a бе деца, шо туку пребројувате лајкови? ти гарант и на фејсбук си бришиш профилни слики ако не ти ја лајкнат доволен број луѓе.
Ако појдеш на некој српски или грчки или бугарски форум каде на тема за Македонија тие шо пишат дека Македонија е Српска а Македонци Срби или Бугари или Грци добијат многу лајкови - то тебе ти е доволен доказ дека е така?
Админи, дајте бе некој возрасен зрел дискутант, не мом веќе да се објаснувам со деца кои се уште немаат сменето млечни заби
Да не испадне да ме викаш а бе чичо остарен........
По твоите постови се гледа колку си зрел во твоите дискусии.Коментираш и што треба и што не треба.Еднаш си градежен работник,па потоа офицер на бивша јна,па стана министер за здравство.Што е следното?Премиер ли....
Анализирајки ги твоите постови се гледа дека од таа страна на тастатурата е личност која не знае што да прави со своето време,па се расправа на форумот,а трагедијата да е поголема се обидува од петни жили со рекла казала муабети кои не држат вода дека порано било подобро.....
Во ниеден твој пост не спомна дека таа југославија=србославија не чинела за тоа,не било средено за она.Значи се било идеално,така?Е па ајде одговори ми на прашањето кое тебе лично ти го поставувам 1000000 пати,а нигогаш не си одговорил бидејки не го знаеш ни сам одговорт,зошто дозволи да се распадне ако беше се сјајно тогаш?Каде беше ти тогаш кога се распагаше таа држава,а?Или можеби си дремел у некое кафанче надевајки се дека се ке биде во ред и дека е само лошо сценарио.
Во секој твој пост ја величиш како да била Америка,мајката.Се било супер,капело мед и млеко сите биле задволни и весели.Е па ако биле сите весели и задоволни и се живеело убаво,зошто 91-ва се распадна?Јас колку што знам скапано железо се распага.
И сега после 24 години се обидуваш да ме убедиш дека тогаш се живеело убаво,а?Сакаш да ми кажеш дека тогаш немало убиства,немало дрога,немало манијаци тоа сакаш да ме убедиш ли?
Во таа земја се беше шминка и ништо повеке.Се клаљавте ко стапови на ветер со србите и хрватите,лепевте вештачко весело лице,а позади ги пцуевте на големо.....
Глумевте лудило од Триглав до Гевгелија дека е се супер,ама далеку беше од супер.Додека чопавиот загорец ви ги буташе доларите,знаевте да се про***ате за братство и единство,ама кога ги снема почнавте да се мрзите мегу себе.....
И сега после 24 години било супер.Кое супер бе,која убавина си видел во таа скапана држава,кажи ми?Дали си мрднал подалеку од тој Јадран и тоа прашање на која дестинација.Будва,Бечичи.....Хахахахахахаха.Зошто не си стапнал во Дубровник и Сплит,а?Да не си возел Цитроен или Голф во тоа време,или се траскаше со фико или скапана лада.....Купуваше роба која беше даааалеку од квалитет,а за дизајн и поубаво да не коментирам.Затоа се одеше во Италија по гардероба зошто имаше избор во таа земја,а?
Македонија ставена на маргините на државата по секој основ и во категорија неразвиена република.
Дај мислам договори се со себе кога ке постираш пак,зошто веке ми е смачено да ги читам твоите постови.А ако мислиш дека ке престанам да те реплицирам и да ти коментирам тука математиката ти е бајата.....
За крај поздрав другар градежен поручниче.....