Сакам да зготвам: ... помош!

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.317
Ај кажете некој рецепт за печено свинско со компир и/или ориз и/или грашок.
Ризи бизи:
Го пропржуваш кромидот (една помала главичка), додаваш предходно сварен ориз (околу една шоља) и грашок од конзерва. Пропржи се неколку минути со нежно мешање оти ке изгмечиш се ако мешаш поактивно, додаваш црн пипер и сол. Тоа е тоа.
Свинско месо не јадам, немам идеја како да го приготвиш.
 
I

[In]kognito

Гостин
Ај кажете некој рецепт за печено свинско со компир и/или ориз и/или грашок.
Сечкаш мала главица кромид,малце лук,сечеш компири,ставаш мала конзерва грашок,сол,црн бибер, зачини по желба,додаваш салца или доматно пире. Мешаш сѐ заедно. (јас ова го правам со готов гулаш,место салца,од сосот во него има преубав вкус) и печеш. Свинското не знам како се приготвува,не сум правела до сега.
 
I

[In]kognito

Гостин
Дечки ај помош,сега биле пости па некоја рецепта за посно благо (како некое ролатче) и за солено, некоја пита или нешто лесно интересно а не погача баш.
Фала :)
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.317
Дечки ај помош,сега биле пости па некоја рецепта за посно благо (како некое ролатче) и за солено, некоја пита или нешто лесно интересно а не погача баш.
Фала :)
Посна бајадера бе срцка
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Не ми праи многу мерак сакав нешто полесно за јадење, за благо смислив. Соленото ми е поголем проблем,т.е. моментот што не знам со што да ја полнам погачата :)
Ако правиш погача полни ја со растително сирење, а ако правиш пите полни ја со компир и кромид............., нешто повкусно нема:)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.851
Поени од реакции
20.350
Не ми праи многу мерак сакав нешто полесно за јадење, за благо смислив. Соленото ми е поголем проблем,т.е. моментот што не знам со што да ја полнам погачата :)
Sega e vreme, za blitva, shtavelj i spanakj, prvo pred da gi stavis vo pitata, podvarigi kratko, poslem toa vo tava so malku maslinovo maslo, proprzi praz i dodaj ja obarenata blitva, po zelba zacini i mozes lukce da si stavis ako jades, neka se oladi malku filot i napolnija pitata, povkusno amin.
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.317
Не ми праи многу мерак сакав нешто полесно за јадење, за благо смислив. Соленото ми е поголем проблем,т.е. моментот што не знам со што да ја полнам погачата :)
Со грав :D Нека не те лажи умот со растителен кашкавал, ке ти се згади животот. Со спањак или коприви можиш, коприви и црвена сува пиперка.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
Луѓе, која е разликата меѓу правење домашни јуфки и лазањи?
Поточно, ми треба постапката за лазањи. Имам машина, знам каква форма треба (најверојатно истото тесто како за јуфки што го подготвуваме), тоа се' океј... ама како да направам потоа кога ќе се сушат, да не испукаат? Има некоја постапка?
Бидејќи не можам да барам преку мобилен, а сакам да направам домашни лазањи. Помош? :X3:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.851
Поени од реакции
20.350
Луѓе, која е разликата меѓу правење домашни јуфки и лазањи?
Поточно, ми треба постапката за лазањи. Имам машина, знам каква форма треба (најверојатно истото тесто како за јуфки што го подготвуваме), тоа се' океј... ама како да направам потоа кога ќе се сушат, да не испукаат? Има некоја постапка?


Jas kolku sto znam testoto e isto, samo treba malku po debeli da gi pustas nego sto gi pustas juvkite, i ti trebaat dvajca ti da gi vadis nekoj odma da gi redi na suvo, mislam deka nema da ti ispukaat nie pred dve godini pravevme so svekrvami super iskocija, samo ti vikam gi pustivme malku podebeli od juvkite.
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.317
Луѓе, која е разликата меѓу правење домашни јуфки и лазањи?
Поточно, ми треба постапката за лазањи. Имам машина, знам каква форма треба (најверојатно истото тесто како за јуфки што го подготвуваме), тоа се' океј... ама како да направам потоа кога ќе се сушат, да не испукаат? Има некоја постапка?
Бидејќи не можам да барам преку мобилен, а сакам да направам домашни лазањи. Помош? :X3:
Рецепт што ми го даде мајка ми, ради то што не ги сакам готовите кори за лазањи одкако последен пат кога купив најдов некое суво створење во кутијата, го пробав пред некој ден и мене ми успеа:

- 500 грама брашно
- 5 јајца
- 1л. сол
- 1л. масло

Во средината на брашното ги ставаш 5те јајца, додаваш сол и масло и месиш тесто. Го ставаш околу 15тина минути и после тоа ја тегниш и ја сечиш на колку парчиња сакаш ти. И тие парчиња почнуваш да ги врвиш низ машина (јас немав машина и пред неколку дена кога правев лазањи со сукало демек ама тешко одеше). Јас извадив од ова количина некаде околу 10 демек правоаголници. И одма ги ставаш во малку солена вода да провријат, околу 3-5 минути ги оставив јас зависи од дебелината.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.692
Луѓе, која е разликата меѓу правење домашни јуфки и лазањи?
Поточно, ми треба постапката за лазањи. Имам машина, знам каква форма треба (најверојатно истото тесто како за јуфки што го подготвуваме), тоа се' океј... ама како да направам потоа кога ќе се сушат, да не испукаат? Има некоја постапка?
Бидејќи не можам да барам преку мобилен, а сакам да направам домашни лазањи. Помош? :X3:
Шумеча на едно јајце оди 100 грама брашно. И немаш утка. По правило тестенините се месат само со остро брашно и најтешкиот дел ти ќе го прескокнеш зошто имаш машинка.

И се оставаат барем еден саат во фрижидер на сушење, и тоа е тоа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Ми треба помош за подготовка на мариниран стек. За поховање после лесно ми е, ама ова маринирањево го немам баш увежбано.

1. Го сечам стекот на парчиња
2. Лупање со чекичот
3. Малку зејтин ( ? )
4.Сол, кари итн...
5. Млеко во садот каде што стојат
6. 2-3 саати да отстојат во фрижидер пред пржење

Am i doing it right ? :D

П.С: Ако може некој побрзо да ми одговори, итно ми е :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Има ли некој правено домашен чиа пудинг и притоа да му успее?
Правев според рецепт од интернет и не ми нарасна семето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom