MikioBo
Учител на машини
- Член од
- 22 ноември 2009
- Мислења
- 256
- Поени од реакции
- 174
Мислам дека таквата статистика многу лесно може да се манипулира во двете насоки. Со мала промена на претпоставките се доаѓа до крајно различна веројатност, а посебно кога се работи веројатност во динамични системи, и мали разлики во почетната веројатност можат да доведат до огромни разлики во крајниот исход. Тоа е последица на хаотичноста на таквите динамични системи кои се користат да моделираат промени низ време, што значи дека кај нив лесно доаѓа до таканаречениот „butterfly effect".Значи добро претпоставив - математичар си.
Попат кажано јас не сум философ - колку да се знае.
Имам едно прашање зашто гледам те интересира еволуцијата. Запознат ли си со обидите да се докаше или побие теоријата за еволуција преку веројатноста за одреден исход и времето потребно за да се изврши таа веројатност. Што мислиш за тоа?
На крајот на краиштата, таквите истражувања не можат да ја побијат самата еволуција, затоа што е факт дека таа постои како феномен, но можат да ја побијат теоријата на Дарвин во нејзината сегашна состојба, што мислам дека ќе биде многу интересно ако се случи.
EDIT: По ова што го спомна, прочитав неколку такви „тврдења“ и сфатив дека мојата претпоставка е погрешна. Тие не ни ги користат овие динамички системи за да ја моделираат промената, туку едноставно користат множење на веројатности за да отсликаат промена во тек на време, што е неверојатно погрешна и ужаска статистика.
Последно уредено: