Грција излегува од Еврозоната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Не би било лошо во друга банка да си ги префрлите парите.

Не би рекол, Стопанска парите на штедачите ги има инвестирано кај нас, не во Грција. Генерално сигурни се депозитите, барем за сега.
 
За секој случај.
Немаш потреба од тоа не кревајте паника за бадијала само и да пропадне ко банка што е малку веројатно ги имаш следни опции :
Ќе ја купи некоја друга груопација или ќе те обештети држава во секој случај до 15 000 евра немаш гајле!
 
Јес да јужниве ич не ми се симпатични, јес да јаделе,пиеле, и сметката ја искинаа, и тоа со генерации, ЕУ се сосем во право и сосем легитимно бараат долгот да биде вратен... но...
Покажаа Грците дека имаат национална гордост! Имаат муда до колена! Нешто што за жал, ние никогаш не сме го имале, а како одат работите - нема ни да го имаме!
Ин честитам!
ЕУ е веќе сама по себе фарса. Можат комотно да си ја бутат знаете каде нивната солидарност и сета она пропаганда за некакви наводни вредности.
 
Зошто имам пречуство дека имаат некои големи руски гаранции за сево ова, иначе немаше толку убедливо да кажат НЕ. Ципрас без јак грб не би го правел ова што сега го прави.
 
Почнаа одма со лигавењето #Greferendum

Οχι βεεεεε !!!

Ципрас изјави,ќе продужиме да преговараме ама со наши услови со П.С. одма треба хуманитарна помош.Немаат Грциве контрола веќе за доста барања. :cenzura:
 
Грција и никогаш не била стабилна.Вештачки створена државаа од увек била на цицка и сталкени нозе.
Сегашнава состојба им е многу полоша од 70те години минатиот век кога 5 члено семество со 300-400 марки тераше 10-12 дена одмор од соништата.

Не за џабе на некој што е должен му викаат дужен си ко грчка.
Друже дај бе самобинирај се некако жити еден господ твој паторско антички , ај смараш више .
П.с поздрав до Меркелица и цела ЕУ или по ново(Европска ку*опушачка унија) со песнава
 
По мене, Грците не покажаа муда него покажаа страв од мењање на секојдневните навики и начин на живеење. Тоа му доаѓа исто како на лихварот да му кажеш, дома напраивме референдум и одлучивме да не ти ги враќаме парите. Лихварот оди до кола и го чисти гепекот за да ве збере цело (многудетно) семејство и да ве провози до темниците на околните скопски села.

Фактот што останува е дека и после ваков пацерски референдум, Германецот ќе има пак поквалитетен живот од Гркот, ќе има посигурна иднина итд. А на пацериве им останува да се радуваат дека покажале некакви муда, уствари покажале дека се белосветски мрзи кои мислат дека цел живот ќе тераат на лежи лебу да те јадам.

И малце поврзано со нас - од 0 до уопште, колку мислите дека нашиве политичари ќе извадат ќар за нашава држава од оваа ситуација кај Грците?
 
Друже дај бе самобинирај се некако жити еден господ твој паторско антички , ај смараш више .
П.с поздрав до Меркелица и цела ЕУ или по ново(Европска ку*опушачка унија) со песнава
Имаш некаков проблм?
Ако не ти се свиѓа некое мислење не го читај,уште помалку коментирај

А грците навиканти лежи лебу да те јадам допрва ќе го јадат стапот.
 
Јес да јужниве ич не ми се симпатични, јес да јаделе,пиеле, и сметката ја искинаа, и тоа со генерации, ЕУ се сосем во право и сосем легитимно бараат долгот да биде вратен... но...
Покажаа Грците дека имаат национална гордост! Имаат муда до колена! Нешто што за жал, ние никогаш не сме го имале, а како одат работите - нема ни да го имаме!
Ин честитам!
ЕУ е веќе сама по себе фарса. Можат комотно да си ја бутат знаете каде нивната солидарност и сета она пропаганда за некакви наводни вредности.
Јас па мислам дека покажаа дека се група на комплетни идиоти, како и преостанатите балкански народи. Мислам дека огромен дел од Грците воопшто не се информирани за тоа во каква ситуација се наоѓаат и какви им се алтерантивите за иднината. Гледајќи ги само изјавите кои ги даваат обичните граѓани кога ги интервјуираат на улица, е доволно човек да се фати за глава во неверување. Никаков политички sugarcoating нема да го смени фактот дека дури и надвор од Еврозоната ги чека, во најоптимистички сценарија, барем пола декада ужасно тешки години.

Ќе ги видат Грците, а и светот со нив, ефектите од оваа zero-sum гејм која ја играат кловновите Ципрас и Ват’дфакис. Сега веројатно ќе си ја добијат и монетарната политика назад, па ќе можеме да видиме од прва рака дали има нешто во теориите на многу економисти на континетот и преку Атлантикот дека со сопствена валута и целосна контрола врз монетарната политика ќе успеат да ја реинкранираат својата економија.
Само, убеден сум дека ни еден од тие економисти нема поминато ни ден на овие простори. Ова не е Западна Европа, Грција нема ни блиску доволен институционален капацитет да се реформира и да ги спороведе тешките одлуки што тек сега ќе треба да ги носат.
Јас мислам дека скапо ќе платат за овие, првенствено, политички ескурзии. Било каква вредност и да имаа нивните економски аргументи е сега целосно изгубена ради игрите кои ги играа. И тоа со играч кој е многу многу помоќен од нив и кој не верувам дека ќе простува.
 
Жежок шамар за Меркел и Оланд :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom