Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.139
Поени од реакции
3.900
Ај објасни ми како во тоа време цела нација свршаваше коа ќе го видат возот на Тито, неговиот кадилак, неговите курви (Софија Лорен, Елизабет Тејлор), неговите палати.
Иако народот чека ред за леб, млеко, гориво, кафе, не може да си ги запишат повеќето луѓе децата на факултет поради немањето финансии и поради тоа што не се од плавата крв на коминистичката класа.

Денес на грујо на глава му се качија за некаков си мерцедес :pos: па "сиромавиот" уште во стариот мерџо од срам се вози.
палатите, кадилаците, мерцедесите и бродовите НА ТИТО гледаш дека НЕ СЕ НА ТИТО туку и тогаш и сега биле државен имот. Се гледа што имаат неговите деца сега и во каква беда почина жена му за разлика од сегашниве лопови кои имаат палати по целиот свет, милиони по белосветски банки, фабрики...... сето тоа украдено од народот и сето тоа ке го наследат нивните деца додека ти ке свршуваш на пунто.
Да, Тито ги ебаваше Софија Лорен, Елизабет Тејлор.......... Секаде во светот беше дочекуван на црвен тепих, построена гарда, воени оркестри, претседатели од светски маштаб со сопругите во прв ред, Кенеди и сите по ред.... Пречекуваше гости од светски калибар, политичари, глумци.... Беше фактор, беше присутен на светската сцена кога се решаваа важни работи............. Е сега го имаш бедниот Хорхе кој со неговиот капацитет во СФРЈ најмногу можел да стигне до претседател на месна заедница или совет на станари. На Хорхе не му дава ниту Маја а не пак ли Софија Лорен или Елизабет Тејлор на кој цел свет дрка а Тито си ги ебаваше. Највисок гостин кој му дошол на Хорхе е помошник на заменикот на советникот на потпретседателот на некоја ебена покраина или општина како и принцот на Хинзите. Црвен тепих, оркестар, построена гарда, пречек од претседател на некоја од вистинските држави во светот сеуште не искусил, врв му е молитвениот појадок кај Обама на кој како што и самиот кажа не разговарал со обама ама обама му намигнал. Замисли МУ НАМИГНАЛ. Такивите како Хорхе наш со помоќните светски политичари имаат средби од по 10 минути од кои 5 се за сликање додека Тито ги пречекуваше и одеше кај нив со највисоки почести и разговараше со нив на ТИ. Сето тоа кажува кој фактор била СФРЈ кој фактор сме сега.
И да, во СФРЈ не студираа сите оти тогаш само тие што биле за факултет студрале и тоа на државен трошок, со стипендии, и половина од нив дипломирале, додека на тие што не им одело школото завршувале средно и се вработувале, земале плата, живееле створале семејства... за разлика од сека кога и шуто и нрписмено се запишува на факултет и сите диполмираат иако и азбуката сеуште не им научена и после со дипломата од свирипичино се сметаат за високообразовани ....[DOUBLEPOST=1437322628][/DOUBLEPOST]
Пристојната храна која ја даваа во работничките мензи

Пристојната облека за на свадба

За мебелот у споредба, денес е каде каде поевтин него ли во Југославија, да не се лажеме.

Пристојниот автомобил на мнозинството граѓани

Колку сметки струја немаш платено што е проблем?
Дали денес колата не ти е регистрирана?
Дали мрзнееш секоја зима?

Дали мислиш дека тогашното здравство било подобро од сегашното?
Тогашното здравсто го имаш и сега, ама проблемот е што ти го сакаш современото здравство, а не тоа кое го имало во Југославија.

За проблемот со горивото

За 5 литра нема проблем, ама повеќе не ни требаат - ќе каже вредниот трудољубив југословен.:icon_mrgr:

За образованието прашањето е колку има денес со завршено високо образование а колку тогаш? Дали тогаш образованието било за секој достапно?:kuracc:

За пристојниот одмор во лимена конзерва, и одењето по 300 метра да се мијат садови, туширање и ВЦ кои не се чистени по недела дена.:гомце:
Сите поголеми фабрики имаа кујни во кои се спремала и те како добра храна а конзерва каква што имаш залепено се давала кога се работело на терен или евентуално трета смена кога кујната не работела. Каква храна добиваат работниците денес? Најчесто си носат од дома завиткано во кесе, леб и кромид, а конзерва коко на сликата само на празниците и неделините кои ги работат. Можат да ги сонуваат кујните од СФРЈ. Прашај кого сакаш кој работел во фабрика во време на СФРЈ.
Фиќото кое ти е прилепено, како и многу други автомобило, е маде ин југославија. Кажи ми сега некој автомобил маде ин мацедонија? Нема. Маде ин мацедонија нема ни гуми не пак ли автомобили. Информирај се малку какви автомобили се произведуваа во СФРЈ, не беше само фиќото кое гледано од аспект на тоа која година е произведено и не е лош автомобил.
Боновите за гориво ти се однесуваат на една или две кризи за гориво од по неколку месеци. Инаку во СФРЈ вообичаено беше кога одиш на бензинска да му речеш на пумпашот да наполни до горе. Денес луѓето тураат и помалку гориво одколку означеното на бонот оти немаат пари, се срамат на бензинска да му кажат на пумпашот тури за 20 или 30 денари што е и помалку од 5 литра гориво. Своевремено татко ми имаше а и јас ја повозив ФИАТ 132, мислам дека беше 2000 кубика, бензинец, своевремено беше одличен автомобил, за него немаше разлика помеѓу угорница или рамнина и удолница, лапаше 15 литри бензин ако не притискаш многу на гасот а ако притиснеш ке ги заминеш и 20 литри. Но кога луѓето правеа муабет за автомобили во тоа време никој не размислувше колку троши колата оти имаше пари и горивото не беше скапо. Заѕтоа луѓето возеа и ПЗ, П125, ФИАТ 1300, 132ки, рено 25...... битно беше колку шиба а не колку троши.
Камповите беа полни со среќни луѓе и деца. Сега се празни оти тие кои сакаат да одат во нив немаат пари. Нема ни деца кои ке правта џагор во нив. Нема кој да ги направи децата оти сите заминаа од тука во некои други земји, од инает заминаа не од што тука не им е убаво или чувај боже од тоа што 150 евра им се малку за да живеат. Место да си седат овде, да уживаат во богатствата, да се шетаат по одмори во охрид, грција, турција, тунис, египет, шпанија, да одат по кафани... тие глупите избегаа....нека рмбаат по светот за 3,5,6 000 евра кога се неписмени и незнаат да си прерачунаат дека е подобро овде за 150 евра да работат и да уживаат...[DOUBLEPOST=1437322757][/DOUBLEPOST]*200-300 денари
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.770
Поени од реакции
8.277
После некоја година, го исплативме цел стан, за мали пари, инфлација а ратата си останува една иста.
Инаму и тогаш цената беше 1000 дм метар кв.
Ама некој земаа,ептен џабе,што живеева во тие општествени станови или оние дадени преку ООЗТ, 60 м кв за 900 ДМ.
Цел стан знам колеги ки кошташе колку една врата или ТВ во боја.
Ако ги најдам книшките и документите би ги доставил тука да се увериш,во ДОБРОТАТА на таа Југославија за работникот.
Ратата беше максимум до 30 % од примањата. Првите 2-3 години беше потешко, кирија,2 градинки, превоз,јадење.
Наравно дека било тешко кога се работело поштено.

Ви фали арамиското време кое ја распадна државата.

Значи ако не се распаднеше Југославија ќе исплаќаше кредит
уште доооолги години, најверојатно си среќен што така испадна, а тука кукаш за таа Југославија.

Чуден човек
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
За образованието прашањето е колку има денес со завршено високо образование а колку тогаш? Дали тогаш образованието било за секој достапно?:kuracc:
Кадаиф и ти си еден од пола милиони Mакедонци кој замина од овие овде убавини, не си сакал да земаш овде 3000 евра плата да возиш нов БМВ и да одиш секоје лето на тропски острови. Си отишол во туѓина далеку од фамилија од приатели од роден крај за да живееш
Не остана во овие современи болници и модерна медицина, не беше задоволен овде од условите за живот.
Колку беше очаен да заминиш од овде?
Си зел Бугарски пасош. Си дал документи си потпишал папири званично дека си Бугарин. Ти не замина како Македонец туку замина како Бугарин. Си ја сменал националноста. И сега како Бугарин ни кажуваш како живеат Македонци.
Да беше СФРЈ ќе можеше да заминеш во Германија како Македонец. со СФРЈ пасош во кој ќе стоеше националност - МАКЕДОНЕЦ. И немаше ни работна дозвола да ти треба.
Е сега битно ми е ова прашање, дали го зеде Бугарскиот пасош и се запиша како бугарин искрено или си лажел за тоа?
Дали замина таму како лажго или како искрен човек?
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.234
Поени од реакции
8.538
запишат повеќето луѓе децата на факултет поради немањето финансии и поради тоа што не се од плавата крв на коминистичката класа.
Како не би можеле луѓето да си ги запишат децата на некои од Универзитетите, кога образованието вклучувајќи го и високото образование, биле бесплатни? Да не си се збунил со Македонија?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.770
Поени од реакции
8.277
Кадаиф и ти си еден од пола милиони Mакедонци кој замина од овие овде убавини, не си сакал да земаш овде 3000 евра плата да возиш нов БМВ и да одиш секоје лето на тропски острови. Си отишол во туѓина далеку од фамилија од приатели од роден крај за да живееш
Не остана во овие современи болници и модерна медицина, не беше задоволен овде од условите за живот.
Колку беше очаен да заминиш од овде?
Си зел Бугарски пасош. Си дал документи си потпишал папири званично дека си Бугарин. Ти не замина како Македонец туку замина како Бугарин. Си ја сменал националноста. И сега како Бугарин ни кажуваш како живеат Македонци.
Да беше СФРЈ ќе можеше да заминеш во Германија како Македонец. со СФРЈ пасош во кој ќе стоеше националност - МАКЕДОНЕЦ. И немаше ни работна дозвола да ти треба.
Е сега битно ми е ова прашање, дали го зеде Бугарскиот пасош и се запиша како бугарин искрено или си лажел за тоа?
Дали замина таму како лажго или како искрен човек?
Друже, пак ли снема ганџа во државата или можда ракијата премногу со шеќер ја вариш?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Друже, пак ли снема ганџа во државата или можда ракијата премногу со шеќер ја вариш?
Tи живееше во Македонија во СФРЈ со твоето семејство, од Македонија замина кога стана самостојна, го напушти семејството, не остана со нив кога се осамостои и кога коначно добивме квалитетна храна избор на автомобили, современо здравство, високи плати....
Јас разбирам да заминеш од држава во тешки услови но да заминеш кога се стана подобро поквалитетно поубаво... кажи ете зошто избра да заминеш од Македонија кога се осамостои кога се тргна на подобро??
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.770
Поени од реакции
8.277
Да беше СФРЈ ќе можеше да заминеш во Германија како Македонец. со СФРЈ пасош во кој ќе стоеше националност - МАКЕДОНЕЦ.
Во СФРЈ секое покажување на македонски национани чувства било толкувано според УДБА како нешто бугарофилско.

0:35
 
M

mordekaj

Гостин
Tи живееше во Македонија во СФРЈ со твоето семејство, од Македонија замина кога стана самостојна, го напушти семејството, не остана со нив кога се осамостои и кога коначно добивме квалитетна храна избор на автомобили, современо здравство, високи плати....
Јас разбирам да заминеш од држава во тешки услови но да заминеш кога се стана подобро поквалитетно поубаво... кажи ете зошто избра да заминеш од Македонија кога се осамостои кога се тргна на подобро??
Де бе Лет. Глеаш дека човекот не е научен на толку убавина и арнина и морал да замине у Немачка оти нели у МК е имачка.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.770
Поени од реакции
8.277
Tи живееше во Македонија во СФРЈ со твоето семејство, од Македонија замина кога стана самостојна, го напушти семејството, не остана со нив кога се осамостои и кога коначно добивме квалитетна храна избор на автомобили, современо здравство, високи плати....
Јас разбирам да заминеш од држава во тешки услови но да заминеш кога се стана подобро поквалитетно поубаво... кажи ете зошто избра да заминеш од Македонија кога се осамостои кога се тргна на подобро??
Јас не велам дека е подобро, него дека во тоа време не било тоа за кое трубите сите, дека се живеело на висока нога.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.234
Поени од реакции
8.538
Јас не велам дека е подобро, него дека во тоа време не било тоа за кое трубите сите, дека се живеело на висока нога.
Не сакам да те навредам, ама ова што го пишуваш на темата е од инат. Ти зборуваш против СФРЈ не затоа што имаш објективни и рационални причини за тоа, туку дека застапуваш извесна политичка опција (се приметува тоа по твоите писанија низ форумов).

Анчо има 60 години, Let 3 е исто повозрасен, малку смешно е што мислиш дека со евтини лаги можеш да се протнеш.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.770
Поени од реакции
8.277
Не сакам да те навредам, ама ова што го пишуваш на темата е од инат. Ти зборуваш против СФРЈ не затоа што имаш објективни и рационални причини за тоа, туку дека застапуваш извесна политичка опција (се приметува тоа по твоите писанија низ форумов).

Анчо има 60 години, Let 3 е исто повозрасен, малку смешно е што мислиш дека со евтини лаги можеш да се протнеш.
Кои се тие ефтини лаги?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.139
Поени од реакции
3.900
Во СФРЈ секое покажување на македонски национани чувства било толкувано според УДБА како нешто бугарофилско.

0:35
Во СФРЈ секое покажување на македонски национани чувства било толкувано според УДБА како нешто бугарофилско.

0:35
Не ми е јасно како тоа покажубање на македонски национални чувства било толкувано како нешто бугарофилско кога Република Македонија беше ДРЖАВА во склоп на федерацијата, во уставот беше МАКЕДОНСКИ НАРОД, имаше македонска полиција, собрание, влада, јазик, литература, песни.......... во сите документи се водевме како МАКЕДОНЦИ, никој не забрануваше да си кажеш дека си македонец, напротив тоа беше сосем слободно да си кажеш што си....
 
А барањето формирање на самостојна македонска држава?

Зашто го осудија Ченто, Ристо Шишков, Драган Богдановски?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Во СФРЈ секое покажување на македонски национани чувства било толкувано според УДБА како нешто бугарофилско.
Стварно??
види, во Македонија отворено се зборуваше за македонкото прашање, не знам дали знаеш но по научни трудови е пишано и објавувано за македонци нивни обичаи носии фолклор во Егеј Пирин и овде во Македонија, во Македонија школи улици населби институции... се именувани со имиња од Македонската историја, Гоце, Даме, Јане, Питу, Рацин, Климент, Кирил и Методи, Влахов... се издаваа книги и учебниции на Македонски јазик, сите документи беа на Македонски јазик македонско писмо, се снимаа филмови и серии и за гемиџиите и за илинден и за ајдуци.... се снимаше и таа славна серија Македонски народни прикаски во СФРЈ, во учебници по географија се печатени карти на етничка македонија со пирин и егеј.....
Тажно е што кажуваш вакви работи а немаш појма за нив
 
Одговори ми на последниот пост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom