Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
А сега верата да не има главна улога. .
Добро бе луѓе, слепи сте, мижите или прелетувате половина Скопје со авион? Или не дочитувате? Еве уште еднаш, за полесно да сфатиш
тепачките за црква-џамија на плоштад, па црква на Калето, па скандалите и раскошот, златните лопати од неколку илјади евра, црните џипови, кусите панталони и црните марами... А од звучниците човек раат наутро и навечер не може да одмори, среде ден пак чиниш си во Авганистан. Гарант ова е обострано, на муслиманите и неправославците им смета камбаната.
Џамиите ниту пееја 24/7, ниту звучниците им беа на максимум пуштени. Кратки панталони, брадичка и бурки немаше ниту имаше млади девојчиња со шалвари и шамии. Од друга страна православците се однесуваат слично, се натпреваруваат кој повеќе цркви ќе изгради, да ја "зацврсти" верата кај народот. Како крем на торта, градоначалниците (властите) активно учествуваат во изградба на верски објекти.
Нонсенс е да срушиш неколку бараки среде населба и да изградиш џамија со паркинг и звучници ала Ролинг Стоунси. Уште поголема, да срушиш спортски терен, ракометно игралиште и таму (нема други места) да градиш верски објект.

Посочи што од ова што го напишав не е точно. И дали вакво нешто постоеше во претходниот систем среде Скопје... верата е лична работа и не е ни за на улица ни за политика.
r85zj4.jpg

„This black flag with the Shahada in white on it is the RAYAH, the flag of the Jihad in Islam. Not the banner of single group claiming for Jihad but the banner of the Jihad. The flag is Black and the Shahada always remains in white. Every Muslim fighting in Jihad will hold this flag. You can find the Rayah over the shoulders of Muslim fighters in Chechnya, sometimes in the street of Palestine, in Bosnia was very used by the "Black Swans" group of the Muslim Bosnian Army.“
Сите манастири ни се одземени, со одземена верска функција и дадени на амбасадори, туристи, градоначалници.
Што бизниси прават владиците, не знам. Во Скопје е дури и дадено, а не одземено. Башка нигде не видов избркани попови, сиромашни, да протестираат со работниците од кои беа одземени стотици илјади фирми и милијарди марки.
 
Последно уредено:
Навистина ли не можеш да сфатиш зошто луѓето плачат по таа Југославија ?
Ја читам темава веќе подолго време и не можам да ви се изначудам на мислењава што ги лупате тука.
И глувците знаат дека тогаш било подобро.

Во тоа време глувците не можеле ни да замислат како изгледа шунка, пошто луксуз беше за обичниот југословен посебна салама.

Сега шунката и глувците не ја јадат.
 
Во тоа време глувците не можеле ни да замислат како изгледа шунка, пошто луксуз беше за обичниот југословен посебна салама.

Сега шунката и глувците не ја јадат.
Сегашната ,,шунка,, и сите тие посебни, мортадели..... само така се нарекуваат и не личат на ништо па затоа и глувците не ги јадат. Во времето на СФРЈ сувомеснатите производи беа нешто навистина убаво и не е точно дека народот неможеше да си купи сувомеснато, баш напротив, имаше секаде и народот имаше пари па купуваше,,, баш убаво ме потсети на една шунка која беше пакувана во триаголна лименка, ја викавме пегла, не се сеќавам кој ја произведуваше ама таков убав вкус не се опишува со зборови ниту пак има сега некој таков производ со кој би ја споредил....
 
Ахам, а еве имаш пари, ама ете си букирал само 2 леба у локалната продавница, ако случајно ти дојдат гости, ти и гостите до крајот на денот ќе стоите гладни иако имате неколку милијарди динари :icon_mrgr:

Друже, многу си бил гладен тогаш и ретко си ја јадел затоа ти била толку вкусна, сеа сте се аздисале па ништо не ви чини.
 
Има. Новопечените антички македонци. :D:D
Современата наука го побива твоето плукање
[DOUBLEPOST=1437076735][/DOUBLEPOST]
CФРЈ не беше атеистичка земја
Кој те лажеше за тоа?? Па МПЦ се здоби со автокефалност во рамките на СФРЈ, соборната црква во скопје се изгради ви време на СФРЈ, крстови се ставаа на гробишта во СФРЈ, си имаше и синод и попови и владици и имами и оџи, звонеа камбани и тогаш и сега.
Ти бе дете, кога си роден?
Ај кажи ми сега Македонија дали е православна или муслиманска земја или муслиманско - православна федерација на две вери и два народа ?
Доста бе веќе се и припишуваш на СФРЈ! Сега и афтокефалноста на црквата и ја подреди. Го претера бе човеку! Имаш ли грам свест и грам познавање на историјата на МПЦ??? Немој да кажеш и дека СФРЈ ја формирала Македонија жити петокраката црвена на тробојката!
 
Ахам, а еве имаш пари, ама ете си букирал само 2 леба у локалната продавница, ако случајно ти дојдат гости, ти и гостите до крајот на денот ќе стоите гладни иако имате неколку милијарди динари :icon_mrgr:

Друже, многу си бил гладен тогаш и ретко си ја јадел затоа ти била толку вкусна, сеа сте се аздисале па ништо не ви чини.
За тоа така е, колку леба ке резервираш толку утре ке земиш а во сабота мораше да земеш леб за да имаш и во недела оти во недела дуќаните работеа до 10 и немаше леб. Ама ако збориме за квалитет на сувомесните производи, неспоредливо е, неспоредливо е и кој деруг тогашен производ да го споредуваш со некој денешен во поглед на квалитет. Тогаш производителите не се тркаа и не гледаа кој повеке ке уштеди на материјал за да повеке ќари туку се произведуваше по стандарди, квалитетно и под контрола.... сега е башибозук, секој подрум е фабрика.... затоа и имаме случаи на труења, листерии и други глупости.... тогаш се внимаваше на рокови на трајност, со истекот на рокот производот се УНИШТУВАШЕ, сега се ПОВЛЕКУВА за да пилешките гради повторно ги извртат низ мелницата и ги запаковаат како посебна, виршли и слично со нов рок на трајност и се така додека не се продаде, никој никаде нема уништено сувомесно со поминат рок!
 
Доста бе веќе се и припишуваш на СФРЈ! Сега и афтокефалноста на црквата и ја подреди. Го претера бе човеку! Имаш ли грам свест и грам познавање на историјата на МПЦ??? Немој да кажеш и дека СФРЈ ја формирала Македонија жити петокраката црвена на тробојката!
Еми сега ако тргнеме наназат кон далечната историја, во последни 2500 години освен Александар Македонски и Тито, никогаш Македонецот немал слобода да се нарекува Македонец, пишува зборува учи.. на македонски јазик.
А веќе ко толку ја знаеш историјата на МПЦ, да ни кажеше вака сите нам кога во историјата постоела Македонска Православна Црква?
 
Последно уредено:
Доста бе веќе се и припишуваш на СФРЈ! Сега и афтокефалноста на црквата и ја подреди. Го претера бе човеку! Имаш ли грам свест и грам познавање на историјата на МПЦ??? Немој да кажеш и дека СФРЈ ја формирала Македонија жити петокраката црвена на тробојката!
Знаеш ли во која година е конечната стандардизација на македонскиот јазик? :icon_lol:
 
За тоа така е, колку леба ке резервираш толку утре ке земиш а во сабота мораше да земеш леб за да имаш и во недела оти во недела дуќаните работеа до 10 и немаше леб.
Де објасни ми како тоа милијардер да не може леб и млеко да си купи?
Се работи за основни човечки потреби а не за луксуз!
сега се ПОВЛЕКУВА за да пилешките гради повторно ги извртат низ мелницата и ги запаковаат како посебна, виршли и слично со нов рок на трајност и се така додека не се продаде, никој никаде нема уништено сувомесно со поминат рок!

Не значи дека ако ова не го кажувале на "филмске новости" дека ова не било практика.

И не збори за сувомеснати призводи пошо е смешно, посебна салама беше нешто "посебно" во тоа време, ај сеа јади таква салама да те видам
 
Де објасни ми како тоа милијардер да не може леб и млеко да си купи?
Се работи за основни човечки потреби а не за луксуз!

Не значи дека ако ова не го кажувале на "филмске новости" дека ова не било практика.

И не збори за сувомеснати призводи пошо е смешно, посебна салама беше нешто "посебно" во тоа време, ај сеа јади таква салама да те видам
Затоа што тогаш работникот- човекот беше заштитен и никој не го тераше да работи во недела и за празници а не како сега не се знае ни празник ни делник за бедни пари. Народот си беше научен на ред и си купуваше навреме, не се секавам некој да останал без леб. Џабе сега работат продавниците 24/7 кога народот нема пари.
 
Ако се земе во целина, освен извесни придобивки во почетокот на двете друштва подоцна и двете полека тивко го поништуваат македонскиот народ.
Затоа не може од две тешки дијагнози да се утврди која е подобра.
 
Ахам, а еве имаш пари, ама ете си букирал само 2 леба у локалната продавница, ако случајно ти дојдат гости, ти и гостите до крајот на денот ќе стоите гладни иако имате неколку милијарди динари :icon_mrgr:

Друже, многу си бил гладен тогаш и ретко си ја јадел затоа ти била толку вкусна, сеа сте се аздисале па ништо не ви чини.
За разлика од сега ,тогаш можев да ги одведам гостите во кафана , па ич да не му се косам , дали има или нема леб порачано.
 
Затоа што тогаш работникот- човекот беше заштитен и никој не го тераше да работи во недела и за празници а не како сега не се знае ни празник ни делник за бедни пари. Народот си беше научен на ред и си купуваше навреме, не се секавам некој да останал без леб. Џабе сега работат продавниците 24/7 кога народот нема пари.
Па така кажи бе друже, не ми се работи.
Велиш бедни пари, ама објасни ми како тоа сите кафани се пуни, низ улици паркинг нема шанси да најдеш, за разлика кога во времето на СФРЈ фудбал можеше да се игра по улица, како тоа во Охрид нема игла кај да фрлиш и како тоа на граничниот премин "Богородица" има секое лето стампедо?[DOUBLEPOST=1437078943][/DOUBLEPOST]
За разлика од сега ,тогаш можев да ги одведам гостите во кафана , па ич да не му се косам , дали има или нема леб порачано.
Да секако дека си можел, ако ти останале пари од кредитот :pos:

И тие пари случајно не се бонови за храна
 
Па така кажи бе друже, не ми се работи.
Велиш бедни пари, ама објасни ми како тоа сите кафани се пуни, низ улици паркинг нема шанси да најдеш, за разлика кога во времето на СФРЈ фудбал можеше да се игра по улица, како тоа во Охрид нема игла кај да фрлиш и како тоа на граничниот премин "Богородица" има секое лето стампедо?[DOUBLEPOST=1437078943][/DOUBLEPOST]
Да секако дека си можел, ако ти останале пари од кредитот :pos:

И тие пари случајно не се бонови за храна
Работа и робовладетелство е различно.
Во СФРЈ кафаните беа празни? Не, беа полни и во нив народот нарачуваше лапачка и пиење до посер + убав бакшиш за певаљката, а не кафе и кисела вода. Се возеа и тогаш коли само што тогаш народот не тураше гориво за 100че ами додека не потече од резервоарот и кога се купуваше кола никој не прашуваше колку троши, никој не регистрираше кола на рати па да допре и до извршител, никој не плаќаше казни од по 500 евра.
Охрид и тогаш беше фул само што тогаш никој не земаше кредит за одмор и кога одиш на плаќа никој не ти проверуваше дали под јајцата имаш скриено шише вода или сок па да не купиш од него. А Грција и Бугарија беа сосем друга приказна, и Грците и Бугарите за Југословените беа втора класа, земја евтинија, никој не го полнеше гепекот со патлиџани ами одеше таму како господин, по ресторани плус и путка за една чрвена имаше таму, ама сега ни ја враќаат ебата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom