Вчера бев во Софија во министерството да однесам дополнителни документи, па за сите што планирате да носите дополнителни документи, да ве информирам дека шалтерот 4 долу на приземје со странки работи од 13:30. Најдобро е да си закажете online за поднесување бидејќи прво влеговме тие што имавме закажано, а потоа и останатите. Инаку одам без посредник и како документ однесов копија од бугарска лична карта од мојот брат, и извод од МКР преведен и легализиран. Додека чекавме пред министерството разговарав со неколку Македонци кои исто така биле вратени на дополнителна проверка и сите носеа документ за потекло од брат, односно прв братучед. Едниот од нив ми кажа дека неков другар бил вратен од дополнителна во редовна со документи од брат му, а по кратко време му излегол указот со државјанството.