Дај тогаш барем тука да ја преместиме дискусијава, затоа што веќе нема толку врска со оригиналното прашање.
Мислев на изолирање на настанот од неговиот природен контекст, кој ги вклучува сите можни чинители и „учесници„ во тој настан. Научниот приод подразбира редукционизам, за полесно согледување на испитуваното.
Во тој случај тоа е точно, и се прави со цел мерењата да бидат попрецизни. Но самиот настан никогаш не е целосно изолиран од контекстот, туку тој контекст пробува да се минимира. Сепак, без потрените услови настанот воопшто не би се појавил.
Теоријата за астериодот е само една од можните, но сметај дека поклонците на сциентизмот ги земаат општо прифатените теории за небаре вистинити објаснувања, без „резерва„ кон истите.
Тоа е нивни проблем, што не се заинтересирале да истажат нешто повеќе.
Велиш?...
Што значи тоа: дека медицината ја „пере„ вината од себе од можните несакани последици и истата (вина) им ја припишува на самите пациенти, кои и' се обратиле на медицината за помош?
Тo' ти е истата финта која ја практикуваат телевизиите и ни велат: оваа содржина не е наменета за деца, ама ако децата ја гледаат, ние (телевизијата, нели...) ама ич не сме криви тоа што некои несоодветно одраснати го гледаат она кое ние (!) го „пуштаме„ на ТВ.
Да во основа е истиот концепт, затоа што медицината и телевизијата не приморуваат никој да ги користи. Но најчесто изборот не е оставен на само на пациентот, затоа што тој најчесто го нема потребното образование за да ги знае добро можните последици. Затоа се тука лекарите.
А за тоа со телевизиите, тие не се одговорни за децата, секое дете има свој старател, ако детето гледало нешто што не треба тогаш тоа е неуспех на старателот. Тоа е исто како да забраниш голи слики во музеј, оти не на секој му се допаѓале такви слики. Па ако не ти се допаѓа не оди на изложба.[DOUBLEPOST=1436379016][/DOUBLEPOST]
"
"Денешната наука ги отфрла теориите кои не се согласуваат со дарвиновата" бреј ама конзерви. И после отворени за нови идеи дрн дрн.
Морам да признаам, ова и мене ми звучеше многу глупаво кога го прочитав. Точно е дека Дарвиновата теорија е една од основите на биологијата денес и во голема мера ја објаснува еволуцијата како феномен, но самата теорија не е совршена и се уште има простор за подобрување. Освен тоа, не можам да согледам каде овие тврдење се воопшто во конфликт со Дарвиновата теорија, макар да изгледа дека типов Ланза многу грешно ја има сфатена квантната механика.
Од друга страна не би верувал многу во било која изјава што после нејзе има „- тврдат научниците“ затоа што тоа ми изгледа како само така извадено од ***, без правилна референца и цитат за кој всушност го рекол тоа.