Докажете дека Бог не постои!

Статус
Затворена за нови мислења.

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Problem zla

Najveća objekcija protiv Providnosti jest činjenica zla u svijetu, jer, ili Bog nije mogao spriječiti zlo, i njegova moć nije beskonačna, ili nije htio, a onda nije dobar. Da se riješi ova objekcija, treba znati u čemu se sastoji zlo. G. W. Leibniz u svojoj Teodiceji razlikuje tri vrste zla: metafizičko, fizičko i moralno zlo.
Općenito, Providnost se mora demonstrisati na kozmickom ravnistu, obuhvacajuci cijelu vaseljenu. Kako vec znamo da su nebule u vaseljeni izimno ućestali fenomeni, moramo inzistirat na krajnji skepticizam. Kolika je uopće vaseljena u promjeru? Jel ikako moguće da se bog i deva marija kriju u nebulama i komadima crne materije?
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
„Мисла на денот„?....[DOUBLEPOST=1437580975][/DOUBLEPOST]

“Историја на човечката цивилизација у три пасуси„?...[DOUBLEPOST=1437581078][/DOUBLEPOST]

Ако Бог се разгневи и почне да дели правдина по Неговото наоѓање, а при тоа делење правдина со чистење на злото почне од тебе лично, кај ќе се скриеш?...
Прво не се сметам за злобен човек, а ако твојот просветител и ѕвезда водилка сака да ме казни, пакувам куферите и кидавела во Германија....

Историјата на човечката цивилизација не се опишува во 3 пасуса...Исто како што религијата не би требало да се краде, а сепак во тоа што веруваш е 99% украдено![DOUBLEPOST=1437630533][/DOUBLEPOST]
Неможноста за спознание не го исклучува постоењето. Нагледен пример- слепиот неразликува бои,за него непостојат бои но тоа незначи дека бои не постојат. Далечна ѕвезда што неможе да биде видена незначи дека непостои.Пред 7 века Европејците немале доказ дека постои Америка но таа и тогаш постоела...


Во среден век се докажало дека има само ѕвезди и планети. Ти сериозен си?

Раздлабочуваш, поплитка шпекулација од ова немам одамна прочитано.


Злоупотреба има на се и од се, за тоа никој друг не е виновен а оној кој злоупотребува.
Во среден век имаш опиплив доказ дека господ не е на небото како што тврди црквата и дека таму нема ништо друго освен ѕвезди и планети...Слепиот незнае за бои бидејќи ги нема видено, но сите останати ги разликуваат и гледаат (господ никој не го видел)...Религијата е најсилната политичка доктрина и тоа е факт, да не беше така немаше да се казнува оној кој верува во нешто друго или воопшто неверува....
На крај дај ми одговор на прашањето кој е вистински бог и вистинска религија?Во што да верувам?Алах, Јахве, воскреснувањето на Исус?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прво не се сметам за злобен човек,
Ихх, а кој за себе нема „идеално„ мислење?...[DOUBLEPOST=1437661558][/DOUBLEPOST]
Историјата на човечката цивилизација не се опишува во 3 пасуса...Исто како што религијата не би требало да се краде, а сепак во тоа што веруваш е 99% украдено!
Кој украл, како украл, зашто, кога, каде, што?...
Дај елаборисај троа.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Во среден век имаш опиплив доказ дека господ не е на небото како што тврди црквата и дека таму нема ништо друго освен ѕвезди и планети...
Каков е тој опилив доказ во среден век?:eek:.
...Слепиот незнае за бои бидејќи ги нема видено, но сите останати ги разликуваат и гледаат (господ никој не го видел)..
Замисли сега колку ирационално би било слепиот да неверува дека постојат бои.
Религијата е најсилната политичка доктрина тоа е факт, да не беше така немаше да се казнува оној кој верува во нешто друго или воопшто неверува....
:несвест:
На крај дај ми одговор на прашањето кој е вистински бог и вистинска религија?Во што да верувам?Алах, Јахве, воскреснувањето на Исус?
Слеп кој што неверува дека постојат бои, бара да му одговорам кој боја е најсветла.:popce:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Каков е тој опилив доказ во среден век?:eek:.

Замисли сега колку ирационално би било слепиот да неверува дека постојат бои.

:несвест:

Слеп кој што неверува дека постојат бои, бара да му одговорам кој боја е најсветла.:popce:
Всушност боите не постојат во природата. Постои само светлина со различна бранова должина која нашиот мозок ја интерпретира во различни бои.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Само мал дел од спектрумот може да види човековото око. Па така инфрацрвената светлина која е невидлива за нас, ја открил Хершел, X- зраците, Рентген и така натаму. Пред нив, ние не сме знаеле дека они воопшто постојат.
Ако сме се ослониле на пишувањата на библијата и не сме биле љубопитни да се спознаеме самите себе си и природата која е околу нас, овие пронајдоци никогаш немало да се десат. Впрочем, може ќе се деселе и порано да не бил средниот тмурен век, каде сите научници биле прогласувани за вештери, врачари и поданици на ѓаволот, па биле горени на клада.
Јас не сум против религијата и учењето во библијата се додека истото се перцепира од морална и етичка гледна точка која е неопходна за одржување на човековиот род, барем за сега.

 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Само мал дел од спектрумот може да види човековото око. Па така инфрацрвената светлина која е невидлива за нас, ја открил Хершел, X- зраците, Рентген и така натаму. Пред нив, ние не сме знаеле дека они воопшто постојат.
Точно тоа го објаснував претходно, дека ако нешто не може да го видиме тоа незначи дека непостои.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Цвеќињата на сликата и сите оние бои кои се наоѓаат на неа се добиени на тој начин што кога сончевите зраци ќе стигнат до површината на цвеќињата, истите ја восприемаат светлината со подолга бранова должина, ниско енергетска (црвената, жолтата), додека ја одбиваат високо енергетската, со кратка бранова должина (сина и виолетова) која доаѓа до нашите рецептори за вид (очи), кои потоа ја пренесуваат во мозокот, кој ја перцепира како виолетова боја.
Со примена на многу математика, физика и природни закони работат и панелите на твојот, мојот и секој друг монитор кој ти овозможува оваа прекрасна слика да ја гледаш, сето тоа овозможено од многу научници кои ти радо би ги ставил на клада.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Цвеќињата на сликата и сите оние бои кои се наоѓаат на неа се добиени на тој начин што кога сончевите зраци ќе стигнат до површината на цвеќињата, истите ја восприемаат светлината со подолга бранова должина, ниско енергетска (црвената, жолтата), додека ја одбиваат високо енергетската, со кратка бранова должина (сина и виолетова) која доаѓа до нашите рецептори за вид (очи), кои потоа ја пренесуваат во мозокот, кој ја перцепира како виолетова боја.
Со примена на многу математика, физика и природни закони работат и панелите на твојот, мојот и секој друг монитор кој ти овозможува оваа прекрасна слика да ја гледаш, сето тоа овозможено од многу научници кои радо би ги ставил на клада.
Сето тоа во ред, но болдов не го разбирам кон кого се однесува?
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Сето тоа во ред, но болдов не го разбирам кон кого се однесува?
Кон црквата, зар не се декларираше ти како лице дел од црквата?

ЕДИТ: Сум го испуштил "ти" во горниот пост.
Кои ТИ радо би ги ставил на клада.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со примена на многу математика, физика и природни закони работат и панелите на твојот, мојот и секој друг монитор кој ти овозможува оваа прекрасна слика да ја гледаш, сето тоа овозможено од многу научници кои радо би ги ставил на клада.
devilko,

боите, звуците и сите други сетилно и разумно достапни нешта, постоеја и пред математичирате и физичарите да ни го „докажат„ нивното постоење.

Патем кажано, исклучуво научното толкување на очигледните (!) нешта, не само што не дава нивно точно и вистинито објаснување, туку токму тие ѓоамити научни обаснувања, вршат невидена субјективизација (!) на човекот и во однос на природата, а уште полошо, атомизирање и одвојување на луѓето едни од други.

Така, еден човек „у ствари„ не гледа друг човек-личност, туку само светлински одблесок од извесно (?) битие!??? :confused:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Кон црквата, зар не се декларираше ти како лице дел од црквата?
Ако имаш некаков доказ каде црквата повикува/ла на убиство на научници покажи го. Единствената, соборна и апостолска цркава, ниту има некого ставено на клада ниту осудено на смрт.[DOUBLEPOST=1437670094][/DOUBLEPOST]
ЕДИТ: Сум го испуштил "ти" во горниот пост.
Кои ТИ радо би ги ставил на клада.
Ја осознаваш ли сериозноста на обвинението?или лупеташ без контрола?
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Ако имаш некаков доказ каде црквата повикува/ла на убиство на научници покажи го. Единствената, соборна и апостолска цркава, ниту има некого ставено на клада ниту осудено на смрт.

[DOUBLEPOST=1437670521][/DOUBLEPOST][/DOUBLEPOST]
Ја осознаваш ли сериозноста на обвинението?или лупеташ без контрола?
Се разбира. Повели. Едно од тие имиња е Џордано Бруно кој ја изнел теоријата дека земјата не е центар, него сонцето. И дека ѕвездите се само далечни сонца кои си имаат свои планети, на кои исто така може има живот, дека универзумот е бесконечен и нема центар.


Јас мислам дека ти се декларираше како дел од црквата, истата таа црква го правеше тоа што ти го приложив со докази, всушност, одамна, но сепак го правела и тоа е факт.
Ако ти се оградуваш од тоа, јас го повлекувам моето обвинување и длабоко ти се извинувам.

devilko,

боите, звуците и сите други сетилно и разумно достапни нешта, постоеја и пред математичирате и физичарите да ни го „докажат„ нивното постоење.

Патем кажано, исклучуво научното толкување на очигледните (!) нешта, не само што не дава нивно точно и вистинито објаснување, туку токму тие ѓоамити научни обаснувања, вршат невидена субјективизација (!) на човекот и во однос на природата, а уште полошо, атомизирање и одвојување на луѓето едни од други.

Така, еден човек „у ствари„ не гледа друг човек-личност, туку само светлински одблесок од извесно (?) битие!??? :confused:
Точно така. Постоеја но луѓето не знаеа за нив. Истите не се напишани во Библијата и во ниедна света книга, иако и пред доаѓањето на Исус Христос, пред нашата ера, постоеле научници во античките доби кои докажувале многу теории, кои биле потврдени многу покасно, ете една од нив е и за спектрумот на боите која прв ја воочил некој персиски научник уште многу одамна.

Јас реков дека на човековиот род му е потребна вера и религија, но од етички и морален аспект поради тоа отуѓување кое го нарекуваш ти (патем тоа не го прави науката) и моралните принципи кои треба да му се вдахнат на човекот како единка за да ги следи тие правила и да не ги прекршува, чисто, за да не се уништи самиот себе си.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Се разбира. Повели. Едно од тие имиња е Џордано Бруно кој ја изнел теоријата дека земјата не е центар, него сонцето. И дека ѕвездите се само далечни сонца кои си имаат свои планети, на кои исто така може има живот, дека универзумот е бесконечен и нема центар.
Линкот што си го посочил содржи личности од западна Европа,каде што црквата немала никаков допир. јас те прашав за-
Единствената, соборна и апостолска цркава (Православна, вселенска)
Нешто си ги измешал лончињата. Нај веројатно со западно-римската.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom