Тие луѓе имаат голема одговорност, за разлика од повеќето тука, само јадат гомна ова не чинело тоа не чинело а не сакаат да помогнат на луѓе, а не пак да земат во кола и да платат ветеринар за повредено куче.
Имаат голема одговорност ама не кон луѓе туку кон животните само. Кај се кога се во прашање луѓето? Никаде.
Која е логиката да помагаш на животни, а да мразиш, не само да не помагаш, да мразиш луѓе?
Кој во здрав памет ги става интересите на животните пред интересите на луѓето на планетава?
Тоа што мене не ми се допаѓа е самиот концепт на општествена заштита на животните.
Сериозно, ако некој може да даде аргумент баш би сакал да го слушнам, зошто воопшто има правна заштита на животните?
По мене, да се биде бездушен кон животните и да им се нанесува болка без потреба е неетично и треба да се третира така, но зошто е нелегално? Општеството нема бенефит од штитење на животните, а има трошок.
Очигледно се измешале приоритетите некаде по патот.
Зошто да им помагаме на животните во природата? Тие кучиња, мачки... тие домашни животни што ги јадеме... тие сите се дел од природата. Ако ние не јадевме крави и овци и не ги чувавме во трла, ќе ги јадеа волкот и мечката. Тоа е тоа - природниот закон. Тоа е нивното место во синџирот на исханата. Да кажеш дека е нехумано да јадеш месо е како да кажеш дека е нехумано да си дел од природата и дел од синџирот на исхраната. Си ја негираш сопствената природа.
Како и да е, нажалост, не можеме да се извадиме од синџирот на исхрана. Јадењето само храна од растително потекло не е доволно за да бидеме здрави.
Понатаму, ние не им должиме ништо на животните. Никој во животнското царство не должи ништо на никому. Тоа е што ги чуваме, што ги раниме и што не ги убиваме за храна со огромни болки е зошто сме таков тип на суштества - имаме емпатија. Ама ако чопор хиени нападнеше крава, не само што ќе ја изедеа, немаше ни да се мачат да ја задават. Ќе ја изедеа жива. Ќе ја распарчеа и око немаше да им трепне.
И затоа, имаме ситуација кај што некои луѓе, појавата што ја гледаат како неетична и грозна и погрешна итн.. сакаат да ја направат нелегална. Исто како со хомосексуалноста на пример. Некои луѓе мислат дека е неетично и грозно и погрешно и неприродно итн... и им го негираат тоа право на некои други луѓе.
Тоа е исто како мене да ми кажеш дека е неетично да одам в шума и да уловам нешто, да го одерам и да го јадам и од кожата да направам нешто корисно за себе или за моите блиски.
Поприродно нешто од тоа непостои. Човечкиот вид го прави тоа од кога постои. Сфаќате ли колку е сулуд овој концепт?
Ако видиш човек што полива животниче со бензин и го пали, слободно можеш да речеш дека тој е гомно од човек, можеш да речеш дека треба да го испитаат конзилиум од психијатри и да дадат дијагноза...
Ама дефинитивно, не можеш да речеш дека треба да оди во затвор.
Чисто затоа што ако од делото на еден човек не е повреден друг човек зошто тоа дело би било казниво и предмет на интерес од остатокот од општеството? Некој бил згрозен? Некој смета дека е неетично? Некои луѓе се грозат до хомосексуалци, некој луѓе сметаат дека операцијата за промена на полот е спротивна на лекарската етика? Некои луѓе сметаат дека е погрешно да се издаваат државни тајни, некои луѓе сметаа дека да се издадат тие државни тајни е најхеројското нешто што може да се направи кога тие државни тајни откриваат злоупотреби на власта.
Поената е: секогаш ќе има несогласувања по прашањето што е етично, што е правилно, што е грозно.... Но за да постои правна норма, треба да постои интерес. Треба да постои некоја вредност што се штити. А која е вредноста што се штити со законската заштита на животните?