Знам дека немаш зборови, бидејќи за ова што го зборам нема контра аргументи. Не ми е целта никого да навредам, туку да ви удрам еден reality slap.
Колку побрзо се освестите, толку подобро за вас. Југославија е веќе минато, преживеавме и транзиција, но како народ сеуште не можеме да направиме ментална транзиција. За жал, кај народот сеуште преовладува оној комуњарско плачи-пичкарско-паразитски мајдсет, наследен од екс-ју времиња, и тоа е она што нè кочи најмногу, а не Бранко или Грујо.
Кога народот ќе си всади во главата дека треба да живее од сопствената продуктивност, и дека општеството не е она кое треба да му ги реши сите проблеми, да се грижи за него, да му најде работа, да го вработи и да му заработи, е тогаш ќе нè биде. И како народ, и како држава.
Жалосно е што огромен дел од младите се со некоја чудна психолошка тенденција. Дефетизам, чувство на инфериорност, самоомраза, самосожалување и некои бедни изговори дека Бранко и Грујо им се криви што работеле за 200 евра. На овие колегиве мои што ги споменав претходно, Бранко и Грујо ли им се криви што заработуваат солидно и имаат свои фирми на млади години?
Ако тие имале можност да го постигнат тоа без партиски книшки, имаш и ти, и другарите твои.
Јас познавам двајца од Велес што се со многу поголеми примања од тие што ги наведов во претходниот пост. Браќа се.