MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Напротив: неуспешните обиди успешно (!) се прикриваат од „јавноста„ па затоа модерните идолопоклонци со (неподнослива) леснотија ги прифаќаат научно-технолошките изуми, како „нешта„ до кои се дојдено „од прва„ и „нешта„ кои можат онака рутински, да се користат од било кого.[DOUBLEPOST=1435130813][/DOUBLEPOST]Никој не ги крие неуспешните обиди, напротив нивното објавување е многу важно за да се спречат истите тие обиди во иднината.
.
Дали почнува да ти текнува зашто се Дарвин и Маркс силно вградени во модерниот светоглед? Погорниов пост е очигледен доказ дека на модерните верници секогаш им треба уште и уште време, колку е можно подолго, за да се случи барем еден оптимистички настан.[DOUBLEPOST=1435131341][/DOUBLEPOST]Но не гледам проблем со довербата дека научниот процес кој досега секогаш носел нови откирија и подобрување на постоечките технологии. Но право, по одреден период технологијата можеби ќе стигне до некоја горна граница после што и не е можен некој значаен напредок. Но засега нема никакви индикации дека сме стигнале до таква точка или дека ќе ја стигнеме во скората иднина.
- Она кое ти се случува под носот и кое е очигледен процес, било работа на „интерпретација„?....- Ова не ми го одговори баш прашањето, значи сепак тоа „пророштво“ е оставено на сопствена интерпретација, и затоа многу луѓе се склони кон различни заклучоци. Ми е смешно тоа што таквата интерпретација е во ред во однос на пророштвата, а лошо е интерпретирањето на многу подобро документирани научни резултати.
- Не знам дали те сфатив добро, но ти велиш дека само царската власт е дадена од Бога. Зошто тогаш МПЦ ја признава оваа наша (не баш) демократска власт?
- Јас па цело време мислев дека вие ја читате 80% истата света книга. Како тоа тогаш толку да се разликуваат тие ваши верувања?
- Абе мене не ми е битно да бегам од Христос, сакам да бегам од овој лошиов антихрист, така да на Марс ќе бидам безбеден.
- Да, само царската власт е од Бога дадена и од Црквата благословена, за да се запази тројниот низ: еден Бог на Небесата, едем цар на земјата, една глава во фамилијата. МПЦ не е толку блиска со тековната власт, како што тоа се чини, туку е обратно: власта кокетира со Црквата. МПЦ никад не благословила ниту една власт, согласно црконвиот ред.
- Евреите велат дека се држат до Стариот Завет, што не е точно. Рисјаните се држат до Новиот Завет, односно до/во Црквата Христова.
- Штом стигнеш на Марс, слободно јави ми. Или, и за тоа ќе треба да ја чекам „светлата будуќност„?[DOUBLEPOST=1435131466][/DOUBLEPOST]
Кон болтот, а во контекст на истиот: премноги е наивно да веруваш дека со статистичка метода ќе докажеш процес, за кој треба набљудување и прибирање податоци во немерливо долг временски период. Нели...[DOUBLEPOST=1435131666][/DOUBLEPOST]Не ми е познато кои мерки се користат, најверојатно не постои никаква затоа што таква мерка не може да се создаде на индивидуално ниво, како што кажав претходно, таква мерка мора да биде статистички базирана на целата популација на еден вид. Истата таа популација треба да биде обзервирана во подолг временски период и во различни животни средини.
Премногу е наивно да претставиш еден комплексен феномен како прилагоденост на околината преку една мерка.
.
- Верните се потпираат на објавените вистини, а не на своите мненија. Науката навистина ги менува ставовите па токму тоа ја чини „пепогодна„ за вера и надеж во истата.- Убеденоста во своето мислење е нешто што е исклучиво присутно кај вас религиозните. Науката е секогаш способна за промена на своите ставови во однос на некој феномен, оттука и тие понови теории, кои ги споменуваш подолу.
- И да ти покажам цела листа на преодни фосили (еве, со вклучено објаснување во секоја референца), ќе тврдиш дека сите тие се измислени или грешно интепретирани од научниците.
- Преодните фосили се „ствар„ на човечко толкување, оти на самите фосили не е даден ниту еден датум.[DOUBLEPOST=1435131812][/DOUBLEPOST]
Колку примри се доволни?Прво и основно, еден пример не е доволно за докажување на правило.
Еве уште еден.
Во жалосна Макдонија, просечната плата да ти била цца 21000 ден. Распонот од плати во жалоснава е од некоја „цркавица„ од 8-9000 ден. кај текстилците па до 15 000 Евра кај извесни директори.
Што е точно, а што вистинито?[DOUBLEPOST=1435131961][/DOUBLEPOST]
Т.н. анкети се школски пример за погрешно внесени податоци.Второ, теоријата на статистиката само опишува како статистички да се проучуваат и обработуваат податоците, под претпоставка дека тие се точни. Ако е направена грешка при самото прибирање на податоците, статистиката не е крива за тоа.
Еве ти пример: во жалоснава, велат дека 75-80% од анкетираните граѓани, биле „за„ влез во НАТО и ЕУ. Лично, не можам да ги видам тие кои се за влез во НАТО и ЕУ.
Дека се, кај се кријат?
Пак некој лаже?[DOUBLEPOST=1435132039][/DOUBLEPOST]
Кон болтот: кај го виде напишаново?[DOUBLEPOST=1435132149][/DOUBLEPOST]Точно на глобално ниво стрелката на ентропијата е секогаш во еден правец, но сите примери кои ти ги наведе се на локално ниво. Дури во една од двете книги кои ми ги прати се потврдува дека постојаното зголемување на ентропијата е природен процес, книгата само додава дека Господ некако магично ја намалува ентропијата на некој одреден период, што мене ми е едно од посмешните тврдења што ги имам слушнато од некој религиозен кој тврди дека науката „произволно“ објаснува појави.
.
Ма секако дека си: изнесувањето мислење на основ од само една вистина, а без референца за вистината, е прилично храбар обид.[DOUBLEPOST=1435132252][/DOUBLEPOST]Не, прилично сум сигурен дека се баш синоними а не еуфемизми. Тоа посекако не е од никакво клучно значење.
.
Велиш, „...кај некои...„?Значи по незнам кој пат ти кажувам дека самата еволиција постои, затоа што во денешно време имаме набљудувано како еден вид преминува во друг, многу често се случува кај растенијата, а се има случено и кај некои птици, глувци и рептили.
.
Тоа значи дека еволуцијата делува само делумно, само кај одредени родови? Па нели еволуцијата беше универзален закон за Вселената и све во неа?[DOUBLEPOST=1435132426][/DOUBLEPOST]
Препрочитај си ги болтуваните зборови.Морам да признаам, пред да ги прочитам мислев дека првата книга ќе биде интересна а втората глупост, но беше обратно. Втората книга беше интересна (посебно делот за астрофизиката) и потенцираше некои недостатоци во науката, иако голем дел од нив веќе неколку децении се објаснети. Од друга страна, алтернативните објаснувања се до толку апсурдни, посебно во лицето на понови набљудувања, што и самите креационисти последниве години се одрекуваат од нив. Освен тоа, многу од објаснувања за овие феномени се контрадикторни од доаѓаат од најразлични теории кои не се компатибилни меѓу себе. Битно е да се негира моменталната научна теорија и да се даде објаснување како може универзумот да е „млад“, но не се гледа разните објаснувањата за различни феномени да се совпаѓаат меѓу себе, што создава еден куп контрадикции.
За првата книга нема ни да коментирам многу, затоа што самиот автор воопшто не ги разбира концептите на еволуцијата и презентира само примери за фосили каде што немало еволуција, а не дискутира или пробува да негира било кој од преодните фосили пронајдени во поскоро време. Сите негови критики се насочени кон стари фосили, за кои самата наука прво открила дека се погрешни. Неговите аргументи тука се всушност аргументите на самите научници кои ги откриле недостатоците на тие фосили.
Последно уредено: