Дизајн препишан од французите у соработка со романците, мотор англиски дизајниран во 1951 година (ама важно првиот лет е во 1974
) митролез руски, ракетите на него се уште у тоа време застарени руски и амерички. Да не си пилот на овој авион, еден шип со ластегарка ќе го кутне.
Единствено југословенско е знамето на опашката.
Денес ни копија на руски митролез не можеме да напрајме, од 91 година сме паднати на питачи, па само види школскиот систем каков ни е јас немам доверба во ни еден “високо образован“ кадар кој дипломирал од 96-97 наваму, то е се приучено или реда ради поминало низ школство или со купени дипломи, вградуваме сега турски и најефтини кинески делови, градиме со нонејм материјали, возиме половни коли кои запад ги отпиша, увезуваме радиоактвни прехрамбени продукти, министер на одбрана ни беше командант на терористичка организација, историчари ни се со диплома од бугарски факултети, доктори дипломирани во Драч и Ресен, правници на факултет во Велмеј, информатичари студираат во Магарево......
Камо среќа барем еден бандаш од кола или барем сијалица да можеме да произведеме, камо среќа да можеме спортско авионче да направиме, за Американците е успех човечка мисија на Марс, за нас отварање на странска лента за кабли со плата од 8000 денари и без никакви права на работници, да можевме барем делче од поранешниот систем за здравство или социјала или плати и работнички права да имаме, да можевме барем знаме на опашка на авион да нацртаме без сугестии на странци, камо среќа да можевме барем да се прехраниме со сопствено производство место да увезуваме пченка, пченица ориз млеко домати грав пиперки краставици месо сирење, камо среќа да имавме барем еден погон со некои оригинални македонски производи наместо да ги носиме најефтините од турција кина и северна кореја, да можевме едни чевли салам да направиме место овие кинеските кои ни на умрени не им ги ставаат ко ќе ги погребуваат, најголем настан ни е кога кенија ќе ни подари амбулантно возило а УС АИД ќе ни поправи кров на училиште, стравуваме ако повеќе од 2 дена врне дожд оти ќе се исподавиме и ако наврне појќе од 20 сантими снег оти ќе останеме без струја и одсечени од светот. Можи најубо е да не прогласат за резерват па да идат станци во ландровери да не сликаат и ни фрлаат леб и конзерви паштета а ние ќе им правиме престави со гроктање и ржење