Seavus курсеви?

  • Креатор на темата Креатор на темата mandy_ti
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јули 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
36
Дали некој посетувал курс за web developer во Seavus?
Дали сте задоволни од програмата, професорот и дали вреди за парите :)
Секоја информација е добродојдена.
 
Колку би можел некој да се снајде на тие курсеви да речеме со учен програмски јазик паскал во средно?
Глеам пишува секој со средно може да се пријави на курсот, али колку ќе научи е прашањето?
Или потребно е солидно предзнаење?
 
ех памтам кога професорот не учеше да пишеме хелоу у паскал и само тоа ми остана после 4 години, хепи тајмс
 
Мој другар посетува курс (додуша ова му доаѓа како академска година која се плаќа околу 2500 евра, освен ако не фатиш некој попуст или добиеш ваучер), а претходно немаше никаква допирна точка со програмирање. Се разбира доста во компјутери, но никогаш порано не работел некои програмски јазици. Доста е задоволен од предавањата и сите активности кои ги имаат во склоп на "струдирањето". Групите се од по 30-тина луѓе и меѓу нив има секакви, студенти од ФИНКИ, некои кои веќе работат како програмери, некои кои немаат допирна точка со програмирање, некои кои од дома ги тераат да завршат некој ваков курс итн :D
Е сега, другаров вика дека иако не се потребни никакви квалификации за да запишеш курс, освен да имаш завршено средно училиште, сепак професорите претпоставуваат дека тие кои го запишале курсот веќе ги знаат основните синтакси кои се слични во повеќето програмски јазици. Нормално, тој материјал со повторување на основните синтакси бил поминат набрзина, па потоа паралелно учат неколку програмски јазици кои се надоврзуваат еден на друг.
Имаат домашни, заеднички и индивидуални проекти, а во партиципацијата им е платено и полагањето за сертификат од мајкрософт.

Одев една недела на еден летен курс, чисто од љубопитност и можам да кажам дека има некои професори кои се ептен посветени и секоја чест за нив, ама имаше еден кој на пример не ми личеше дека ќе успее да те научи нешто. Другаров ми потврди дека од сите тие, он навистина најслабо предавал, не дека бил лош, меѓутоа многу брзал и не се навраќал на некои работи за кои сметал дека веќе треба да се познати.

Со други зборови, секој може да се запише на некој од курсевите, ќе добие добри услови да научи, но за сето ова треба паралелно многу да се вежба дома. Доколку не вежбаш самостојно и оставаш да ти се трупа материјал, џабе си потрошил пари.
 
Јас имав можност да посетувам крус за веб девелопмент во севус годинава. Искрено воопшто не сум задоволен и се откажав по неколку часа. Да почнеме од почеток.
На курсот бевме околу 10 луѓе. Повеќе од пола од нив беа целосни почетници во областа на програмирањето. Јас разбирам дека секој може да се запише на курс, но да почнеш од сервер сајд програмирање за мене е промашена работа.
Првите неколку часа, инструкторот ни предаваше за if, for, стрингови и што ти ја знам. Курсот требаше да опфати ствари како : design patterns, МVC, работа со бази на податоци, ооп итн., а на луѓето им требаа три часа да сфатат for како работи (не дека навредувам некого, сите почетоци се тешки, но според тоа што требаше да се опфати јас сметав дека е понапреден курс). Искрено не верувам дека ќе успеат ни 1/3 од наведените работи да научат.
За предавањата. Беа катастрофа. Инструкторот директно почна со објаснување код, без воопшто да каже што, како и каде се извршува. Воопшто не објасни како работат веб апликациите, дека има дел што се извршува на сервер, дел на клиент, како се одвива комуникацијата....
Самиот инструкор не разбираше некои основни програмски концепти, како пренос на променливи по вредност или референца, а да не зборам за некои работи кои се општи за скриптните јазици. Тврдеше дека рекурзија е кога нешто се прави одназад нанапред итн... Ова е реално искуство од еден курс, не значи дека на сите е така, но за 300 евра, колку што плаќаа луѓето, мислам дека беше факинг катастрофа. Па со тие пари ќе платиш 2 семестра на финки и ќе научиш 1250921582 пати повеќе.....
 
Тврдеше дека рекурзија е кога нешто се прави одназад нанапред итн... .
Oh God.
Ако немаш врска што е тоа, и одиш по некоја логика на зборови и општо знаење, може да е така. :D
 
А зошто воопшто некој би плаќал 300-500 евра за web developer курс, кога сето тоа знаење (и многу повеќе) може да го добие бесплатно!?
 
Ме чуди ова пишаново околу несериозниот пристап кон предавањата...Сивус е многу сериозна фирма во светски рамки и има многу квалитетен и добро спремен менаџмент кој сигурно не би дозволил потфрлање на ваков начин. Ако останат овој вид на курсеви подолго на понуда, верувам дека ќе изнајдат и оформат прави професионалци и профи програма наменета за соодветно ниво на знаење на учениците.

Околу познавањата...Треба да постојат програми за почетници (оние кои не знаат основни работи) и напредни (оние кои ги имаат основите на програмирањето и не треба никој да ги учи за циклуси, услови и слично).

Околу возраста...Колку помлад толку подобро. Најбрзо се учат и сваќаат работите во детството, на пример на 12 години. Како старееме се потешко се учи програмирањето. Но ако веќе имаме некакви основи за нешто, тогаш и не е така тешко да се надгради знаењето.
 
Здраво дечки, сакам да ве прашам и да ми дадете корисни совети околу програмирањево....Поточно, доста сум заинтересиран и имам голема желба покрај тоа што сум веб дизајнер да бидам и веб програмер. Единствено што имам познавање до сега е html и сss., сакам да научам и PHP MySQL и JS. Меѓутоа сакам прво да имам некое основно познавање од програмирањето, па после да навлезам поконкретно во овие програмски јазици. Дали знае да ме упати некој, каде би можел да почнам, на курс, на приватни часови....? Секој совет би ми бил добредојден :-) Фала унапред
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom