Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

CJnYIhHVEAA8VzP.png

Туку што бидна со Шнајдерлин? Нели обновивме преговори и...
 
Му одговорив мислам бе,Дармиан е добар со топка а знае да задржи посед и многу ретко зема непромислен дриблинг со кој би можел да изгуби топка и да се прими гол.Негде на почетокот Јанг играше вингбек и беше доста солиден на таа позиција па затоа можам да напраам споредба со стилот на игра од Дармиан кој е доста сличен со Јанг само со подобрени дефанзивни карактеристики.Едноставно тој ќе биде играч што си се придржува до дадените обврски на терен а не играч од типот Ди Мариа и Јанузај во смисла колку фрли рол си земаат кога се на терен.
Сличен стил на игра со Јанг?! :eek: Признај го имаш гледано помалце од мене. А јас едно пет пати се' на се го имам гледано со клубот и репрезентацијата. :D
А ова другово со фри рол-от на крилата. Нормално дека крила ќе имаат повеќе слобода во играта за разлика од бековите кај кои нели покритична е позицијата и мора подисциплинирани да бидат. Затоа во карактеристика што ја сака или не сака Ван Гал не можам ја сметам. :D
 
Во смисла дека доста трча и дека е пробивен баш како Ешли Јанг кога играше бек,нормално дека нема додирна точка кога игра крило.Значи го имам гледано кога и да играше против поголемите екипи плус Европа Лига.Нормално дека бековите се поограничени ама пример Валенсија знаеше да изгуби топка баш во критичен момент и да примиме гол после тоа.А тоа дека е сличен со Јанг во играта кога Јанг играше бек би можел да ти го потврди секој што ги прател барем неколку утакмици двајцата.
 
Па вие што го направивте Дармиан бе како да дошол од Казахтанска лига па анонимус бил,а проценувате дека може да биде ваков или таков од клипчиња од Јутуб.Значи Дармиан играше одлично последниве две сезони и баш затоа е прв избор во Италија.Изигра доста утакмици на високо ниво и реши неколку од нив,пример утакмицата каде што Торино го победи Јувентус после 20 години Дармиан даде гол и направи асистенција.
Има една изрека, прво рипни после викни опа ! Италијанската лига не треба да ни ја објаснувате сама за себе си кажува . А Торино пак кој фактор е у таа лига , тоа плус !
Туку да сме на јасно , сите сакаме да успее , да не исчури како некои други . Ке ни извинете што немаме време и можност почесто да ги скаутираме потенцијалните засилувања . Сиромашка работа , чуеш дека ке дојде некој , да не речам анонимус ,прогуглаш и то ти е !
 
Муабетов, ко лани за Бенатија :) Кога испаднаа шпекулациите, кај бе овој од слаба лига, го има ли некој гледано како игра, бла бла, кој се не стигна да игра за Манчестер, кога го прибра Баерн муабетите беа ене, си го земаа Баерн, си имаат сеа стопер, ние немаме, сега ќе растури кај нив... Истово и за Матео, може требаше да ни го прибере некој друг па да коментираме.

Олабавете се малце бе, 12 милиони фунти се, вреди ризикот.
 
смешки се фан клуб баерн минхен, според нив шванјшајгер е на ниво на величе шумуликовски али од друга страна ди марија според нив е на ниво на меси и ронално. незнам дали пратат што се дешава али ако им го шитнеме за 60 милиони ќе им го дадеме следниот Верон али оној Верон од Англија а не од Италија.

Па кога ќе размислиш подлабоко, земаме постар играч, ми се чини 32 дека има, тазе заљубен ерген со стаклени нозе... и несакам да бидам скептик, ама малце е несериозно да се надеваме дека во високо темпо може да ја изигра мачната премиерлигашка сезона. Остај таму у Немачка што ги мотаа сите тимови и си влегуваа одморени у ЛШ, овде на тие години е малце напорно да се постигне тоа.
Од друга страна ќе ни земат претпоставувам 20тина милиони, а можеме да добиеме играч што лесно ќе се повреди и пола сезона аут да биде. Притоа верувам дека и доста голема плата ќе зема за тоа.
Се разбира, ова е мрачното опозиционерско сценарио, инаку по природа не сум скептик, па верувам дека ќе ни се исплати за парите што ќе ги дадеме. И општо гледано, со толку пари потрошени време е некој поголем подвиг да се направи сезонава и да се мрдне нагоре и у ПЛ, особено во ЛШ
 
Аман бе луѓе, за Швајнштајгер станува збор, еден од најдобрите везисти во последнава декада, фудбалер кој има освоено се и сешто, како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Заборавивте какви проблеми имавме лани кога не играше Керик, сега носиме играч со големо искуство и 2-3 години помлад. Според мене со правилна ротација меѓу Керик и Швајни можеме да добиеме многу оваа сезона.
 
Јас лично сум оптимист за овој како беше у превод :D ,Швајни де ! Не мислам дека е перспектива , поради годините ама ке крпи на позиција самодоверба и искуство , додека се најде помлада алтернатива за Керик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom