Анима Мунди

Член од
21 март 2013
Мислења
104
Поени од реакции
156

„Суета, мојот омилен грев“ – ѓаволот во „Адвокатот на ѓаволот“ (1997)

Сократ ја сумирал својата мудрост во една позната фраза: „Сега знам дека ништо не знам.“ Но многумина не знаат за него, и иако живеат во време кога многу повеќе информации им се достапни, не можат ни да му се приближат во знаењето и мудроста.

Што им е целта на таквите кои толку многу се трудат да им кажат на некои други дека се глупави, наивни, лековерни или што ти знам јас какви сè не, затоа што различно мислат од нив. Освен да им се наполни егото на овие првиве, друга цел не гледам (оти, нели, они знаат, а овие вториве немаат поим).

Па, ако е некој таков свесен за нешто, сигурен во тоа, и гледа дека некој друг тоа не го знае и не го разбира, зарем не е човечки да се обиде да му помогне и да му покаже дека не е во право? И ако овој вториов, ете, и не може да сфати, зарем не е единствено добро да остане со разбирање за ограниченоста негова без да има потреба да го навредува и исмева?

Оти луѓе се сите, и тие што разбираат, и тие што не разбираат, и тие што мислат дека разбираат… Или можеби некои се повеќе луѓе од некои други? Би било добро да подзапрат малку овие првиве и да си подразмислат за тоа од каде им е таа потреба. Оти залетаноста никогаш нема да им дозволи да погледнат во себе и да се видат себеси. Ама да, отсекогаш било полесно да се занимаваме со тоа какви се другите, а не со себе. Тоа од памтивек е врвот на човечката слабост.

Нашиот внатрешен свет е реален, можеби многу пореален од надворешниот. Умот е златен рудник на неисцрпни способности. Среќните луѓе се среќни затоа што умеат да ги пронајдат своите способности. Ако вие сте еден од среќните луѓе, помогнете им на несреќните околу вас да ја пронајдат својата лична среќа. Една мудрост вели, да ја парафразирам: "Ако му дадеш на човека блага пченица-си му дал еден оброк, ако го научиш да одгледува жито-си му дал живот."

Некои луѓе се потонати во сонот на ригидната страна на животот. Живеат како месечари. Никогаш не се будат. Трагично е што никогаш не им паднало напамет дека нештата можат да бидат поинакви. Ако и вас животот ве има притиснато и ако сте претрпеле повеќе од доволно, имате избор - слушајте што ви вели животот. Но, не слушајте за да си го потврдите своето мислење, туку за да откриете нешто ново, нешто што ќе ве разбуди.

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Со векови наназад луѓето ја злоупотребуваат својата надмоќ врз останатите видови но и врз самите себе си: трговија со робови, етничко чистење, геноцид, злоставување на жени и деца, присилно искористување на детски работен труд...денес се чудиме како нешто од набројаното некогаш воопшто можело да се случува и тешки ни се некако за воочување и во сегашноста истите стереотипи, истата обесправеност и насилство, иста злоупотреба на моќ. Некогаш тоа биле "само Индијанци", "само Евреи", денес се тоа "само бездомници", "само хомосексуалци", "само животни".
Животните немаат моќ на говор за да можат сами да се одбранат, а засда, егнатите луѓе се единствени кои може да говорат и се борат за нивните права и влиајат.
Со векови наназат луѓето и творат и создаваат дела на кои и ти си горда, уметност, спорт, архитектура, книжевност, музика, наука....
Шо не седне некој пес да напиши симфонија или шо не седне некоја крава да нацрта дело како велсакез или рембрант? Луѓето се онакви какви ги создала природата, нагон за јадење и на месо и на растенија е втиснат во нашите гени со стотици иљади години. Не е неприродно човек да јаде месо. Човекот не почна да јаде месо од мода или забава како што денес некој станва хомосексуалец или вегетарианец за да биде во тренд туку тоа му бил природниот начин на исхрана. Тоа е во нашата човечка природа. Некој решаваат со сила да се воздржат од јадење месо, на некои тоа им го забранува верата или медицината, но и кај вегетаријанците и кај оние кои јадат месо, системот за исхрана, механизмите... се исти. Не се вегетаријанците ништо поинаку градени од нас нормалните луѓе ниту имаат посебни органи, и нивните се прилагодени да конзумираат и преработат месо само шо овие не му даваат на телото месо оти духовното ги заебава и се поигрува со нив.
 

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Замисли се фатиш со некоја активистка од анима мунди, и така идете некое време и еден ден и велиш: Цуцо, денеска имам специјално изненадување за тебе. Ти приготвив романтична вечера.
Ја носиш дома и на нејзе и покажуваш сличен специјалитет како овој на сликава.

Нејзината реакција ќе е Priceless :D :D
 
Член од
21 март 2013
Мислења
104
Поени од реакции
156
Замисли се фатиш со некоја активистка од анима мунди, и така идете некое време и еден ден и велиш: Цуцо, денеска имам специјално изненадување за тебе. Ти приготвив романтична вечера.
Ја носиш дома и на нејзе и покажуваш сличен специјалитет како овој на сликава.

Нејзината реакција ќе е Priceless :D :D
Ќе почне да менува бои, да повраќа, да се колне во светото тројство Симба, Муфаса и Сесил. Па ќе се натрти ќе почне да те брка онака, анималистички.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
@Irreversible што означува ова ? Дали знаеш колку страдање преживеала свињата за да се искористи само мал дел од нејзиното месо за виршла , а другото адитиви , конзерванси . Зошто ги храните кутрињата со нездрава храна?

1.png
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Тие луѓе имаат голема одговорност, за разлика од повеќето тука, само јадат гомна ова не чинело тоа не чинело а не сакаат да помогнат на луѓе, а не пак да земат во кола и да платат ветеринар за повредено куче.
Имаат голема одговорност ама не кон луѓе туку кон животните само. Кај се кога се во прашање луѓето? Никаде.
Која е логиката да помагаш на животни, а да мразиш, не само да не помагаш, да мразиш луѓе?
Кој во здрав памет ги става интересите на животните пред интересите на луѓето на планетава?

Тоа што мене не ми се допаѓа е самиот концепт на општествена заштита на животните.

Сериозно, ако некој може да даде аргумент баш би сакал да го слушнам, зошто воопшто има правна заштита на животните?
По мене, да се биде бездушен кон животните и да им се нанесува болка без потреба е неетично и треба да се третира така, но зошто е нелегално? Општеството нема бенефит од штитење на животните, а има трошок.
Очигледно се измешале приоритетите некаде по патот.

Зошто да им помагаме на животните во природата? Тие кучиња, мачки... тие домашни животни што ги јадеме... тие сите се дел од природата. Ако ние не јадевме крави и овци и не ги чувавме во трла, ќе ги јадеа волкот и мечката. Тоа е тоа - природниот закон. Тоа е нивното место во синџирот на исханата. Да кажеш дека е нехумано да јадеш месо е како да кажеш дека е нехумано да си дел од природата и дел од синџирот на исхраната. Си ја негираш сопствената природа.
Како и да е, нажалост, не можеме да се извадиме од синџирот на исхрана. Јадењето само храна од растително потекло не е доволно за да бидеме здрави.

Понатаму, ние не им должиме ништо на животните. Никој во животнското царство не должи ништо на никому. Тоа е што ги чуваме, што ги раниме и што не ги убиваме за храна со огромни болки е зошто сме таков тип на суштества - имаме емпатија. Ама ако чопор хиени нападнеше крава, не само што ќе ја изедеа, немаше ни да се мачат да ја задават. Ќе ја изедеа жива. Ќе ја распарчеа и око немаше да им трепне.

И затоа, имаме ситуација кај што некои луѓе, појавата што ја гледаат како неетична и грозна и погрешна итн.. сакаат да ја направат нелегална. Исто како со хомосексуалноста на пример. Некои луѓе мислат дека е неетично и грозно и погрешно и неприродно итн... и им го негираат тоа право на некои други луѓе.

Тоа е исто како мене да ми кажеш дека е неетично да одам в шума и да уловам нешто, да го одерам и да го јадам и од кожата да направам нешто корисно за себе или за моите блиски.
Поприродно нешто од тоа непостои. Човечкиот вид го прави тоа од кога постои. Сфаќате ли колку е сулуд овој концепт?

Ако видиш човек што полива животниче со бензин и го пали, слободно можеш да речеш дека тој е гомно од човек, можеш да речеш дека треба да го испитаат конзилиум од психијатри и да дадат дијагноза...
Ама дефинитивно, не можеш да речеш дека треба да оди во затвор.
Чисто затоа што ако од делото на еден човек не е повреден друг човек зошто тоа дело би било казниво и предмет на интерес од остатокот од општеството? Некој бил згрозен? Некој смета дека е неетично? Некои луѓе се грозат до хомосексуалци, некој луѓе сметаат дека операцијата за промена на полот е спротивна на лекарската етика? Некои луѓе сметаат дека е погрешно да се издаваат државни тајни, некои луѓе сметаа дека да се издадат тие државни тајни е најхеројското нешто што може да се направи кога тие државни тајни откриваат злоупотреби на власта.

Поената е: секогаш ќе има несогласувања по прашањето што е етично, што е правилно, што е грозно.... Но за да постои правна норма, треба да постои интерес. Треба да постои некоја вредност што се штити. А која е вредноста што се штити со законската заштита на животните?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.461
Поени од реакции
9.115
Најголема глупост е да се каже дека луѓето се создадено да јадат месо, и дека веганите јадат само марули и трева. Луѓето биолошки се создадени како хербивори, што е потрепено со еден куп биолошки докази. Кога ќе добиеш висок притисок или холестерол, или рак на дебелото црево, проблеми со артерии на срцето, и кога докторот ќе ти каже под итно да го оставиш месото, повторете му го својот став од горе
Велиш луѓето биолошки биле создадени како хербивори, а постираш слика откаде јасно се гледа дека луѓето се фругивори?

Фругивор - јаде овошје, зеленчук, јатки, мешунки и семиња
Хербивор - јаде листести растенија и треви



По сила на околностите, сите човеколики мајмуни (освен горилите) и луѓето станале омнивори

DIET
Gorillas are predominantly herbivores, eating mostly plant material. They forage for food in the forests during the day. They eat leaves, fruit, seeds, tree bark, plant bulbs, tender plant shoots, and flowers. They have been known to eat various parts of over 200 different plant species. Occasionally, gorillas supplement their diet with termites and ants.

DIET
Chimpanzees are omnivores (eating plants and meat). They forage for food in the forests during the day, eating leaves, fruit, seeds, tree bark, plant bulbs, tender plant shoots, and flowers. They also eat termites, ants, and small animals (they have even been known to eat young monkeys).

DIET
Orangutans are omnivores (they eat both plants and animals) but are mostly herbivorous (plants comprise most of their diet). They eat fruit (their favorite food), leaves, seeds, tree bark, plant bulbs, tender plant shoots, and flowers. They also eat insects and small animals (like birds and small mammals).

DIET
Gibbons are omnivores (eating plants and meat). They forage for food in the forests during the day, eating fruit (which constitutes about 75% of their diet), leaves, flowers, seeds, tree bark, and tender plant shoots. They also eat insects, spiders, bird eggs, and small birds.

DIET
Siamangs are omnivores (eating plants and small animals). They forage for food in the forests during the day, eating fruit (which constitutes about 75% of their diet), leaves, flowers, seeds, tree bark, and tender plant shoots. They also eat insects, spiders, bird eggs, and small birds.

http://www.enchantedlearning.com/subjects/apes/index.html
 
Член од
13 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
8
ЕДЕН од подобрите докуменарци снимен во продукција на DW. Се презентираат и елаборираат долгорочни научни истражувања од страна на признати и докажани експерт- врвна класа на светски лекари,специјалисти за интерна медицина ,специјалисти за исхрана,биохемичари во однос на кој вид на исхрана е подобар за ловекот. Да се живее живот без месо станува прашање да се биде или не.
http://www.dw.com/en/documentaries-and-reports-life-without-meat-2015-07-29/e-18573044-9798


Една чаша млеко започнува со:
- брутално сексуално злоставување на бикот.
- силување (вештачко оплодување) на кравата.
- убиство на нејзиното дете (ако е мажјак) поробување (ако е женка)

Млечната индустрија е насилна, сурова и брутална од почеток до крај. Што сме ние? Варвари?
***
Нема оправдување за сурово и системско искористување на туѓата немоќ и злоупотребата и страдањата на мајки и деца кои не се од човековиот вид, но подеднакво страдаат. Во општеството во кое живееме, ние имаме опција да се правиме дека сето ова не постои. Но ако го правиме тоа, животните ја плаќаат цената - со својата слобода, со своите животи. Затоа ве повикуваме да размислите со своја глава, ги апстрахирате сите претходно научени тези (млеко е здраво), погледнете еден клип за да сватите како навистина изгледа одгојот на крави за млеко, да видите како крава плаче кога детето и го носат на колење; да видите како мало теленце ги лиже прстите на кланичарот, зошто му асоцираат на вимето на својата мајка. На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?

 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743

Ќе уклучиш една мозочна клетка да одговориш ? Зошто ги храните кутрињата со ВИРШЛА :place:

Виршлите пред се се изработуваат од месо, масти од животинско потекло, брашно или овес, жолчки и зачини. Некогаш за да се добие тој облик по кој се познати виршлите користеле внатрешни делови од животни, а денес се употребува вештачко пакување од колаген. Сепак, виршлите кои ги купувате во готово пакување содржат уште нешто покрај горе наведеното. Во виршлите може да се најде механички обработено месо, фруктоза сируп, говедска супа, говедски бујон, натриум нитрат и натриум ериторбат.
Американското здружение за истражување на ракот тврди дека нитратите и нитритите во виршлите предизвикале рак кај животните кои ги хранеле со виршли. Јадењето на големи количини на виршли, сланина и месните преработки како куленот го зголемува ризикот од добивање на рак на дебелото црево.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom