Специзам

Член од
13 јули 2015
Мислења
8
Поени од реакции
8
Со векови наназад луѓето ја злоупотребуваат својата надмоќ врз останатите видови но и врз самите себе си: трговија со робови, етничко чистење, геноцид, злоставување на жени и деца, присилно искористување на детски работен труд...денес се чудиме како нешто од набројаното некогаш воопшто можело да се случува и тешки ни се некако за воочување и во сегашноста истите стереотипи, истата обесправеност и насилство, иста злоупотреба на моќ. Некогаш тоа биле "само Индијанци", "само Евреи", денес се тоа "само бездомници", "само хомосексуалци", "само животни".

Специзам е недостиг на придавање иста обзирност и почит на некое свесно суштество, во зависност од припаѓањето на одреден вид, или карактеристики типични за некој вид. Со други зборови, специзам е дискриминација врз база на видот. Исто како расизмот што е дискриминација врз база на раса.

Терминот го востанови британски психолог Richard D. Ryder, 1970 г., со цел да укаже на острата морална разлика која специстите ја повлекуваат помеѓу луѓето и животните. Ryder во книгата "Animal Revolution: Changing Attitudes towards Speciesism" (1975) истакнува како припаѓањето на одреден вид не е релевантен критериум за дискриминација. Како и расите или полот, видот е вештачки создадена опшествена конструкција (класифицикација создадена од човекот), но не ја поништува главната и основната сличност која ја делат сите свесни битија - способност да чувствуваат болка.

Најеклатантен пример за специзам:

Една чаша млеко започнува со:
- брутално сексуално злоставување на бикот.
- силување (вештачко оплодување) на кравата.
- убиство на нејзиното дете (ако е мажјак) поробување (ако е женка)

Млечната индустрија е насилна, сурова и брутална од почеток до крај. Што сме ние? Варвари?
***
Нема оправдување за сурово и системско искористување на туѓата немоќ и злоупотребата и страдањата на мајки и деца кои не се од човековиот вид, но подеднакво страдаат. Во општеството во кое живееме, ние имаме опција да се правиме дека сето ова не постои. Но ако го правиме тоа, животните ја плаќаат цената - со својата слобода, со своите животи. Затоа ве повикуваме да размислите со своја глава, ги апстрахирате сите претходно научени тези (млеко е здраво), погледнете еден клип за да сватите како навистина изгледа одгојот на крави за млеко, да видите како крава плаче кога детето и го носат на колење; да видите како мало теленце ги лиже прстите на кланичарот, зошто му асоцираат на вимето на својата мајка. На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?

Животните немаат моќ на говор за да можат сами да се одбранат, а засегнатите луѓе се единствени кои може да говорат и се борат за нивните права и влиајат.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?
зошто да не пиеш млеко од жена која дои?? ем си играш со големите набрекнати цициња, ем нутритивно се исполнуваш. две во едно, а задоволството на квадрат!
 
C

Castiel

Гостин
И тука ли ќе замарате бе . Доста по фб замарате и тука ли ќе го тупите.:facepalm::facepalm:[DOUBLEPOST=1436742322][/DOUBLEPOST]
Со векови наназад луѓето ја злоупотребуваат својата надмоќ врз останатите видови но и врз самите себе си: трговија со робови, етничко чистење, геноцид, злоставување на жени и деца, присилно искористување на детски работен труд...денес се чудиме како нешто од набројаното некогаш воопшто можело да се случува и тешки ни се некако за воочување и во сегашноста истите стереотипи, истата обесправеност и насилство, иста злоупотреба на моќ. Некогаш тоа биле "само Индијанци", "само Евреи", денес се тоа "само бездомници", "само хомосексуалци", "само животни".

Специзам е недостиг на придавање иста обзирност и почит на некое свесно суштество, во зависност од припаѓањето на одреден вид, или карактеристики типични за некој вид. Со други зборови, специзам е дискриминација врз база на видот. Исто како расизмот што е дискриминација врз база на раса.

Терминот го востанови британски психолог Richard D. Ryder, 1970 г., со цел да укаже на острата морална разлика која специстите ја повлекуваат помеѓу луѓето и животните. Ryder во книгата "Animal Revolution: Changing Attitudes towards Speciesism" (1975) истакнува како припаѓањето на одреден вид не е релевантен критериум за дискриминација. Како и расите или полот, видот е вештачки создадена опшествена конструкција (класифицикација создадена од човекот), но не ја поништува главната и основната сличност која ја делат сите свесни битија - способност да чувствуваат болка.

Најеклатантен пример за специзам:

Една чаша млеко започнува со:
- брутално сексуално злоставување на бикот.
- силување (вештачко оплодување) на кравата.
- убиство на нејзиното дете (ако е мажјак) поробување (ако е женка)

Млечната индустрија е насилна, сурова и брутална од почеток до крај. Што сме ние? Варвари?
***
Нема оправдување за сурово и системско искористување на туѓата немоќ и злоупотребата и страдањата на мајки и деца кои не се од човековиот вид, но подеднакво страдаат. Во општеството во кое живееме, ние имаме опција да се правиме дека сето ова не постои. Но ако го правиме тоа, животните ја плаќаат цената - со својата слобода, со своите животи. Затоа ве повикуваме да размислите со своја глава, ги апстрахирате сите претходно научени тези (млеко е здраво), погледнете еден клип за да сватите како навистина изгледа одгојот на крави за млеко, да видите како крава плаче кога детето и го носат на колење; да видите како мало теленце ги лиже прстите на кланичарот, зошто му асоцираат на вимето на својата мајка. На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?

Животните немаат моќ на говор за да можат сами да се одбранат, а засегнатите луѓе се единствени кои може да говорат и се борат за нивните права и влиајат.
Прво објасни каква врска има јадење месо со Геноцид, Расизам и семејно насилство. И каква врска има бикот со молзење на крава. Ебате исушените во мозок. Ви ја поскапеа тревата па трипате сеа.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Какви се па овие будалаштини сега!? На толку проблеми во државата и општеството, се наоѓаат некои абдали што се филмаат дека се исклучително напредни и сега ќе замараат со глупости!? Какви права на животни бре!? Кај нас се погазуваат ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА, овој за права на животни ми пишува!?
И не се работи за право на јадење месо и пиење млеко, туку за потреба на човекот за правилна нутриционистичка исхрана.
Меѓудругото, ако еден волк влезе во трло и издави 100 овци, дали ќе го судат за геноцид? :)
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Мислам дека свеста засега кај повеќето за жал е на многу пониско ниво, за да се прифати ова ќе треба да помине долг период во процесот на подигнување на свеста кај човекот, плус бизнис е во прашање сигурно нема индивидуалци вегани и вегатаријанци да го сменат функционирањето на светот едноставно некој пофитира од тоа, не гледам дека ова би можело било како да се изведе посебно не со овој начин на пропаганда или имаш свест или немаш трето нема!
 
Значи само веганите и вегетаријанците имаат свест?
 
D

Daedalus

Гостин
И тука ли ќе замарате бе . Доста по фб замарате и тука ли ќе го тупите.:facepalm::facepalm:[DOUBLEPOST=1436742322][/DOUBLEPOST]
Прво објасни каква врска има јадење месо со Геноцид, Расизам и семејно насилство. И каква врска има бикот со молзење на крава. Ебате исушените во мозок. Ви ја поскапеа тревата па трипате сеа.
Поентата е дека семејно насилство доведува до болка на створење кое може да искусува болка. Геноцидот доведува до одземање на животот на створење коешто има право на живот исто како што јадењето на месо повлекува болка на створење кое може да искусува болка и одземање на животот на створење коешто има право на живот.

Не си го сконтал ни тоа со бикот и кравата.
Сексуално злоставување на бикот подразбира насилна мастурбација за одземање на семето...
Сексуално злоставување на кравата подразбира ин витро оплодување на кравата што доведува до тоа кравата да роди, да дава млеко, а тоа млеко да се користи во индустријата.

Ја не се слагам со првичната поента на авторот али невкусно е да го/ја нарекуваш глуп/исушен у мозок/тревкар и слични стереотипни класификации првенствено без лично да го/ја познаваш, а второ кога ти не си ја сконтал поентата на постот, колку и да е погрешна според моите/твоите и ставовите на други луѓе..
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Па види не само тие туку сите оние кои не ги ставаат своите физиолошки потреби на прво место не согледувајќи ги страдањата на останатите, туку сочуствуваат со болката и ја земаат во предвид, кога егото ќе се стави во втор план тогаш може ова да се изведе ради свеста не ради ваквите проаганди зашто џабе се пропаганди кога човекот нема свест, едноставно не ја сфаќа поената...
Значи само веганите и вегетаријанците имаат свест?
 
S

StormRage

Гостин

Сериозно, овие работи ми немаат поента... Дали профитирање или преживување, и Дрекслмаер се насилни али пак никој не отиде да им ги запали фабриките или било шо. Гратис уште многу останати случаеви, но во никој случај не е исто.
 
C

Castiel

Гостин
Па види не само тие туку сите оние кои не ги ставаат своите физиолошки потреби на прво место не согледувајќи ги страдањата на останатите, туку сочуствуваат со болката и ја земаат во предвид, кога егото ќе се стави во втор план тогаш може ова да се изведе ради свеста не ради ваквите проаганди зашто џабе се пропаганди кога човекот нема свест, едноставно не ја сфаќа поената...
Знаеш дека и при произведување за храната за веганите страдаат и се користат животни така?[DOUBLEPOST=1436743605][/DOUBLEPOST]
Поентата е дека семејно насилство доведува до болка на створење кое може да искусува болка. Геноцидот доведува до одземање на животот на створење коешто има право на живот исто како што јадењето на месо повлекува болка на створење кое може да искусува болка и одземање на животот на створење коешто има право на живот.

Не си го сконтал ни тоа со бикот и кравата.
Сексуално злоставување на бикот подразбира насилна мастурбација за одземање на семето...
Сексуално злоставување на кравата подразбира ин витро оплодување на кравата што доведува до тоа кравата да роди, да дава млеко, а тоа млеко да се користи во индустријата.

Ја не се слагам со првичната поента на авторот али невкусно е да го/ја нарекуваш глуп/исушен у мозок/тревкар и слични стереотипни класификации првенствено без лично да го/ја познаваш, а второ кога ти не си ја сконтал поентата на постот, колку и да е погрешна според моите/твоите и ставовите на други луѓе..
Знам доста убаво што сакаат да кажат. Не го гледам ова прв пат. Али да го направиш човекот што јаде месо најголем криминалец е нонсенс. Ова веќе преминува во екстремизам.
 
ти демек си сконтал... мрш таму тревкар исушен глуп, ова она :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
D

Daedalus

Гостин
Знам доста убаво што сакаат да кажат. Не го гледам ова прв пат. Али да го направиш човекот што јаде месо најголем криминалец е нонсенс. Ова веќе преминува во екстремизам.
Нема везе, за тоа се слагаме.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Млечната индустрија е насилна, сурова и брутална од почеток до крај. Што сме ние? Варвари?
***
Нема оправдување за сурово и системско искористување на туѓата немоќ и злоупотребата и страдањата на мајки и деца кои не се од човековиот вид, но подеднакво страдаат. Во општеството во кое живееме, ние имаме опција да се правиме дека сето ова не постои. Но ако го правиме тоа, животните ја плаќаат цената - со својата слобода, со своите животи. Затоа ве повикуваме да размислите со своја глава, ги апстрахирате сите претходно научени тези (млеко е здраво), погледнете еден клип за да сватите како навистина изгледа одгојот на крави за млеко, да видите како крава плаче кога детето и го носат на колење; да видите како мало теленце ги лиже прстите на кланичарот, зошто му асоцираат на вимето на својата мајка. На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?

Ако погледнеме како изгледа една модерна млечна фарма во Холандија, Германија и општо во високо развиена држава...и во исто време ја споредиме со по-примитивен начин на одгледување, ќе останеме со заклучок дека животните кои живеат во модерни фарми не се среќни.
Ускратен им е контактот со свежа трева, а една кравичка е среќна додека си пасе свежа тревичка на отворено. Никакви технологии неможат да го заменат природното...плус млекото добиено од крава одгледана на примитивен начин е многу квалитетно, а начинот на одгој е похуман...Два прости примера...Примери за модерни фарми на јутјуб има доста...Се е бизнис...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
..... одземање на животот на створење коешто има право на живот.
...
Правата се човечки конвенции кои важат во општеството. Право на живот не постои per se во природата. Или си жив или не си. Точно е дека ние луѓето имаме мекакви романтични мисли за тоа како треба да стојат работите, ама оди објасни му го правото на живот на гладен лав. Или мечка.Ајкула? Сигурен сум дека радо би те сослушале, башка тоа што ги прибележуваат твоите зборови во тефтерче.

Успут, оти само свесните и живите суштества кои чувствуваат болка да имаат право на живот. Оти да не биде тоа универзално право на сите живи организми? Оти да не се опфатат и оние кои ќе бидат живи организми? И оние што биле?

Nonsense
 
Kajgana Shop

На врв Bottom