Слики во домот

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
18.832
Поени од реакции
47.259
Локација
Скопје
Не можев да најдам слична тема ни во „Архитектура, дизајн и уредување“, ни во „Дом и семејство“, ни во „Уметноста, литературата, јазикот“. Ако некаде постои слична, ги замолувам модераторите да ги спојат.

Од пред извесно време сум во потрага по решение да ги разубавам ѕидовите во мојата дневна соба и трпезарија со некоја слика (или уметничка фотографија, иако претпочитам слика на платно), затоа што сакам да внесам малку разиграност во дневната каде се ми е црно-бело. Како решение размислував за две опции:
-поскапата варијанта: оригинални дела на некој македонски сликар
-поевтина варијанта: реплики на некои повеќе или помалку познати сликари. Пронајдов студио кое изработува реплики за релативно ниска цена, на платно, со дигитално печатење. Изгледаат прекрасно, но секако - квалитетот не е на нивото на оригинална слика. Но на тој начин би можел да ја имам Starry Night на Ван Гог над гарнитурата во дневна. :P

the-starry-night-1889(1).jpg!Blog.jpg


Од правците во сликарството најмногу ме импресионира импресионизам, па барајќи уметници чии дела би можел да ги употребам (доколку ја одберам втората опција), наидов на белорускиот нео-импресионист со еврејско потекло, Леонид Афремов, чиј стил е навистина импресивен, колоритен и уникатен. Подолу некои од неговите дела:

il_fullxfull.516922303_hxu0.jpg


image.php


tumblr_miqb4gnJrK1qlq9poo2_1280.jpg


leonid-afremov-devinne-reflections.jpg


beach_time___leonid_afremov_by_leonidafremov-d31khdf.jpg


Откако го открив Афремов, се наметна и трета опција: авторот ги продава своите слики исклучиво преку интернет, па би можел да купам негови оригинали. Но - исто така и оваа е поскапа варијанта.

Што мислите вие? Што е најдобро да се избере?

Какви слики вие поседувате? Каде е најдобро да се постави пејзаж / панорама, а каде портрет или мртва природа?

Темава нека послужи и за вашите слики во домот. Слободно постирајте фотографии како се украсени ѕидовите во вашата дневна соба, спална соба, трпезарија... Штом ќе се одлучам јас, ќе прикачам и мои. ;)
 
Оваа од секогаш ми била чудна, ама стои многу време.
Jaka.jpg
Има и полно гоблени со рачно исплетени слики ама класика се тие, скоро секој ги има.
 
Ако веќе планираш да ставаш слики, нека бидат оригинални уметнички. За мене тие имаат посебна вредност, друго е кога ќе видам потпис од авторот. Не знам колку е скап горенаведениот што го предложи, но има и евтини оригинални слики кај нас. Пред 2 години земав за 2500 предобра слика од Т.Ц Бисер во едно мало продавниче, мислам уште постои. Ова исклучиво за дневна. А за спална, детска, најубаво е да залепиш големи стикери или готови платна наредени како сложувалка. Истите ги имаш на aliexpress и се многу евтини. :D
 
Meне ми се допаѓаат ваквите слики што се од повеќе делови.

11350525_943353469048049_3144150062013787864_n.jpg
11001871_894543217262408_3714676574964689106_n.jpg

Не изгледа лошо и вака. :D

van.jpg
aaa.jpg
 
Кај мене дома сликите се оригинали, од кои повеќето се бои/масло на платно. Имам неколку нови што се како печатени на картонче и имам неколку кои незнам дали воопшто спаѓаат во групата на слики........, нешто како слика на (гипсано) тањирче........, нешто како она што погоре го постираше @Samurai Jack .

Иначе најдобро е да купиш оригинал или да најдеш некоја слика на интернет или твоја, па да нарачаш да ти ја насликаат. Исто така имаш слики, т.е. принтано/печатено платно (читај фабрички готово), дотерано во вид на слика. Евтини се и мислам дека ги има во Базаро, Бриколаж... (дури можеби и во Сити Мол/Карфур и Џамбо). Јас такви би ставил.

:)
 
Кај мене дома сликите се оригинали, од кои повеќето се бои/масло на платно. Имам неколку нови што се како печатени на картонче и имам неколку кои незнам дали воопшто спаѓаат во групата на слики........, нешто како слика на (гипсано) тањирче........, нешто како она што погоре го постираше @Samurai Jack .

Иначе најдобро е да купиш оригинал или да најдеш некоја слика на интернет или твоја, па да нарачаш да ти ја насликаат. Исто така имаш слики, т.е. принтано/печатено платно (читај фабрички готово), дотерано во вид на слика. Евтини се и мислам дека ги има во Базаро, Бриколаж... (дури можеби и во Сити Мол/Карфур и Џамбо). Јас такви би ставил.

:)
Дај да ги видиме тие оригиналните. :pipi:
 
Баш Дигитал Принт студиото за кое зборував во воведното мислење печати слики на тој начин: во повеќе делови. Интересно изгледа. Една слика станува композиција од неколку (три до пет) слики. (y)
 
А колку чини печатење на слика на платно (Canvas print)?
 
Дали знае некој каде принтаат слики на платно во големи димензии (минимум 200х100 cm)?
 
Back
На врв Bottom