Имам една другачка што полека но сигурно забегува по овие работи. За неа си знаев дека малку не е читава во тоа главата и пред година дена почна да изиграва веган нешто, сеа веќе е замутавена.
Од мал град сум, и лани летото компанија се договоривме да си шетаме низ град обиколка целосна по сите улички. Со еден другар сме кучкари, а повикаме некое куче, си иде по нас. И така си одеше кутрето по нас цело време, јас си отидов и следново ми го прераскажаа приустните.
Кога стигнале до колата на другарот да си ја земе, тој ги товарил сите за да ги разнесе по дома. Кога тргнале, кучето почнало да трча по колата. Другачката моја, кога дала едно хистерично викање да се застане, па да се застане итн. На другарот му скурчило, и ѝ рекол ако не прекине да излезе надвор.
Од тогаш ја избегавам.