Луѓе ве молам за помош и совет, т.е каде да се обратам. Имено живеам во околина со тешки простаци. Мојот комшија што живее на приземје земал да чува германски овчар, ама не го чува внатре во станот, туку пред балкон, т.е врзано за балкон. Да буквално таму кучето живее врзано за балкон на јавна површина која не е негова сопственост, него на сите станари, ама човекот очигледно си ја има присвоено како своја приватна сопственост и мисли дека може да прави што сака. Понекогаш го мрзи да го шета па го само го одврзува и кучето си шета само околу зграда. Кучето не е агресивно, ама не знам вие како би се чуствувале германски овчар сам да ви се шета пред влез. Има ли некоја институција каде што може да пријавам дека човекот наместо дома, чува миленик на јавна површина која им припаѓа на сите станари на зградата. Нешто ко она ако правиш ајвар пред зграда следува казна, само туку не е ајвар туку куче. Оние инспекциите што казнуваат за неставање маска и поводник на кучиња имаат ли надлежност за вакви случаи? Има ли некој закон што го регулира чувањето на миленици?Каде да се обратам? Немам јас ништо против него и кучето, сакам животни ама веќе ако толку сака да чува, него го земе и нека го чува ВНАТРЕ. Така подобро и за луѓето и за кучето.