израилот само преку пророците еврејски, а по исклучок, и во облик од Ангел(и).

Во Новиот Завет, односно во новозаветниве времиња, сам Бог се „симна„ од Небесата, ни се објави лично и персонално, така да потребата од „нови„ пророци е исклучена.

Денес, Бог се појавува, но како и во некои минати времиња, само на достојните, кои се се‘ помалку на број. Патем кажано, Бог ни се објавува на секоја литургија, преку Светата Тајна Причест.
 
попосветен христијанин од мене нема, се ова остало се еретици кои немаат појма за христијанството
Не, тоа се само трагачи по вечната надеж дека нивната „добрина“ ќе ги однесе во рајот. Тоа е врв на човечкото лицемерие, али то је то...
 
Во Стариот Завет, Бог му се јавуваше на Израилот само преку пророците еврејски, а по исклучок, и во облик од Ангел(и).
Mojcеј збораше со Бог лице в лице (тет а тет шо би рекле германците)
 
И Јаков Израилот ратуваше со Бога „тет-а-тет„, ама не Го виде (Бога).
И Авраам беше посетен од Бога “тет-а-тет„, ама и Аврааам не Го виде (Бога).
Слично и Каин...

Како тоВА ќе го објасниш?
 
не спомнав ни Аврамот, ни Јаков, ни Цане мечкарот
реков дека Мојсеј зборуваше со госпот лице в лице
 
И другите ликови кои ги наведов, беа пред Бога „лице во лице„ ама не Го видоа.

Еве го пак прашањето: како тоа ќе го објасниш? Ем се пред Бога, ем не Го гледаат!???...:confused:
 
Јас не ти наведов ликови кои НЕ го виделе госпот, јас ти наведов чоек кој го видел.
тие можи не биле концентрирани, можи мислеле на други работи, можи ги преокупирале мислите со други теми или се пулеле на страна ко биле со госпот.....
Мојсеј го видел и зборал со госпот лице в лице

11. И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се враќаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.

10. И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;
 
Јас не ти наведов ликови кои НЕ го виделе госпот, јас ти наведов чоек кој го видел.

А ја‘ ти наведов уште неколку ликови, кои Бога Го воделе на ист начин како и самиот Мојсеј.
Како ќе го објасниш тоа (не)гледање во лице?
 
не го виделе на ист начин
10. И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;
 
не го виделе на ист начин
10. И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;

Let3,

почни да си ги броиш грешките. Мене ме мрзиТ тоа да го чинам.
 
И сега шо му фали на ова:
11. И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се враќаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.
Кај е тука финтата со која ќе докажеш дека ете не било тоа лице во лице туку не го гледал. И дека човек со приател зборва без да го види. Ај дај уше една од твоите акробации со кои ќе ни покажеш дека у ствари то лице во лице не значи дека биле лице во лице туку лице во тил, напрај пак некоја црковна магија да претвориш збор ЦРНО во БЕЛО
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom