СВЕШТЕНИЦИ И МЕРЦЕДЕСИ
Еднаш, во еден манастир видов монах, кој во вечерната темнина помина преку оградата и се упати кон селото. Еден би помислил “Овој блудник отиде во светот да твори блудни работи”, истата слика некој друг да ја видеше би рекол “Овој е крадецот меѓу браќата, сигурно отишол да украде нешто”. Трет би помислил “Ова е Божји слуга, отишол во темнината милостиња на народот да дава”. А зошто, се прашуваме, на една иста слика има три различни реакции? – А, затоа што секој по себе судел.
За оној што е блудник, преку својата призма и цел свет го гледа како таков. Крадецот целиот свет го гледа дека краде. За слугата Божји – цел свет угодува на Создателот. Ајде да се провериме и ние по тој пример. Ако нам ни се чини дека сите крадат, значи дека крадецот се наоѓа внатре во нас, во нашето срце. Ако според нас сите се блудници, значи дека и ние сме самите такви.
Целиот текст на линков:
http://www.pppe.mk/2015/свештеници-и-мерцедеси/