Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Побрзо отиди на Галијата, да не почне да тоне како врбите, водоскоците, мостовите, плажите, палмите и се останато кое треба со години да се одржува а не само да се направи.
 
Нема да дојдат никаде, ќе си останат „градителте“, но времето и парите ќе му надвиснат на проектот.
 
А како ли го цените проектот(никогаш недовршен) после земјотресот во кој беше ангажиран Кензо Танге? За многу успешен:)... Да не се оправдани ли се парите што тогаш се фрлале,
Да личеше барем на нешто Скопје, а не најгрд град во Европа и пошироко... Фијаско во секој поглед, од планирање до реализација, демографија итн. Дали не им текна дека во тие сиви згради што ги изградија дека ќе се пресели 1/3 од Македонија?
 
^
И ова ли ти е главниот аргумент за сегашното расфрлање пари по стиропор квазибарок?
 
^
Не, но ова е веќе видено , но за разлика од тој проект се надевам дека сегашниот проект ќе биде временски ограничен а не да се одолговлекува во недоглед.
Што се однесува до градбите, некои ми се ок некои не, спомениците во најголем дел сум за да се тргнат од центарот итн.
 
се надевам дека сегашниот проект ќе биде временски ограничен а не да се одолговлекува во недоглед.

И јас се надевав, ама проектот требаше да се заврши во 2014 (затоа и такво име му дадоа кога го почнаа), а сеуште се копа и прекопува претходно изграденото. Ни абер, ни глас дека некогаш ќе се заврши, панорамското тркало сигурно уште 2-3 години ќе се гради, после тоа којзнае што ќе се смисли.
 
не е толку проблем (не)вкусот на проектот скопје 2014, проблемот е превисоката цена спрема квалитетот на изграденото. Толку пари за гипс и картон што за година-две се ќе се распадне само од себе.
важно некои се обогатија, од голтари милионери станаат преку овој проект.

скопје 2014 е само грабеж на народните пари и ништо повеќе. но чим викате дека тоа се вмро-вски пари, тогаш ние неопределените да не се буниме многу.
чим вас не ви пречи, тогаш не треба и на нас да ни пречи. ние ќе си се возиме по автопатишта кои по квалитет ги надминуваат и германските.
 
Ај у Април ќе дојдат домаќините на власт па ќе срушат. Издржи.
Да, и ако нема друг начин како да се отплаќаат кредитите и долгот, ќе ги отплаќаме у натура со стиропор и палми.
 
Да, и ако нема друг начин како да се отплаќаат кредитите и долгот, ќе ги отплаќаме у натура со стиропор и палми.
Што би рекол М.П. - Ми изгледаш како некој кој социјалистичките станбени блокови ги смета за архитектонско богатство.
 
^
Не, но ова е веќе видено , но за разлика од тој проект се надевам дека сегашниот проект ќе биде временски ограничен а не да се одолговлекува во недоглед.
Што се однесува до градбите, некои ми се ок некои не, спомениците во најголем дел сум за да се тргнат од центарот итн.
Toa е целиот проблем...
Што се` уште се верува дека проективе се ограничени, а секој ден буквално никнуваат нови далеку помалоумни идеи. Од правење на масакр на зеленило, до лупање на стиропор по градби и ставање на крш споменици. Единствено тука ограничено што е, е некој да го подржува овој проект кому ќе му дојде крај само кога власта ќе падне.
 
Побрзо отиди на Галијата, да не почне да тоне како врбите, водоскоците, мостовите, плажите, палмите и се останато кое треба со години да се одржува а не само да се направи.
Парадоксално, галијата има цврсти темели, не се секирај...[DOUBLEPOST=1437036178][/DOUBLEPOST]
Побрзо отиди на Галијата, да не почне да тоне како врбите, водоскоците, мостовите, плажите, палмите и се останато кое треба со години да се одржува а не само да се направи.
Парадоксално, галијата има цврсти темели, не се секирај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom