Кајганските мислења се обратно пропорционални од општонародното мислење и ставови на Македонците

[DOUBLEPOST=1437426045][/DOUBLEPOST]
Проектот СКОПЈЕ 2014 главно е насочен кон стимулирањето на градежната индустрија и пропратните индустрии снабдувачи на градежништвото, кои се двигатели на економскиот раст. Затоа, главниот акцент беше даден на градење нови монументални градби.
Колку илјадници работници вработува градежната индустрија?
Груба керамичка индустрија
За градба се потребни
цигли. Циглите се прават од глина, значи
индустријата за копање суровини и руди работи, се користи
механизација за експлатирање и добивање глина, која што механизација има потреба од резервни метални леани делови кои исто така може да се прават во
македонските леарници. Циглите се печат во индустриски печки и се обложени со огноотпорни материјали, при што се к
ористат енергенси (гас) за печките и се користат
огноотпорни елементи од огноотпорната индустрија. Значи само за производство на цигли се вклучуваат индустријата за огноотпорни материјали, копање суровини и руди, метало-леарската индустрија и индустријата за енергенси.
Градежна хемија (малтери, бои, лепаци итн).
За производството на малтери, бои, лепаци итн. се користат минерални неметални суровини, како калциум карбонат, кварц, каолин, талк, гипс итн., кои доаѓаат од индустријата на експлатација и копање камен и руди, која пак користи
механизација , која што механизација има потреба од резервни метални леани делови кои исто така може да се лејат во
македонските леарници.
Понатаму, ако го земеме производството на гипс, тоа се врши преку копање на гипсена руда, мелење, микронизирање, печење во автоклави, со што се трошат енергенси, од кои енергенси и државата си зема акцизи.
Цементна индустрија
И цементот доаѓа од цементна суровина која се копа, се припрема и преку индустриски производствен процес се пече во ротациони печки обложени со огноотпорни материјали, при што се к
ористат енергенси за печките и се користат
огноотпорни елементи од огноотпорната индустрија. Цементот се микронизира во млинови главно со челични леани кугли. Значи и за производство на цемент се вклучуваат индустријата за огноотпорни материјали, копање суровини и руди, метало-леарската индустрија и индустријата за енергенси.
И секако дека има и други индустрии кои се добавувачи на градежната индустрија.