Закинтос

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.465
Поени од реакции
17.964
Oд 1-5 зa aпaртмaните дaвaм 3(дa не сум билa у луксузни студијa ќе имaa 4+)
Зa двoрoт 10+ ,зa гaздите 10 ,зa пoгледoт oд терaсa и зa дење и зa нoќе немaм oценкa
Сaмиoт фaкт декa секoјa вечер имaше некoј сo прoфи aпaрaт дa гo сликa пoгледoт кaжувa се.
Пo кaфaни не седеме oти пoсле тешкo стaнувaме
Вo Зaнте имa Лидл и oд тaмa пaзaрувaвме,aмa зa секoјдневни пoтреби oд Фрoг мaркет(втoриoт мaркет премa aргaси мислaм oти беше).Имaт НАЈДOБРИ дoмaшни мaслинки и тoченo винo.
Гирo имa и нoгo е ефтинo 2-2.5еврa .
Вo Зaнте мoрa дa oдете нa слaдoлед вo Дoдoни ,пoубaв немaм јaденo у живoт.
Oд гaздите нa вилaтa дa си земете дoмaшнo м.мaслo и мaслинки oд Фрoг.
Вo Аргaси не oдевме нa плaжa oти не дoјде ред.
Имa мнoгу плaжи кoи вредaт пoвеќе.
Морам да те пофалам заедно во пакет со сите предлози кои ги даде тука на форум, од кои ниту еден не ме разочара.

Пред се сакам да се придружам на твојот предлог и пофалбите за сладоледот, кој сигурно е најдобриот кој сум го имам пробано во животот, иако, во име на информираноста, ќе споменам дека е прилично скапичок(1.8 евра топка). Што секако е за очекување:)

Вилата ги надмина сите мои очекувања, хигиената е на врвно ниво, газдите се прекрасни и услужни, иако сеуште не можам да го провалам шпоретот и како тоа тој се најде врз фрижидерот:icon_lol:

Во Аргаси не бевме на плажа и мислам дека ги прошетавме сите попознати плажи, од кои морам да ги пофалам Xygia со прекрасната боја и кристално чистата вода, без разлика на непријатниот мирис на сулфур на кој се навикнуваш. Ако некој оди на оваа плажа, никако да не ги пропушти двете водени пештери до кои се стига со десетминутно пливање и се уникатно искуство, кое за жал не можев да го фотографирам. Потоа морам да ја пофалам Дафне, со предупредување дека иако не е толку многу средена и искомерцијализирана, па можете да налетате и на некој нудист, сепак нема да ве разочара со чистотата на водата и ситниот песок, нешто слично на Геракас, која мене ми остави најголем впечаток. И на Геракас ќе сретнете нудисти, на краевите на плажата, но никако не смеете да ја пропуштите(мене ми е нумеро уно). Порто Азуро е ок, иако не успев да ја лоцирам плажата со глина која е во близина на Азуро. Дента кога бев на Азуро имаше бранови, кои само го надополнија впечатокот. Банана и Свети Николас, според мене ништо посебно, иако не се лоши. Сепак, не сум љубител на плажи каде има гужви. Имате превоз до овие две, кој е се само не бесплатен, бидејќи ќе ве кошта 6 и 8 евра соодветно, само лежалки, без пијачка и со превоз, што според мене не вреди. Подобро изнајмете си превоз и прошетајте по островот и посетете ги другите плажи, па макар и без лежалка, но барем ќе имате можност да се изнагледате убавини. И секако, ќе ја вбројам како предлог и Камео, која се наоѓа на Агиос Состис, прекрасно островче поврзано со мовче со копното. Плажата наликува на Градиште третата плажа, влезот е 4 евра од лице со вклучена пијачка(не баш се, кафе, пиво и слично, за коктели се доплаќа).

Островот нуди многу, а за да се долови и доживее барем дел потребен е секако превоз. Моја препорака е кола, ило барем баги, а веспа не препорачувам од причина што теренот е претежно планински, па не знам колку веспа ќее заврши работа посебно ако се работи за две особи.

И морам да додадам дека никако не смеете да го испуштите Кери и погледот над Кери над целиот остров, од ресторанот и местото кое е означено дека го чува куче(хинт- лажат). Во ресторанот, пред кој пишува дека фотографирање е дозволено само за муштерии, келнерот малце повеќе се возбуди, али кој го врти, нека ме натера со сила да пијам кафе;) Претпоставувам дека е прилично скапичок, со оглед на панорамата која ја нуди. Тие две глетки, не смеете за ништо на светот да ги пропуштите. Јас имам фобија од високо и нозете ми се тресеа дур ми се вртеше во глава дур ги правев фотките(ќе ги стаам за една недела).

Исто, не смеете да пропуштите панорама над Занте, на целиот град, не ми текнува како се викаше местото. Бев навечер и цела глетка беше магична.

Ако престојувате во Аргаси, за рентање кола ви го препорачувам Питер, одма после Фрог од лево првата агенција(човекот е закон, ќе се уверите).

Што и да треба, прашајте.

Ми остана уште Наваџо:vozbud:
 
Последно уредено:

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892

Јас тргнувам на 9ти Јули, до тогаш зимам тефтер и од сите вас тука збирам податоци, за да распределам у 9 дена да се постаса се :D *Сместен во Аргаси, бидејќи одам за да уживам у убавините, не да се пијанчам.
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Многу многу ме интересира како можам да стигнам на плажата Navagio и да се качам на карпата горе.

Дали се оди со брод и дали може да се поседи 2-3 саати на тоа преубаво место? Што подолго би останал тоа поубаво!

Ви благодарам добри луѓе !!!

Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29

На плажата се стига со брод ( крстарење, кое чини околу 20 евра), и се останува 1 саат од прилика, саат ипол максимум. А за на карпава тешко дека можеш да се качиш од плажата :D[DOUBLEPOST=1434931698][/DOUBLEPOST]
Сите плажи во Лаганас се слични може малце поатрактивни за млади со погласна музика и забава беа при крајот на Лаганас (према аеродромот). а за женски има секаде у секој кафич клуб дискотека 80% (барем јас кога бев) беа англичанки остантиот дел срби (според моја проценка), па ако идете за женцки со среќа во нивно наоѓање. во нашата вила имаше исто млади дечки од мк (5-6) првите вечери излагаа со голем ентузијазам дека ќе ќарат нешто ама се враќаа разочарани и копопарени, а после 3-4 вечери мислам дека остаотокот од одморот не ни излегуваа.
Се вратив пред некој ден, иако не ми се враќаше. Во врска со женските, тој впечаток го добија и мојте другари, бидејќи незнаеја англиски и не пиеја ништо освен вода и џус. Планирам да се враќам за работа таму наскоро, има ли некој искуство со наоѓање работа во Лаганас? Зборев со некој менаџери, и ми рекоа дека е лесно да најдеш ако знаеш србски и англиски добро.
 
D

DAoliHVAR

Гостин
Сите плажи во Лаганас се слични може малце поатрактивни за млади со погласна музика и забава беа при крајот на Лаганас (према аеродромот). а за женски има секаде у секој кафич клуб дискотека 80% (барем јас кога бев) беа англичанки остантиот дел срби (според моја проценка), па ако идете за женцки со среќа во нивно наоѓање. во нашата вила имаше исто млади дечки од мк (5-6) првите вечери излагаа со голем ентузијазам дека ќе ќарат нешто ама се враќаа разочарани и копопарени, а после 3-4 вечери мислам дека остаотокот од одморот не ни излегуваа.
hahahah
сеа не ни ми се иде а више уплативме.
Тоа англичанките неќат балканци, или тие незаеле да зборат?

anonymous ти шо викаш ако пиеме друго освен вода и џус иаме шанси?;);)
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Значи ради ебаната карпа ќе морам да одам низ островот по некои чудни патови со рент а кар. Не ми се верува.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
316
Поени од реакции
300
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.465
Поени од реакции
17.964
Значи ради ебаната карпа ќе морам да одам низ островот по некои чудни патови со рент а кар. Не ми се верува.
Ne e nuzno da iznajmis kola. Imas i avtobuski turi niz celiot ostrov, koi te nosat i nad Navagio, od kade imas pogled na plazata. Ne sum siguren dali bas na toa mesto, na taa karpa sto si ja postavil.
Na plazata se stiga so brod, turite im se po 20–25 evra, i te ostavaat maksimum saat ipol. Navagio e raj za ocite, no koga ke se najdes na 20 metarska plaza so 500+ dusi i 5 kruzeri, ke sfatis deka ocekuvanjeto i vozbudata ti propadnale. Vodata bese tolku prljava, sto ne ni vlegov vtor pat u voda. Za banjanje ako ti e, zemi si tura sto ke te odnese na Keri Beach i iznauzivaj se vo vodata i pesterite.
Da ne ti krsam film, ama Navagio mi bese najgolemoto razocaruvanje na odmor, zasto ocekuvav premnogu od taa plaza.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
hahahah
сеа не ни ми се иде а више уплативме.
Тоа англичанките неќат балканци, или тие незаеле да зборат?

anonymous ти шо викаш ако пиеме друго освен вода и џус иаме шанси?;);)
Барем нема да ти викаат you're boring :D
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
So pravime so grckata kriza, gi faka li ostrovite: ))

Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.465
Поени од реакции
17.964
So pravime so grckata kriza, gi faka li ostrovite: ))

Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
Во која смисла - дали ги зафаќа островите?

Доколку си носиш кеш во тебе и не планираш да вадиш од банкомат пари, тогаш би требало се да биде во ред.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
124
Поени од реакции
23
Таман да уплатиме за Закинтос излезе оваа кризава и сега не знајме шо да прајме а колку шо имам разбрано и цените на производите се покачиле
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Таман да уплатиме за Закинтос излезе оваа кризава и сега не знајме шо да прајме а колку шо имам разбрано и цените на производите се покачиле
Од каде разбра, да не беше ?
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.829
Некое инфо околу цени на прехрамбени продукти во Лаганас по маркети ? Одам во вторник, па да знам дали да се товарам со јадење од тука, или да не носам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom