Кој јазик сакате да го зборувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojan-B
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам друга идеа и би сакал многумина да го прочитаат ова.
Дали има заинтересирани, да се собереме едно стотина на пример, да дадеме по 50 денари, 60 денари, и да си нарачаме книга + ЦД на англиски, германски, француски, руски, италјански, шпански (или друг) јазик?
Од нарачаните материјали ќе си направиме не копија туку подарок меѓусебе, во PDF формат и во мп3 формат, пошто ако направиме копија, нели, кршиме закон и авторски права :) заинтересирани, има?
 
Почнувајчи од сите соседни јазици, па потоа и 5-6 светски, нема зијан у таа работа :ojeaa:
 
Па со оглед на тоа дек брзо ми фаќа коката посебно за јазици, многу лесно ги учам. Не сакам да се фалам кои ги зборувам, но ете прашањето е кој јазик сакам да го зборувам. Сакам не само да го разбирам и малку зборувам сакам и да го читам и перфектно знам шпанскиот, сакам да за сега имам некои познавања на арапското писмо, а за зборување ќе видиме понатаму оти овој јазик ми е предизвик бидејки има друга азбука, се пишува од десно на лево , па ако тој го совладам некогаш тогаш ќе речам дека имам талент за јазици и ќе го пробам после и кинескиот, а иначе што повеќе јазици знам повеќе вредност како да добивам,некако така се чувствувам.

Ова фалба ќе испадне на крајот, но ете и нека е.[DOUBLEPOST=1434741449][/DOUBLEPOST]

ако треба почетен курс тука сум :)
 
Каде учите онлајн?

Ја шведски и италијански сакам.
 
Има една поговорка која вели : Со секој еден јазик плус што го знаеме ,на светот еден човек повеќе познаваме :cool:
 
Германски, шпански, кинески.
 
Германски само многу тежок јазик посебно пишувањето некои зборови по 20 букви сите споени една до друга лудница :tapp:
 
Порано сакав и ја нешто од овие трендовски јазици (Француски Шпански Италијански) али се намножија многу шо ги знат тие па не ми е интересно, ја би сакал да знам некој јазик кој ќе и помогне на Македонија да стани напредна и развиена земја, пример да го знам Свази јазикот, и сега си замислувам оп во посета на Македонија иди кралот на Свазиленд Ингвенјама Мсвати и сака да инвестира тука во шо знам некои фарми или летувалишта или некој погон за афрички сувенири шо знам... никој во радиус од 3000 километри не разбира Свази јазико ! паника во владата, паника кај председнико, се растрчаа курири и милиционери кај доктори по науки, кај професори, кај судски преведувачи.. дали некој збора течно Свази, напнатост и нервоза растат еден по еден се врќаат изморени курири, нигде никој не го разбира тој јазик, 5000 курири сите со негативен одговор, и одеднаш на некој му текнује „ЕМИ ЛЕТ 3“!!??“ И идам јас она стравопочит и воодушевување, осеќам погледи од сите стрени, се доближувам до барокната маса од кинеска имитација на мермер, нетрпеливо чекаат министри премиер, крало на Свазиленд... треба да се договорат колку пари на која сметка да префрла... штама, само блицови штракаат од бројни домашни и светски новинари и ја му приоѓам на крало и велам Амбапо алкува ју нини хка мјака мпуа ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom