Дали е неопходна стандардна јазична форма за издавање книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата HammerOfThor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2015
Мислења
414
Поени од реакции
623
Возраст
36
Не ми е познато низ какви процедури поминуваат книгите пред да бидат издадени, па ме интересираше дали е дозволено објавување на книга напишана со користење на сленг, дијалектни зборови, речник кој не е во стандарна форма...?

Можеби прашањето е глупаво, но стварно не знам кои се процедурите за одобрување. Знам дека треба да биде проверена, но не знам кои услови треба да се исполнуваат.

Помош, ми требаат информации :)
 
Чим книга успеале да издадат Марла Џек и Дитас, немаш гајле. :)
 
Ако сам си плаќаш се си го карактеризираш делото како литературна творба тогаш нема што да некој лектор ти го изменува делото но гарантирано на старт треба да се пише зошто и како делото не е лекторирано. Ако со делото конкурираш не кој конкурс за субвенции при издавање тогаш биди спремен да платиш лектор кој е квалитетен. на ФБ има неколку групи кои се занимаваат со оваа проблематика пробај разбарај и ќе најдеш одговор од стручни лица верувам...
 
И онака е битно колку пари ќе дадеш, не е битно шо има у книгата.
 
Секако дека може да има сленгови. Некогаш сленгот е она што го опишува авторот. Како мислиш дека ги издавал книгите Буковски? :)
 
Секако дека може да има сленгови. Некогаш сленгот е она што го опишува авторот. Како мислиш дека ги издавал книгите Буковски? :)
Идејата ми беше, наместо што почесто да се користи шо, сеа наместо сега итн... Онака фрее стајл
 
Идејата ми беше, наместо што почесто да се користи шо, сеа наместо сега итн... Онака фрее стајл

Брат.... не може да бидеш и рапер и бог од Асгард, бирај едно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom