Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јунајтед можда не,ама Ван Гал и тоа како поготово ако не сака некој играч...Верувај ми на зборот...

А паметен клуб знае дека џабе ѕвезда-играч у тимот ако тренерот не го форсира и не му е у прв план.
Да ама Ван Гал не сака да си оди Ди Марија. Новинари блиски до клубот демантираат секаков трансфер на Анхел, сеа секако дека се` може да се случи во фудбалот но би рекла дека шансите за негово заминување се 5%. :)

Фали уште потврда од кај нас.
 
Во расправија со фан на Сити, новинаров на ББЦ вика дека Швајни ќе зема 125,000 неделно и цената е 8 милиони фунти

 
Да си честитаме нов играч или сеуште е рано??Во наредните денови очекувам Шнајдерлин да потпише и мојот омилен играч Отаменди.Ако е точно дека РВП си оди ондак ќе ни треба и солиден напаѓач,Кавани мислам оти би бил одлична замена..
 
Нека ни е со среќа швабата. Дали имало до сега Германец да игра за овој тим?

Иначе мислам дека ништо не губиме со овој трансфер. Не се многу пари за искусен играч кој има покрај себе освоено светско, ЛШ и наредно европско и кој до вчера беше клучен играч во Баерн и Германија. Сигурен сум дека Ван Гал ќе знае како да го искористи и дека трансферот нема да биде утка. Само не очекувајте дека ќе биде истиот оној играч кој беше за време на светското. Има помалце брзина, снага во него, а и мислам дека повеќе ќе се посвети на приватниот живот.
 
Кој е близок со @Armon ManUtd кажете му дека потпишавме некого со малце шпекулации, не мора да седи апиар офлајн на чет на ФБ.
 
Баварци (да не ве тагирам сега)...Швајни уште од сега сме свесни дека не е доведен за првотимски статус, туку за рационална ротација со Керик, Блинд и Шнајдерлин ако пристигне. Во тимов останавме само со Керик и Руни како поискусни играчи, па трансферот на Швајни е токму поради тоа, плус и поради блиската релација со ЛВГ. Како и да е, сигурно дека не е истиот од пред 2 години, но сигурно има и многу да понуди. Со рационална ротација може да се искористи до крајот на договорот.
 
И официјално на страната на Јунајтед пишува оти е постигнат договор за Швајнштајгер(ама презиме има нек си е*е мајката)
 
И за Пирло викаа така кога премина у Јуве, па видовме таму шо напраи.
Швајни е класа, многу ќе ви биде од корист. Ако го земете и Шнајдерлин и еден од Рамос/Отаменди за мене ќе бидете главни фаворити за титулата годинава.
 
Му одговорив мислам бе,Дармиан е добар со топка,знае да задржи посед и многу ретко зема непромислен дриблинг со кој би можел да изгуби топка и да се прими гол.Негде на почетокот Јанг играше вингбек и беше доста солиден на таа позиција па затоа можам да напраам споредба со стилот на игра од Дармиан кој е доста сличен со Јанг само со подобрени дефанзивни карактеристики.Едноставно тој ќе биде играч што си се придржува до дадените обврски на терен а не играч од типот Ди Мариа и Јанузај во смисла колку фрли рол си земаат кога се на терен.

Во сите анализи што ги прочитав за дечкото, ова му е наведено како downside. Посед и пасинг. Има само 78% успешни пасови. Единствената лоша страна кај него.
 
И за Пирло викаа така кога премина у Јуве, па видовме таму шо напраи.
Швајни е класа, многу ќе ви биде од корист. Ако го земете и Шнајдерлин и еден од Рамос/Отаменди за мене ќе бидете главни фаворити за титулата годинава.

И да ги земат далеку сме од фаворити. Челзи е комплетен и е прв кандидат за титула повторно според мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom