Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.277
Мал си и на памтиш.Во ниеден твој пост не спомна дека таа југославија=србославија не чинела за тоа,не било средено за она.Значи се било идеално,така?Е па ајде одговори ми на прашањето кое тебе лично ти го поставувам 1000000 пати,а нигогаш не си одговорил бидејки не го знаеш ни сам одговорт,зошто дозволи да се распадне ако беше се сјајно тогаш?Каде беше ти тогаш кога се распагаше таа држава,а?Или можеби си дремел у некое кафанче надевајки се дека се ке биде во ред и дека е само лошо сценарио.
Никој не знаеше што не чека. Мислевме дека ќе си задржиме истите благодети и убавини и ќе одиме во уште поубав живот. Ни Туѓман ни Милошевиќ ни Љбпвчо ни Изедбеговиќ од трибини не порачуваа “ЌЕ ЗАТВОРИМЕ ФАБРИКИ ЌЕ ИМАМЕ ВОЈНИ ЌЕ УМИРАМЕ ОД КУРШУМИ ОД БОЛЕСТИ ОД ГЛЕД; ЌЕ ИМА КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ЌЕ ИМА ЕМБАРГА ЌЕ НЕ БОМБАРДИРА НАТО СО ДЕЦЕНИИ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ПОЛОШО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ НЕВРАБОТЕНОСТ ЌЕ СЕ ПРЕЗАДОЛЖИМЕ ЌЕ ЗАТВОРИМЕ ФАБРИКИТЕ ИЛИ ЌЕ ГИ ПРОДАДЕМЕ НА СТРАНЦИ ВО СОМНИТЕЛНИ ПРИВАТИЗАЦИИ, ЌЕ ПРАВИМЕ ГЕНОЦИДИ И ЕТНИЧКИ ЧИСТЕЊА... АКО ГЛАСАТЕ ЗА НАС“
Сегде беа ветувања за високи плати високи пензии по 2 коли секоја фамилија, се шо имавме плус уште убајни. И ги донесовме на власт. И почнаа од странство да идат националисти со идеи дека другиот народ мора да умре за твојот да живее, почнаа да пребројуваат кој кого повеќе убиваше во балкански во прва втора војна во 1545 дали србите заклаа или хрватите.... Од затвор беа пуштени националисти кои станаа шефови на гарди и полиции им се даде власт да примаат и отпуштаат по своја желба сегде почнаа чистки и отпуштања на национална основа, почнаа да летаат во воздух кафиќи и ресторани на срби во хрватска, се каменуваа хрватски излози во босна, почнаа ноќе да исчезнуваат луѓе и фамилии од малцинствата и никој не смееше да праша зошто... завладеа страв и желба за одмазда. Никој повече не споменуваше рајски живот со големи примања, од ко дојдоа на власт почнаа само националнио обележја, грбови знамиња химни, гарди окитени со сите можни национални симболи и порака “до оние другите“ дека нема повеќе шо да бараат со нас.
Од еуфорија за убав живот - настана хорор. И тогаш никој не се залагаше за некакво растурање на СФРЈ, сите завиткано велеа “конфедерација, лабава федерација, сојуз на држави“ Словенија кога го донесе својот устав во него пишеше дека важат се уште одредби на устав на СФРЈ кои не се во спротивставеност со словенечки устав.
Денес најголем процент на испитаници од Словенија до Македонија велат дека подобро се живеело во СФРЈ. Тоа го велам и јас кој и живеел и работел и тогаш и сега. Самата разлика меѓу тебе и мене во васпитање и понашање кажува дека тој систем беше подобар и поплеменит.
Последно уредено: