Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ако го стаеш топломерот у фрижидер ќе ти покаже и -15 степена.
 
Дк,
готово.
Доста ми е од се.
Мислам дека главата ќе ми екслодира.
Кога еднаш во овој ебен живот ќе тргне нешто без друго да се заебе.
 
Кајги нема да веруваш шо ми се деси, до душа и јас не верувам , али не знам колкава е можноста луѓе од разни делови на светот да се познаваат за да дадат ист одговор o_O

Значи вака: си седиме со колешката од работа на кафе, добро де јас сладолед лижев, она пиеше кафе :kafence: и едно време гледаме настана гужва на една од масите. Па ме фати љубопитност што се собираат луѓе и идам и има шо да видам. Седнал индиец и им чита на дланка на луѓе , па ред се чека.

Ми се присака и мене да видам што ќе ми каже , а изминативе години веќе имав шанса на дланка да ми гледаат јапонка, американка, мароканец и циганка. Што е најинтересно сите овие ми ги изнакажаа ИСТИТЕ работи , значи се поклопуваше се и сешто. И си викам, ајде да видам сега индиецот што ке ми каже :zloo:

Ми доаѓа ред и почна човекот да кажува ај само дел од работите ќе ти кажам не дека е битно , ама онака Кајги) : вика си имала 3 цврсти врски -Точно !!,
си го изневерила едниот бивши - да Кајги, точно е, го изневерив со другар му кога бевме на роденден ,
финансиски немаш гајле, знаеш да правиш пари - добро де, тоа ни е во крвта на нас балнакците кога идеме во странство, пати та пари , ебати животов
вика , пази се кога ќе дојдеш на 36 год возраст , можно е да заболиш од дијабетис - лелеле Кајги и ова точно , како што сум по стрес, само благо јадам , шеќерот ми е качен веке до 100 ка па што останало за во иднина
потоа ми вика , многу си напната и нервозна што ти пречи за да стапиш во врска, таа нервоза ги одбива машките - точно и тоа Кајги, нервозна сум, слаба со живци , у пичку матер веќе

бла, бла , бла,,,,, и други работи ми изнакажа во врска со фамилија, другарки , кариера ,, и му викам : ај кажи ми колку деца ке имам , и човекот вика 1 машко ке имаш , а второто дете ќе го изгубиш , значи не спомна дали ке биде абортус , дали нешто друго……

И еве се прибирам сега дома и си го вртам филмов како е можно ИСТИТЕ работи што и претходно ми ги имаа кажано други луѓе пак да се повторуваат :toe: Ама како што течат деновите , ништо чудно и така да испадне ко што спомнаа овие гатачи, пошто замисли Кајги сега сум 30 год , па и немам баш време за раѓање деца и фамилија , ц ц ц ц ц јебем ти кариера проклета :place:
 
За две недели спуштив 4 кила...Топлово најпрво на апетит ми се одрази, до кај 18:00 не можам храна со очи да гледам...И баш во работно време кога најмногу трошам енергија јас сум гладна до максимум...Последниве денови осеќав таква омалксаност што секој момент очекувам да се струполам на земја...И не ми е гајле искрено...Опкружена сум со медицински лица и доктори по цел ден, така да ќе имам прва помош - професионална...:D И на такви глупости си помислувам...
На работа е напорно стварно ама не се жалам, ми се цени тоа...
Ќе си работам вечерва на една клиничка студија до покасно и ќе си пијам ладни сокчиња по дома...
Ете тоа...

И уште нешто...Некои работи стварно не можам да си ги објаснам, барем сега за сега не...

Тука е...
 
Последно уредено:
Србиве се легенди :pos:
11745948_457012697794098_458361336515981895_n.jpg


11207374_456470504514984_4369949749909659464_n.png
 
ДК,

од сабајле ме боли глава. Цел ден денес навака натака обврски по топлото, секунда не се свртивме во канцеларија. Доаѓам дома накај 4, сум си пуштила клима, сум заспала некако, кога во 5, значи во најголемото жешко и најголемите гужви по градов баба ми ме буди, ДА СМЕ ОДЕЛЕ ДО ТОП ШОП ДА ЗЕМЕЛА ДОКТОР ЛЕВИН ПОЈАС ЗА КОЛЕНО!!!!!!

:oleee::oleee::oleee::oleee::oleee::oleee::oleee:

Значи сите што се дома со диплома од медицински викаат дека поголема превара од тоа левинот нема таа запнала, го рекламирале, мора да било добро :roker: Ако знаете жена со помалце осет од оваа, врзувам камен за нозеве и се циткам во Вардар да се удавам, нека седи тука запишано.

Па и оние од Топ Шоп веќе ги надминаа и Јеховини, место да ја замара баба ми, таа фатила мене ми нуди перници некои, уште не бев освестена сакав да и кажам, да, имам од оваа перница, тепсија се направи за 2 месеца ви ебам тоа шпрт робата.

И жими таквото сега сон што ќе ме фати на топлово а главава ни со апови за коњ не поминува.
 
Од фејсбук ме избриша еден професор шо ми предаваше, веројатно оти пишувам ретардирано хумористични статуси, наместо да споделувам мудри мисли за животот, слободата, политичкиот систем, ко шо пра демонстраторите шо ги турка за да успеат во животчето.

И шо е поукава за да те љубат професориве? Прај се паметен ебате, глуми интелигенција со тујџи мисли, шернувај го еднаш во денот Mилтон Фридман или Џорџ Вашингтон и се че е ок.

Ама еден сериски убиец еднаш рекол-Или прифати го чоеко таков ко шо е, или заколи го, не му се думај.

И така (плус не пишувам за сТрамни работи пример, културен сум си, плус уште еден, то шо не ми пиша 10-ка за пола поен шо ми беше презаслужен е друга тема на муабет :D )
 
Последно уредено:
Е Кајги, Кајги. Морам барем тука малку од малку да се испразнам. Да си ја олеснам душичката, впрочем ни на никој не ми се збори за проблемите. Ќе ги ставам студиите на пауза или ќе се отпишам. За жал или среќа, не знам веќе Кајги, но единствено знам дека немам финансии. Дури ни разговорите за работа не идат најдобро. Сфатив дека попрво на едно интервју на работа ќе си најдеш дечко, отколку работа. Што е со додворувањата? Извини не ја доби работата, но ајде да се видиме пак, на кафе, неразумна си, дозволими да те освојам. Што сум јас? Тврдина?
Кајги, ни во љубовта не ми е најсјајно, т.е. изгледа пред корозирање е, не знам, но ни најмалку не се чувствувам сакано. До мене ли е? Изгледа сум обична будала која прееемногу сака да ги направи среќни другите и секогаш се става на последно место.
Со оглед на случувањата чудо е како не ми смета топлината и децава што ноќе се надвикуваат.
 
02,00 по полноќ,нас сега ни текнало да се договараме за у Охрид и тоа на фб тоа е тој муабет:cuc::cuc:.А најголемата финта е што треба да идеме утре,нели да се фати викендов,од Шабан преку Чола до Рудиментал,тое е тој микс:pos:.Братов ќе се жртвува да вози,и на шабан да ме дружи само за да идеме на Рудиментал,ќе мора многу да пијам маме му ебам:D
 
Драга се помалку, и помалку имам што да ти кажам. Да не е онаа тема за ПЛ кај што се газам од смеење, мртва си...Што ти е? Вратиии се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom